Добра околност за раководството на клубот од Градски парк е што им истекуваат договорите на сите играчи, но и на првиот тренер. Толку ќе им биде полесна работата во почетокот на "обновата".
Дојде време за средување на сметките во Градски парк. Тие, пак, не се нималку "чисти", напротив.
Има многу работи за средување кај нашиот баскет-великан, поточно она што во моментов се нарекува само Фершпед Работнички.
А се чини дека сето тоа се "отвори" и по втората, многу поболна загуба, онаа шампионската. Остана шампионот, бранителот на Купот на една голема "нула". За среќа, не беше "исчистен" во финалето против струмичани.
Но, очигледно е дека "метлата" мора да (про)работи во Градски парк. Нема друго, туку оној кој дава пари, конечно да застане на чело на клубот, да ја "сними" целокупната ситуација" и на крајот да "почне" да работи.
Нешто што не беше видливо во изминатите неколку сезони.
Не толку колку некоја доминација на клубот, туку пред с$ поради слабоста на другите екипи - клубови.
Лажната слика создавана со години наназад, можеби и цели седум кога за последен пат "шпедитерите" останаа со празни раце, конечно ја снема. Оние 4-1 ги вратија и Фершпед и Работнички во оваа наша реалност, која вели дека не се најдобрите во Македонија кога е во прашање кошарката.
Мора, и тоа исклучиво Фершпед, конечно, да почне да "мете", секако доколку не сака да ја срами историјата, с$ она што како клуб го дал Работнички во овие години наназад кога го правел својот имиџ, пред "излегувањето" на Јадранот, кое го чека за неколку месеци.
А каде да се почне ако не од "главата", затоа што не попусто рекле дека "рибата смрди од главата".
Јорданчо Давитков можеби многу му дал на Работнички. Но не може да му даде повеќе на Фершпед Работнички како шеф на стручниот штаб. Ако тоа се "покриваше" во последните две години, евидентно е дека полека ама сигурно ги загуби позициите. И тоа не само во клубот, Ја загуби поддршката во јавноста, кај "своите" во федерацијата...
Што е уште полошо, го загуби авторитетот кај играчите, не само во клубот (туку и во репрезентацијата), на чие чело, за жал, уште е, а добар дел од нив ги има и во клубот.
Алиби изјавите станаа негов зашититен знак. Како "папагал" повторуваше Давитков дека титулите ќе се делат во мај, дека тогаш Работнички Фершпед или за некои кои не знаат и само едно обично "Сковин", ќе бил оној вистинскиот и дека не треба да се грижиме за крајниот епилог.
За одеднаш сето тоа да се промени во тоа дека "с$ се врти околу Огнен Стојановски" , дека "Тасовски играл со инјекција", дека "Поповиќ и Костоски не биле на нивото, на висината на задачата".
Да го потсетиме Давитков, иако сум убеден дека има добра меморија.
Тој беше оној кој ги бираше играчите и во летниот, особено во зимскиот период, тој ја правеше селекцијата, впрочем за тоа е и платен.
А тој одлучи дека на Фершпед Работнички му треба играч како Филип Сунтурлиќ. Кога виде, поточно кога му кажа некој дека Сунтурлиќ не чини, реши да го врати Владимир Поповиќ. А тој му беше најдобар кога победија за првпат во Струмица. Долго се колебаше, на крајот и одлучи да го задржат Немања Пауновиќ. Навистина не беше така во случајот со Александар Костоски. Се бореа за потписот на младиот репрезентативен бек и успеаја во тоа оваа сега веќе мината зима. Ја добија битката со Вардар Осигурување за Марјан Србиновски.
Да не заборавиме на "препорака" на Давитков во Скопје дојде, но брзо си замина Предраг Јоксимовиќ, неговиот пријател, интересно но вистинито, од струмичките денови на дружење.
Тоа беа измените кои требаа да го донесат Фершпед Работнички до нови титули, нели тоа е работа на шампионот.
И одеднаш, само неколку минути по крајот, по крахот во Струмица, Давитков "мртов-ладен" вината за загубата ја најде кај Поповиќ и Костоски.
Со еден збор срамотно бранење од страна на некој кој е на најдобрите две тренерски места во Македонија. Го предводи најдобриот македонски кошаркарски колектив, плус е селектор на националниот тим.
Но, тоа е стилот на Давитков, кој веројатно никогаш нема да го промени, но за кој конечно ќе треба да плати.
И веројатно никогаш нема да има доблест да собере доволно храброст и да каже ОСТАВКА.
Поточно, убеден сум дека такво нешто никогаш нема да се случи. Па затоа, господине Наков, земете ја "метлата" в раце и почнете да го чистите хаосот во клубот во кој вложувате сите овие години наназад. А сигурен сум дека знаете од каде треба да почнете, од "главата" за да не "засмрди" оној "долниот дел од "рибата".
Играчите се тие кои ги одбрал Давитков и сигурно е дека преку ноќ не заборавиле да играат кошарка. Нешто сосема друго е како играат.
Па впрочем не бадијала рекле дека "како тренираш, така ќе играш".
А јас не сум убеден дека оние кои ги наброја Давитков во сите свои изјави во текот на сезоната тренирале доволно добро и квалитетно за да можат да се пофалат дека било така.
Можеби тоа "поминуваше" во последните две-три години. Но не и во оваа година на новиот и многу потежок пад на Фершпед Работнички.
Извор Македонски спорт....
www.sport.com.mk
Значи од сега понатака ако ставате информации од некој весник...пишете од кој весник!?