Македонската кошарка!

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
lele znam deka ne e tema ova ali moram da vi go prezentiram posto na deckotot ocigledno mu bese moment na inspiracija (pijana malku do dusa ali ok e)i mene me dirna malce pa da go spodelime so vas.....

Radikalche: Објективно гледано, сите услови се исполнети да се прекине оваа љубов, љубов која можеби и трае премногу долго, еднострана, платонска љубов, љубов која носи само тага. Но, кога ке помислам на тоа да и ставам крај на оваа мака, си го поставувам прашањето, дали вредеа овие маки и страдања во минативе 13-14 години. А одговорот е СЕКАКО ДЕКА ВРЕДЕШЕ, и тоа ме враќа повторно кон старата ми болка, кон она што ми ја разранува душата, но се појавува една минијатур Radikalche: една минијатурна точка светлина на крајот на тунелот, светлина која ме одржува да бидам сеуште меѓу најзагрозените и повторно се раѓа онаа страст и верба на која сум осуден и на крајот излегувам иако со наведната глава, но сепак она познатото, наделку прочуеното АЈ ДОГОДИНА ми појавува искри во очите и ми влева некоја сигурност, сигурност дека од судбината не се бега. А судбуината рекла „Додека срцето чука и тревата расте Мзт Скопје ке живее во нас„

ako saka nekoj cel teks da go procita moze kaj nego na blog ako go znaete se razbira!!!!!!
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Фан на Струмица вети двесте литри млеко за титулата[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] По победата на Струмица 2005 во Скопје, кое и донесе водство од 2:0 над Фершпед Работнички во финалето на плеј-офот, околу 800 фанови ги пречекаа своите миленици на плоштадот Гоце Делчев со клупски обележја и со блех-музика. Веселбата траеше до зори, а еден загреан симпатизер на струмичките "зелено-бели" вети 200 литри млеко доколку Струмица ја освои шампионската титула, појаснувајќи: "По напорните борби кошаркарите да се капат во мир и во релаксираност".
По втората победа, во редовите на Струмица 2005 нема еуфорија. Тренерот Власиос Влаикидис, кој по двапати на ден работи со кошаркарите, за утрешниот трет натпревар вели:
- Ќе бидеме максимално подготвени за овој натпревар. Одиме чекор по чекор, за секој посебно. Се уште не е ништо готово и ништо не се знае. Ние навистина имаме мала предност, но тоа ништо не значи. Очекувам нашата публика да ни даде поддршка за овој трет натпревар, кој, за мене, е најважен.
Бранителот на титулата, Фершпед Работнички, никогаш досега не се нашол во ситуација да има негатива од 0:2 во победи. Мала олеснителна околност за Работнички пред најважниот меч од финалната серија беше четиридневната пауза која тренерот Давитков ја искористи за одржување комплетни тренинзи.
- Струмица има голема предност, а ние со игра како на претходните две средби не можеме да се надеваме многу. Сега сме комплетни, Стојановски и Веселиновски ќе имаат поголема минутажа и ќе се обидеме да сториме се за да дојдеме до победата - изјави Давитков, чии играчи се свесни дека со евентуален пораз можат да се збогуваат со титулата.
Натпреварот почнува во 17.15 часот меѓу двете одбојкарски куп-финалиња.

кој е овој што се нафатил на таква работа :lol!::lol!:
[/FONT]
 
A*1*T*E*A*M напиша:
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Фан на Струмица вети двесте литри млеко за титулата[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]

Што се 200 литри млеко? Ништо 4000-5000 денари. Мене Мзт да ми освои титула 200 литри Курвоазје ке донесам :)
 
ама не освои :lol!:

Стримица 3:0 повотрно судиите беа од кај Фершпед(ова немора да го напоменувам секогаш, си знаете) аама добрата игра на Флуелен во 3та четврита на крајот(2тројки) и една во последната секунда на ”Грне” изедначивме... и за на крај да победиме со 4 разлика :basket::basket::basket:

а верувале или не на почетокот од 4та четвртина 2мин. се молев :)
 
Тооо Струмичани честито 3-0 ....уште 4-от чекор ви фали за да ја земете титулата...Иако Работнички водеше на полувреме па и во 3-тата четвртина Струмица успеа да се врати и направи пресврт во последната четвртина..одлична игра на Симиќ од кај Работнички...тој беше и најзаслужен што во 3-тата четвртина Работнички водеше...со неговите два влеза и една тројка...почнав да пратам после полувремето така да незнам никој како играл во првото...видов само една одлична банана на Гоцевски над Србиновкиto e to..Добра атмосфера...бај д веј А1 си се молел и ти се исполнила желбата дека ти е роденден денесto e to
 
Radical Boy напиша:
Епа ке ве оставам вас селаните да се радувате на 200те литри мелко!!!
Радикал пер не почињај пак сеа...остај сеа нормално е да слават..и Мзт да ни тепаше и ние вака ке праевме...остај не се замарај to e to
 
аууу еден имало од село и ин го понудил тоа ц.ц.ц. 200л. -200 кој ти ги дава безпари за една титула :afro:

епа билла се исполнило шо да праам... на 2мин. не гледање што се случува на теренот се исплаќаше оваа..
 
Radical Boy напиша:
Епа ке ве оставам вас селаните да се радувате на 200те литри мелко!!!

Види сега Радикал, да ти објаснам една работа.
Ако си од Скопје, и се сметаш за граѓанин, тоа е твое право, почитувам!
Но, ме нервира кога така потценувачки ќе не наречеш селани. Тоа не е во ред! Јас на пр. Кога шетам по гробиштата во Струмица, си ги наоѓам претците едно 200 год. назад родени, и умрени во Струмица :).
Е, сега, точно е дека во 60-те направија некоја фабрика и се домакнаа во градот од селата, но тоа е друга приказна и не е за тука. Кај нас таа поделба е огромна.
Затоа, не генерализирај, да ме наречеш сељак за мене е навреда. А верувам и за уште некои кои пишуваат тука.
Инаку, по темата, мислам дека Струмица заврши денес голема работа, и е многу блиску до освојувањето на првата шампионска титула во историјата на кошарката во Струмица, но, треба да се добие уште еден натпревар.
Воедно, апелирам до сите да нема на форумов зајадливи коментари од било кого.
Струмичани, вие сте први во таа работа, заедно со битолчани. Вистинските љубители на спортот го ценат спортот како таков и не гледат непријател во никого. Непријатели гледаат само вжештените глави, разбравте?
Верувајте, ќе банирам перманентно. Измислете го постот пред да го напишете, не сакам да видам навреди, не сакам да видам зајадливост. Сите сте вие еднакви, вљубеници во кошарката. Утре игра репрезентацијата, замислете се малце.
Бидете умни!
 
ако не беше и Крстевски на крајот од 3/4 к*р ќе се извлечевме... а и на Фершпед само Тасовски им е играч, другите сите се гола вода...

оф топик: Струмикс за пртседник :lol!::basket::basket: :zver:
 
Струмикс напиша:
Види сега Радикал, да ти објаснам една работа.
Ако си од Скопје, и се сметаш за граѓанин, тоа е твое право, почитувам!
Но, ме нервира кога така потценувачки ќе не наречеш селани. Тоа не е во ред! Јас на пр. Кога шетам по гробиштата во Струмица, си ги наоѓам претците едно 200 год. назад родени, и умрени во Струмица :).
Е, сега, точно е дека во 60-те направија некоја фабрика и се домакнаа во градот од селата, но тоа е друга приказна и не е за тука. Кај нас таа поделба е огромна.
Затоа, не генерализирај, да ме наречеш сељак за мене е навреда. А верувам и за уште некои кои пишуваат тука.
Инаку, по темата, мислам дека Струмица заврши денес голема работа, и е многу блиску до освојувањето на првата шампионска титула во историјата на кошарката во Струмица, но, треба да се добие уште еден натпревар.
Воедно, апелирам до сите да нема на форумов зајадливи коментари од било кого.
Струмичани, вие сте први во таа работа, заедно со битолчани. Вистинските љубители на спортот го ценат спортот како таков и не гледат непријател во никого. Непријатели гледаат само вжештените глави, разбравте?
Верувајте, ќе банирам перманентно. Измислете го постот пред да го напишете, не сакам да видам навреди, не сакам да видам зајадливост. Сите сте вие еднакви, вљубеници во кошарката. Утре игра репрезентацијата, замислете се малце.
Бидете умни!
ja od licno iskustvo vi kazuvam deka ban ke vi stavi :) !!!! a ja i radikal ne navivame za reprezentacija,BOJKOTIRAME se dodeka ne se smenat nekoj raboti tamu, vi preporacala i na vas i vie da bokotirate,ako ne vi e jasno zasto prasajteme ke vi objasnam!!!:helou:
 
Струмикс напиша:
Види сега Радикал, да ти објаснам една работа.
Ако си од Скопје, и се сметаш за граѓанин, тоа е твое право, почитувам!
Но, ме нервира кога така потценувачки ќе не наречеш селани. Тоа не е во ред! Јас на пр. Кога шетам по гробиштата во Струмица, си ги наоѓам претците едно 200 год. назад родени, и умрени во Струмица :).
Е, сега, точно е дека во 60-те направија некоја фабрика и се домакнаа во градот од селата, но тоа е друга приказна и не е за тука. Кај нас таа поделба е огромна.
Затоа, не генерализирај, да ме наречеш сељак за мене е навреда. А верувам и за уште некои кои пишуваат тука.
Инаку, по темата, мислам дека Струмица заврши денес голема работа, и е многу блиску до освојувањето на првата шампионска титула во историјата на кошарката во Струмица, но, треба да се добие уште еден натпревар.
Воедно, апелирам до сите да нема на форумов зајадливи коментари од било кого.
Струмичани, вие сте први во таа работа, заедно со битолчани. Вистинските љубители на спортот го ценат спортот како таков и не гледат непријател во никого. Непријатели гледаат само вжештените глави, разбравте?
Верувајте, ќе банирам перманентно. Измислете го постот пред да го напишете, не сакам да видам навреди, не сакам да видам зајадливост. Сите сте вие еднакви, вљубеници во кошарката. Утре игра репрезентацијата, замислете се малце.
Бидете умни!

Вака Струмикс, луѓето и селаните не ги делам по тоа каде живеат туку по нивното однесување. Јас не реков дека Струмичани се селани, туку го оставив момакот и неговата клапа која се радува, замислете, на 200 литри млеко, кој на моето „Ако мзт освои....„ ми одговори „Ама не освои„ што прво тој ме испровоцира, зашто јас реков ако, идно време.

Била Бонг, гледај си ја ти твојата работа и не се мешај каде што не ти е место, зашто ЈАС НЕ ПОЧНАВ, ТУКУ САМО ОДГОВРИВ!!!!

Ти со 200те литри млеко.... Наздравје нека ти се
 
како прво не кажав дека на мене ке даде, а ти директно одговараш на мене , туку кажав на играчите ке ги частел... така да не праам повеќе муабет за такви работи... струмица си победи 3:0 и точка.
 
Јас знам каде ке ги даде, и јас не одгворив на тебе, туку кажав нешто што ти го искористи да ме испровоцираш. А тоа наздравје нека ти се...ако не го сфати, немам што понатака да зборам :)
 
Abe luge aman ne bidete tolku vatreni od nisto prajte nesto
Se raspravata za gluposti ke dael 200l mleko ili 200l sipki, ili ako osvoele mzt e ovaj vratil ne osvoile i aj sega karanje vreganje
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom