Македонската кошарка!

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
cekovski e igrac za kogo nema sansa da se najde zamena vo naseto prvenstvo i sigurno sekoj tim bi go posakal da go ima,a lukoil e tim so pogolem budzet od zvezda :)
 
iLe напиша:
Билла бонг збори глупости дали воопшто го знаес Чековски како што вика радикал мозе да казаме дека со Стак и Атнич се најдобри поединци во нашата репрезентација веке не го бива Врбица Стефанов .
пфффф дали го знам пффффф ти знаеш што прашуваш?:tapp:...па нормално дека го знам..и онака а и у живо...to e toимам седено со негоto e to...така да немој да прашуваш и забегуваш со зборовите....може ти не го знаеш ама јас го знамto e to..Знам како игра знам дека е добар ама сепак не ми прави кејф тоа што игра за Лукоил во не толку познатата Бугарска лига....може да игра во најдобриот клуб од Бугарија но сепак не е тоа тоа...to e to

и Иле ако имаш нешто да ми кажеш Мсн онлајн..ако сакаш да ти кажам нешто повеќе за Чековски:smir:
 
Billa Bong напиша:
Знам како игра знам дека е добар ама сепак не ми прави кејф тоа што игра за Лукоил во не толку познатата Бугарска лига....може да игра во најдобриот клуб од Бугарија но сепак не е тоа тоа...to e to



billa brat ama podobro da igra vo bugarija nego vo makedonija :) iskreno da si zborime bugarskata liga e 2 klasi podobra od makedonskata
 
DoolroX напиша:
Billa Bong напиша:
Знам како игра знам дека е добар ама сепак не ми прави кејф тоа што игра за Лукоил во не толку познатата Бугарска лига....може да игра во најдобриот клуб од Бугарија но сепак не е тоа тоа...to e to



billa brat ama podobro da igra vo bugarija nego vo makedonija :) iskreno da si zborime bugarskata liga e 2 klasi podobra od makedonskata
Па фала богу...нормално дека подобро да игра во Бугарија отколку во Македонија...скоро секоја лига е подобра од нашаваto e to...сакав да кажам дека го знам Чековски и дека не е којзнае што не велам дека нема да придонесе ако дојде во Работнички..ама незнам дали ке се носи многу добро со четворките...иначе имав постувано пред месец дена дека никој нејќел да дојде во Работничкиto e toтака да не се надевајте многу многу на тоа дека којзнае што ке се промениto e to
 
Billa Bong напиша:
DoolroX напиша:
Па фала богу...нормално дека подобро да игра во Бугарија отколку во Македонија...скоро секоја лига е подобра од нашаваto e to...сакав да кажам дека го знам Чековски и дека не е којзнае што не велам дека нема да придонесе ако дојде во Работнички..ама незнам дали ке се носи многу добро со четворките...иначе имав постувано пред месец дена дека никој нејќел да дојде во Работничкиto e toтака да не се надевајте многу многу на тоа дека којзнае што ке се промениto e to

oki ja samo za ligata sakav da ti kazam deka e podobra od nasata :) za ostanative igraci na negova pozicija sto igraat vo makedonski klubovi e izmislen igrac,a za vo jadranska liga ke vidime ako dojde ma da tesko ke bide da im se sprotistavi na niv :)
 
Треба да не победат уште еднаш...
"Сигурно е дека имаат голема предност. Но треба да не победат уште еднаш ако ја сакаат титулата. Не сум толку сигурен дека ќе ја слават титулата во нашата сала"- порачува Марјан Србиновски.
9C2FDE1BE93C12449524D8EC892081BF.jpg

Фершпед Работнички губи со неверојатни, но сосема вистинити 0-3 во големото финале на македонската кошарка против Струмица 2005. На исто толку чекори се далеку "шпедитерите" од одбрана на шампионската титула која љубоморно ја чуваат веќе пет сезони.

А како играа(т), мали се шансите и дека ќе ја одбранат. Пред с$ затоа што ќе им треба едно вистинско чудо. Да победат на дури четири натпревари по ред ако сакаат да ја "зашијат" и 14. шампионска ѕвездичка.

Но, без оглед на големата негатива, во "Градски парк" постои уверување дека една победа, уште вечерва (19.30 часот) може да донесе промени во серијата.

Марјан Србиновски е еден од оние кои најмногу веруваат во еден таков епилог на натпреварот број 4.

"Ќе излажам ако не кажам дека имаат голема предност. Сепак, 3-0 е 3-0. Но, тоа не значи дека е крај на серијата. Да потсетам, ќе ја добие онаа екипа која прва ќе дојде до четири победи. Математиката е јасна, а таа вели дека ако ја сакаат титулата, ќе мора да н$ победат уште еднаш"- појаснува еден од најискусните во домашниот состав на вечерашниот четврти дуел од серијата.

И на Србиновски му е јасно дека по три едноподруго порази ќе биде тешко да се одбрани титулата.

"Сега е најважно да дојдеме до 3-1, да ја продолжиме серијата. Потоа ќе зборуваме за другите работи. Да потсетам и уште една доста битна работа. Вечерва играме и за честа на клубот, најтрофејниот во Македонија. Едноставно, наша обврска е да победиме, да не дозволиме 4-0 или 'чистење'. Затоа и не сум толку сигурен дека ќе ја слават титулата во нашата сала. Ќе се потрудиме сите до еден да го одложиме тоа. Не сме го кажале последниот збор во ова финале. Има сили кај нас за најава на пресврт"- дополнува Србиновски.


ИГРАЧ ПОМАЛКУ ВО РОТАЦИЈАТА НА "ШПЕДИТЕРИТЕ"

До крајот без Стојановски

Огнен Стојановски нема да биде во составот на Фершпед Работнички до крајот на оваа серија, без разлика колку натпревари истата "ќе трае".

Обновената повреда на скочниот зглоб на левата нога на младиот плејмејкер на оној трет натпревар во неделата во Струмица едноставно не му го дава тоа.

"Жал ми е, но соиграчите вечерва ќе мора да победат без мојата помош. Навистина ми е тешко. Но, отокот е голем, болките уште поголеми и нема шанси да се промени нешто. Има големо истегнување на лигаментите. А тоа треба да се смири, бара мирување. Ќе навивам, не ми преостанува ништо друго" - констатира Стојановски.

Работнички никогаш не бил на 0-3

Многу негативни рекорди урнаа кошаркарите и стручниот штаб на "овој" Фершпед Работнички.

Освен што се пред загуба и на вториот трофеј, во досегашните 14 сезони, ниту еднаш досега, не само откако се игра до четири победи во финалето, "шпедитерите" не губеле со 0-3. Особено откако е воведен овој систем на играње во финалната серија.

Уште поинтересно е дека ниту една друга екипа, па дури и оние во НБА лигата, не успеале да стигнат една ваква негатива, што им дава уште поголеми шанси на струмичани да ја освојат својата прва шампионска титула.
 
СТРУМИЧАНИ СО НАЈВИСОКО МОЖНО НИВО НА САМОДОВЕРБА ПРЕД ВЕЧЕРАШННИОТ 4. ДУЕЛ ОД ФИНАЛЕТО
4-0, зошто да не?
"Нема никакви дилеми, одиме на победа во 'Градски парк' без оглед на тоа дали тоа некому одговора или не. Не сакаме никаков ризик на некое евентуално славење на следниот натпревар во Струмица"- вели Слободанчо Хаџивасилев.
39DC5F7E55C2AA40B3C345F9459EC1CD.jpg

Само уште еден чекор ги дели кошаркарите на Струмица 2005 од историски успех, освојување на шампионската титула, прва откако се игра кошарка за некој клуб од Струмица.

Само уште една победа им треба на струмичани за да дојдат до четвртиот успех во серијата со Фершпед Работнички.

И иако многумина се на мисла дека Струмица 2005 ќе влезе опуштено, без мотиви, барем најголем дел од нив според мислењето на Слободанчо Хаџивасилев се лажат.

"Се лажат сите оние кои мислат така. Дека ќе оставиме с$ да решаваме пред нашата публика во струмички 'Парк'. Напротив, нема никакви дилеми. Одиме на победа во 'Градски парк', без оглед на тоа дали некому одговора или не. Не сакаме никаков ризик на некое евентуално славење на следниот натпревар во Струмица"- вели крилото на "зелено-белите".

Хаџивасилев, некогаш дел од трофејната генерација на "шпедитерите", најдобро го знае тоа.

"Има, т.е. ќе има време за славење. Прво треба да ја одработиме оваа средба и тоа како што најдобро знаеме и можеме. Не, нема да биде лесно затоа што добро ги познавам околностите. Ќе се обидат с$ што е во нивна моќ, што се вели 'да се вратат од мртвите'. Сепак, доста работи зависат и од нас. Треба да го искористиме шокот во кој 'живеат' во овие последни неколку дена, поточно кога дојдовме до овие 3-0 со кои доаѓаме во Скопје. Тоа е предност која една сериозна екипа не смее да ја испушти, по никоја цена"- дополнува Хаџивасилев.

Токму Хаџивасилев е еден од ретките во составот на Стурмица 2005 кои & се радувале на титулата, и тоа како играч на Фершпед Работнички.

"Мислам дека како екипа созреавме во овие година дена, дека заслужуваме да бидеме шампиони. Вечерва ќе се обидеме да го потврдиме тоа и на теренот на нашиот најголем ривал. А кој нема таков трофеј, се надевам дека ќе го има уште вечерва"- заклучува стартерот кај струмичани.


ЕФТИМ БОГОЕВ ПОВИКУВА НА ВНИМАНИЕ

Не се крои капа на "нероден Петко"

"Одиме на овој натпрвар ама без ниту една калкулација, и не знам од каде тие излегуваат"- вели капитенот на струмичани. " Нас н$ интересира само победа и ништо друго. Па не за бадијала старите рекле дека не се крои капа на нероден Петко. Не сакаме предвреме да се радуваме. Свесни сме сите дека ни е потребна уште една победа. Кога ќе дојдеме до неа, тогаш може да почне славењето. Претходно, треба да влеземе крајно сериозно во натпреварот. Сигурно е дека во една вакви услови ни е полесно во однос на противникот. Но, да не се повторувам, нема лабаво. Ако тргнеме со таков пристап, не сме направиле ништо. Убеден сум дека нема да биде така, напротив..."
ФИНАЛЕ ПЛЕЈ-ОФ - МАЖИ

ДЕНЕСКА:

19.30 ч: Фершпед Р. - Струмица 2005 (0-3)

Сала " Градски Парк" - Скопје

Судии: Стојовски-Мицевски-Ивановски.

Делегат: Јосифовски
 
Фершпед Работнички и Струмица 2005 вечерва ќе го одиграат четвртиот финален натпревар од Космофон Супер лигата. Средбата се игра во салата “Градски парк“, со почеток во 19.30 часот.

Струмица 2005 води со 3:0 во победи во серијата “подобар од седум“, и има потреба од само уште една победа, за да стигне до својата историска прва шампионска титула. Вечерва Струмичани му гостуваат на големиот ривал, кој досега во финалната серија не ги покажа квалитетите, кои во претходните сезони му донесоа 13 шампионски титули и 7 национални Купови.

- Предноста на Струмица 2005 е голема, но ние нема да се предаваме. Сметам дека можеше многу лесно и резултатот да биде поинаков, доколку ги искористевме своите шанси на претходните два натпревари од финалната серија. Но, што е тука е. Ќе играме натпревар по натпревар, па ќе видиме како ќе се развијат нештата. Вечерва ќе одиме на победа, сметам дека имаме квалитет да победиме.
За жал, нема да можам да сметам на Огнен Стојановски, но останатите играчи се подготвенио да го дадат својот максимум. - изјави тренерот на Фершпед Работнички, Јорданчо Давитков.

- Направивме три големи чекори кон освојување на титулата, вечерва ќе се обидеме да го направиме и решевачкиот четврти. Имавме можност да ги гледаме видео снимките на претходните 3 средби, ги анализиравме сите наши негативни страни. Сметам дека вечерва попвторно ќе одлучи играта во одбраната. Сите играчи се подготвени, и очекувам добар настап. - вели Власиос Влаикидис, тренерот на Струмица 2005.

Епа вака најубаво ке биде Струмица уште денес да победи...to e toпатем да видам у живо како ке освојат:vozbud:....и сакам со 4-0 да го посрамотат Работнички па ке видиме...вечер ке се гледаto e to
 
е ќе се гледа.... ајде поздрав дечки! ја сега на сред жешко одам за Скопје за таман да стигнам , да се издушам и идемо :basket: да се надеваме на 4:0 :vozbud::vozbud:
 
epa 19-9 epa не се дава фершпед ако има време до крај ехеее... ете моментално еве сеа гледам како ги колат судиите за слободното оти промаши уште едно гратис му дадоа на србин.
 
24:15 :basket::basket::basket: не верувам од 3:0 накрај да изгубат 4:3 :basket:

ама струмица и се е можно хахаха
 
Го слушнафте ли коментаторот вели во офсајд Кицулис браво Ников
 
абе водителите ни се супер за никаде... :lol!:

35:29 :basket:
 
Работнички имаше плејмејкер

Апсолутно очекуван резултат. Доколку оваа средба ја имаше во обложувалниците, сигурно дека коефициентот за победа на Работнички ќе беше не поголем од 1.03. Ова го велам поради две причини:

* По три одлични победи, беше тешко за очекување дека мотивацијата на струмичките кошаркари ќе биде на истото ниво како во претходните натпревари. 3-0 е голема предност и која било екипа би одбрала да ја освои титулата пред своите гледачи отколку на гостински терен (без разлика на секогаш присутниот ризик).

* Пораз од 4-0 во една финална серија е тежок за поднесување, посебно за играчи од типот на оние во Работнички, од кои, поединечно гледано, речиси сите имаат по минимум 4-5 титули. Значи, неспорно беше дека нивната мотивација ќе биде далеку, далеку поголема.

* Значи, она што се претпоставуваше пред оваа четврта средба, се покажа точно. Работнички за првпат во серијата имаше плејмејкер кој одигра на посакуваното ниво (освен оние 10-тина минути на Стојановски, пред повредата на третиот натпревар), потоа Работнички имаше 5-6 расположени кошаркари, што придонесе релативно лесно да дојдат до оваа победа.

Серијата се сели повторно во Струмица, сега веќе и психолошкиот притисок ќе биде далеку поголем, иако дефинитивен факт е дека струмичани остануваат фаворити за титулата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom