Шампионот Фершпед Работнички го совлада Вардар Осигурување со 88:67 и ја доби полуфиналната серија со 3:0 во победи. Во финалето Фершпед Работнички ќе се сретне со Струмица 2005.
Шампионот започна колебливо, но му беше доволна само добрата игра во финишот на втората и во текот на целата трета четвртина, за да го совлада грогираниот противник, кој не понуди повеќе отпор. За ”вардарци” заврши сезоната, во која стигнаа до Купот на Македонија.
- Имавме несигурен старт, поради тоа што пред нас беше императивот да се победи по секоја цена, додека нашиот противник беше ослобооден и знаеше дека нема што да загуби. Но, кон крајот на првиот дел и во 3. четвртина ја подобривме играта во одбраната, и се си дојде на свое место. Сметам дека во оваа полуфинална серија се виде разликата помеѓу двете екипи, за разлика од полуфиналниот меч во Купот. - изјави тренерот на Фершпед Работнички, Јорданчо Давитков.
- Победата и пласманот во финалето на Фершпед Работнички се сосема заслужени. По освојувањето на Купот и поразот во првиот полуфинален дуел со 35 поени разлика, ние доживеавме голем пад и шок, од кој не се опоравивме. Сепак, задоволен сум од оваа сезона. Планираме да го задржиме овој играчки кадар, и со соодветни засилувања догодина да атакуваме и на шампионската титула. - вели тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.
Само едно ке кажам срамота Вардар треба да се засрами