Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Емилија и Иван ми направија ептен мерак вечерва и со изведба а пред се со избор на песна. :)
 
Греота ќе биде Мики да не победи.. Ѕвер е стварно.. Најдобар од сите дефинитивно!
 
МИКИ МИКИ МИКИ !!!!!!!!!! :)
 
Дај му денар на детете, не го лажи со цвеќе. Игор звер.
 
За сите што го сакаат Кико ( посебно девојките ) , да го знаевте во живо, и од многу порано, ко јас, незнам дали ќе го сакавте како што го сакате сега.
Кажи некоја пикантерија ко така :) и онака чисто информативно колку години е детево?
 
Мики :zver: - Најнастап вечерва !! Свака част мајсторе !

Ема бр.2 .. Ептен пријатно ме изненади вечерва.
 
претераа со развлекувањето.. на човек да му скисне веќе.. :(
нели може побрзо да ги поминат сите :tapp:
 
Од кај да почнам со рецензијава..:)

Ги молам Иванна и Ненад, ако го читаат ова или ако го чита некој нивен што ги познава да им пренесе дека се тапа невидена. Ненверојатно иритираат, а забелешките им се трагикомедија, ма немам зборови. Опрајте се!

Второ, добро е жирито почна да критикува. Така треба, мора да се даде насока кога некој нешто греши. Особено ме изненади Калиопи на која реченицата Прекрасен/на си и е стално во уста. Речиси во се се сложив со неа во однос на критиките.

Трето, како почна вечерта со чесен исклучок на Ивица мислев дека ќе биде тапа невидена. Дечкиве ми беа бледи и како да не даваа максимум. Нико не се трпи сериозно. Жалосно е ако мисли дека публиката е слепа и не препознава самобендисаност. НЕ му прилегале трите столчиња, немој молим те. На другиве демек им прилегаат. Директно ги навреди другиве дечки со тоа. Срамота. Колку и да испеал одлично мојот глас никогаш нема да отиде за него, затоа што гласот не е се. Односот, човечноста и скромноста се ретка карактеристика на уметниците. Овој го нема тоа. И добро го спушти Калиопи.

Кристијан ме изненади на лошо. Малиот е суперталентиран, на аудициите пееше растураше, но имам чувство дека заборави за што е таму отиден. Убаво дете, створена за на сцена, ама не е се во намигнувањето. Треба да пее, не да шармира цело време. Исто се согласувам со Калиопи на критиката за него. Може он подобро, многу подобро.

Од другиве, Виктор рака на срце беше одличен. Многу паметно направил аранжман кој му одговара и одлично ја изведе песната. Публиката го сака, само нозете на земја и далеку ќе турка.
Другиве беа тотално незабележливи. Јулијана беше ужас, Маја Оџаклиевска не дај Боже да гледала, ко што е остра на јазик има да ја изеде со критиките.

И најдоброто за крајот. МИКИ ЦАРЕ :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc: Ова е пеење, ова е изведба. Растури. И не само што пее, туку оперскиот дел од себе многу добро го прикрива. Само Тошка кај нас можеше да пее поп, рок и опера и човек да не се збуни што пее. И Мики го може истото. Башка скромен човек е. Се гледа. Дошол за да пее и пее. А гледам дека и дечкиве од Идолов ептен го сакаат, го фалеа дека е голем другар. Верувам дека е така, а тоа ме тера уште повеќе да го поддржувам. Гласав за него и веројатно ќе гласам до крај за него. Нема шанси да ме разочара.

И секако Иван. Браво за него. Цело време се чудев зашто е стегнат на сцена кога може многу подобро. Се покажа вечерва. Е ваков треба да биде до крајот.
Дефинитивно крајот го краси делото. Овие двајца го покажаа тоа.

Нешто што мислам дека е незаслужено ставено во сенка е бендот. Човече колку добар бенд е ова. на сите дечки им направиле посебни аранжмани кои им одговараат на сензибилитетот без да ја уништат песната. БРАВО! Башка Роки е ѕвер. Прекрасно пее.

И ако можам да додадам. Бидејќи е македонска вечер, очекував некој од момците да го испее најубавиот македонски евергрин - Чија си. Како може вечер на евергрини да помине без неа нема да ми биде јасно. И можеби требаше некој да му направи ќеф на Џамбазов и да ја испее Време за плачење.
 
лее реков зошто никој не ја пее Моја гитара и тааак задњиов се јави :D
 
За сите што го сакаат Кико ( посебно девојките ) , да го знаевте во живо, и од многу порано, ко јас, незнам дали ќе го сакавте како што го сакате сега.
Па да ти кажам искрено баш и не го сакаме многу. Најбитната работа што треба да ја имаш за да бидеш пејач он ја нема (глас). А башка и арогантен е. :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom