A си размислил ли зошто никој пред 18 години не размислуваше какво државјанство да земе кога си имаше Македонско?Само за во Грција ни требаа визи и никој не протестираше толку многу ако не ја добие.Тој што имал среќа да прошета низ Европа знае што е слобода и право на избор кое во сопствената Македонија го нема освен да стане послушен партијски војник за да преживее,инаку му преостануваат контењери.
Ако се сеќаваш, пред 18 години живеевме во една федерација која ја викавме Југославија. Во таа Југославија сите имаа убав живот, одевме на наше море (Јадран) со лична карта, немаше граници, Југословенскиот пасош беше ценет пасош, бевме држава. Ама во таа држава, наместо Југословени, се делевме на Срби, Хрвати, Словенци.... и тоа ни беше најважно. Имавме шанси да влеземе во ЕУ,ама кој ја е.е ЕУ, битно беше да имаме свои држави. Ја сјебавме Југославија, се поклавме меѓусебно, си ги затворивме границите.
ЕУ гледа примитивци, па си ја затвори границата додека не се опаметиме.
А денес имаме држава која никој не ја есапи. Многумина затајуваат данок, работат на црно, шверцуваат роба, перење пари....
Никој не сака да даде на државата, а сите бараме од неа, и нема од каде да помогне, па не ни чинела, ќе сме бегале од тука.
А таму каде ќе печалбариш има ред. Ќе ринташ ко скот, ќе јадеш конзерви, и кога ќе ги заработиш парите, ќе платиш данок на државата и ќе дојдеш. Па нормално, два пати да не те заебат, ќе гледаш да ги свртиш парите , а да не платиш ништо.
И државата не ја бива. Е па ај, како да ја биде?
Затоа е сиромаштијата.
Затоа и секогаш викам, дај прво да си го исчистиме дворот, да направиме нормално место за живеење, па да видиш дека други муабети ќе се вртат на форумов.