Македонската кошарка!

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Што ви беше разговоров?Да се утепате заедно?:pos:..
Струмица е се поблиску до финалето веќе води со 2-0 но ништо не се знае Пелистер следната ја игра на домашен терен во Битола може се да се случи ке видиме...
 
Вечерва, со почеток во 19 часот во скопската сала “Кале“, Вардар Осигурување ќе го пречека Фершпед Работнички во вториот дуел од полуфиналната серија во плејофот од Космофон Супер лигата. Шампионот води со 1:0 во победи по високиот триумф од 91:56, но “вардарци“ очекуваат денеска да одиграат подобро и да ја покажат играта, која им го донесе Купот на Македонија пред десеттина дена.

- Првиот полуфинален натпревар против Фершпед Работнички беше само лоша вечер за нас. Вечерва ќе се обидеме да го докажеме токму тоа. Сите играчи се здрави и подговтени, и вечерва очекувам сосема поинакво издание. Ќе одиме на победа, која ќе не врати во игра во полуфиналната серија. – изјави тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.

Фершпед Работнички одигра одлично на првиот меч, но двајца негови важни играчи, Веселиновски и Стојановски заработнија повреди. Тие ќе бидат вечерва во составот, но не се знае колку ќе може да одиграат.

- Имаме проблеми со повредените играчи. Сепак, доколку повеќето од нив може да настапат вечерва и успееме да ја повторите играта од првиот натпревар, очекувам победа. Вардар Осигурување е добра екипа и сигурно дека ќе направи се на де победи, но сметам дека доколку ние бидеме максимално концентрирани, победата нема да ни избега. – вели тренерот на Фершпед Работнички, Јорданчо Давитков.
 
Somebody напиша:
Ke ima li prenos na mtv ? znae li nekoj?
Да Мтв ке пренесува еден натпревар мислам дека ке даваат Пелистер-Струмица заради тоа што почнува од 18.30 а можно е и Работнички Вардар од 19.00
 
Фершпед Работнички е на чекор до пласман во финалето на македонското кошаркарско првенство. Актуелниот шампион го победи Вардар Осигурување како гостин со 65:54 во вториот полуфинален натпревар, и веќе води со 2:0 во победи во полуфиналната серија ”подобар од пет”.

Вардар Осигурување имаше мала предност во првиот дел, но во третата четвртина стапи на сцена младиот Александар Костоски, кој со серија од неколку тројки го иницираше пресвртот и создавањето на решевачката предност на неговиот тим. Костоски беше прв стрелец кај Фершпед Работнички со 18 поени.

- Одбраната го реши победникот на овој меч. Успеавме во вториот дел да го неутрализираме Морбан, што на крајот беше пресудно. Костоски беше одличен на овој меч. Тој успеа да ги повлече другите играчи со одличната игра, што беше импулс за победата. Сепак, водиме со 2:0, ќе треба да го добиеме и третиот меч. Не е се решено, иако имаме сериозна предност. – изјави тренерот на Фершпед Работнички, Јорданчо Давитков.

- Победата на Фершпед Работнички е потполно заслужена. Нашата игра во нападот беше слаба, потфрливме во шутот. Ќе се обидеме да одиграме добро во следниот натпревар, иако предноста на нашите противници е многу голема. – вели тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.

Свисслион Пелистер го совлада тимот на Струмица 2005 со 80:73 и го намали резултатот на 1:2 во победи. Пресудна за победата беше третата четвртина, кога Битолчани ја направија предноста, доволна за победа. Бранко Мирковиќ со 20 поени беше најефикасен во редовите на Свисслион Пелистер.

- Го изненадивме противникот со поставената игра. Мечот го одигравме без Голубовиќ, а пријатно изненадување беше и Даниел Захариевски. Тој одигра одлично и покажа дека на него може да се смета, и покрај малата минутажа која ја имаше досега. Сметам дека клучен беше моментот кога Богоев излезе од игра поради 3 прекршоци, потоа направивме предност од десеттина поени, која ја задржавме до крајот. – изјави тренерот на Свисслион Пелистер, Зоран Тодоровиќ.
 
Да се надоврзам на Санктимониус...Работнички покажа дека кога сака може....куп за куп сега во лигата го гази Вардар..сите очекувавме Вардар да оди натака но како што тргнале 2-0 за Работнички само на сон може да оди Вардар натака...Работнички е голем клуб со подобра клупа од Вардар може и затоа победи...одлична партија за младиот Костовски..го замени Стојановски во целост....како да не се осети отсуството на вториот бек на Работнички....Повторно ке удрам една забелешка на судиите...многу чекори повторно не досудени во корист на Работнички....Блажевски секој натпревар се утепува од праење чекори но кој да му ги досуди...после ова само едно ке кажам судиите ни се катастрофа:nesum:
 
Утре, со почеток во 19.30 часот, во салата “Градски парк“ се игра третиот дуел од полуфиналната серија “подобар од пет“, помеѓу Фершпед Работнички и Вардар Осигурување. Актуелниот шампион на Македонија, Фершпед Работнички, води со 2:0 во победи, и со евентуален триумф вечерва ќе обезбеди место во финалето.

- Водиме со 2:0, но тоа не значи дека сме веќе во финалето. Имаме голема предност, свесни сме за тоа, но ќе мора да одиграме добро, доколку сакаме да го поминеме Вардар Осигурување. Јас верувам во наш успех, меѓутоа играчите ќе мора да бидат максимално подготвени. - вели тренерот на Фершпед Работнички, Јорданчо Давитков.

Се уште не се знае дали на овој натпревар ќе настапи Огнен Стојановски, кој го повреди скочниот зглоб на првата средба. Проблеми со повредите има и Вардар Осигурување. Александар Софкоски е повреден и нема да игра до крајот на сезоната.

- Предноста на нашиот противник е многу голема. Моите играчи ќе направат се, што е во рамките на нивната моќ, да одиграат добро и да извојуваат победа, но нашето заостанување од 0:2 во победи е преголемо. - изјави тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.
 
Судиите се жив пропаст во Македонската Кошарка:helou::helou:
 
Billa Bong напиша:
- Предноста на нашиот противник е многу голема. Моите играчи ќе направат се, што е во рамките на нивната моќ, да одиграат добро и да извојуваат победа, но нашето заостанување од 0:2 во победи е преголемо. - изјави тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.

Епа преголемо е кога ги води неписмен тренер како тебе. Со такви иднивидуалци, со убедливо најјакиот тим во лигата, со таква, клупа, со толкав буџет и на крај се усраа. Се кренаа во облаци после освојувањето на купот. Ама Вардар не би можел да биде врвна екипа поради 3 причини:

1. Многу слаб тренер
2. Нема база на навивачи и
3. За 3 сезони сменија 4-5 сали, што секако се одразува на константоноста на екипата и Вардар нема предност на домашен терен без оглед на тоа кој им е противник
 
Radical Boy напиша:

Радикал..тоа еto e toтака е кај нас..
Вардар има буџет ама нема сала:tapp:..одлични играчи кој незнае тренерот во целост да ги искористи..
 
Шампионот Фершпед Работнички го совлада Вардар Осигурување со 88:67 и ја доби полуфиналната серија со 3:0 во победи. Во финалето Фершпед Работнички ќе се сретне со Струмица 2005.

Шампионот започна колебливо, но му беше доволна само добрата игра во финишот на втората и во текот на целата трета четвртина, за да го совлада грогираниот противник, кој не понуди повеќе отпор. За ”вардарци” заврши сезоната, во која стигнаа до Купот на Македонија.

- Имавме несигурен старт, поради тоа што пред нас беше императивот да се победи по секоја цена, додека нашиот противник беше ослобооден и знаеше дека нема што да загуби. Но, кон крајот на првиот дел и во 3. четвртина ја подобривме играта во одбраната, и се си дојде на свое место. Сметам дека во оваа полуфинална серија се виде разликата помеѓу двете екипи, за разлика од полуфиналниот меч во Купот. - изјави тренерот на Фершпед Работнички, Јорданчо Давитков.

- Победата и пласманот во финалето на Фершпед Работнички се сосема заслужени. По освојувањето на Купот и поразот во првиот полуфинален дуел со 35 поени разлика, ние доживеавме голем пад и шок, од кој не се опоравивме. Сепак, задоволен сум од оваа сезона. Планираме да го задржиме овој играчки кадар, и со соодветни засилувања догодина да атакуваме и на шампионската титула. - вели тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.

Само едно ке кажам срамота Вардар треба да се засрами
 
Zs da se zasrami?
 
iLe напиша:
Затоа што има најдобра клупа најдобри играчи....тепаа во купот а сега изгубија 3-0:nesum:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom