Се повтори 2000 година. Поминаа седум години по кои се повтори историјата. А таа вели дека Фершпед Работнички не освои ниту шампионска титула, ниту, пак, го освои пехарот наменет за победникот на Купот.
Ако во Битола застанаа во полуфиналето, "Шпедитерите" некако стигнаа до финалето на плеј-офот.
Арно ама налетаа на една и тоа како подготвена Струмица 2005. И многу, многу полесно од очекувањата го "предадоа" и вториот трофеј, оној многу поважниот, што се вика шампионски.
Фершпед Работнички не личеше на оној шампионскиот, која така суверено царуваше во изминатите пет-шест години.
"Докази" има мал милион, но испливаа на површината токму во оваа финална серија.
А којзнае, можеби немаше ни да стигнат до Струмица ако не го "начекаа" оној "пијан" Вардар Осигурување, полн со самозадоволство по освојувањето на Купот во Битола, делумно остварен и "преку грбот" на екипата од " Градски парк".
А зошто титулата(е) не останаа таму каде што беа?
Тоа е главното прашање, за кое треба детален одговор, од кој треба да се тргне од "наназад" поточно од најсвежите моменти, оние струмичките.
Иако цело време повторуваа дека "нивата е долга", дека за титулата се одлучува во мај, "шпедитерите" не успеаја да ги сокријат сите свои слабости.
Да признаат дека едноставно во моментов има и подобр(а) и екип(а)и од нивната. Почнувајќи од првиот тренер, па се до оние последни играчи во улога на навивачи, најчест случај, такви ги има многу кај сега веќе поранешниот шампион.
Арно ама не пројдоа ниту дваесетина дена од мајот, а веќе стана јасно дека Фершпед Работнички ќе биде детронизиран, поточно веќе е.
Алиби изјавите од типот дека екипата не била комплетна, дека немало организација, дека многу работи зависеле од Стојановски, дека на висината на задачата не биле Поповиќ, Костоски, едноставно "не држат вода". Пред се од причина што Работнички, како клуб број 1 во Македонија, не може и не смее да си дозволи играта да зависи од поединци. (НА МАЈКА МУ ТАКВОТО, СЕ ОНИ СЕ ЖАЛАТ НА НЕШТО... А НА НАС ШТО НЕ ОШТЕТУВАТ СУДИИТЕ НА СКОРО СЕКОЈА УТАКМИЦА)
Да, колективот е составен од поединци, но кога сите тие се во служба на истиот. Но, зошто тоа не е така, и кој треба да мисли за тоа?
Уште поинтересно би било прашањето до играчите, кој е најголемиот виновник за тоа што можеби и по имиња (и по квалитет) најдобрата екипа остана без ниту еден трофеј?
На крајот, на Фершпед Работнички му се случи "распад на системот" и тоа по вторпат во неговата историја, поточно кога се игра кошарка во самостојна Македонија. Момент кој најмалку се чекаше во "Градски парк".
Но вистината е дека колку вложуваш, толку ќе ти се врати. Фершпед Работнички не даде доволно за да ги покрие евидентните слабости, не само во ова финале. Впрочем, во нјголемиот дел од сезоната беше токму зад струмичани. Така и остана на крајот, апсолутно заслужено...