Македонска vs странска музика

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување

Каква музика најчесто слушате?

  • македонска музика

    Гласови: 20 26,3%
  • странска музика

    Гласови: 56 73,7%

  • Вкупно гласачи
    76

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Каква музика повеќе слушате македонска или странска. Значи не е важно каков стил на музика е таа што ја слушате, туку само дали е made in Macedonia, или пак доаѓа од останатиот дел од светот?
 
Претежно слушам странска музика, но не се ограничувам себе, сакам да слушам и македонска музика, има добри македонски песни. Жалосно е што квалитетот во Македонија се повеќе опаѓа или не може да дојде до израз.

Јас сакам добра песна, не ми е важно од кој жанр и од кое говорно подрачје е.
 
Бидејки метлот,рок, спаѓаат во странските и странско ке одберам. Но има и период кога се ограничува како што вика Крејзи Ин Лав, и сакам да слушам понекогаш и Македонско.
 
Повеќе сакам да слушам странска музика, и повеќе и слушам од проста причина што кај нас се помалку и помалку се вадат добри хитови. Ако слушам наша тоа ќе биде нешто постаро од пред година, две, а може и повеќе.
 
Странски повеќе слушам, повеќе ми се свиѓаат. Не правам исклучок, има и моменти кога слушам македонски песни...
 
Тежок избор бидејќи има голем број на наши луѓе кои прават одлична музика (Џајковски, Роботек и слични). Од друга страна пак странската сцена е поширока и побројна со квалитетни имиња, но доколку го занемариме тој факт и се осврнеме само кон квалитетот, дефинитивно не би знаел за што да се одлучам.
Само поради тоа што е наша, ќе гласам за македонската. :)
 
Македонија има музика?
Има, и тоа многу поквалитетна од онаа странската дрн дрн која по 3 недели веќе здосадува и секој ден излекува нешто ново.
 
Има, и тоа многу поквалитетна од онаа странската дрн дрн која по 3 недели веќе здосадува и секој ден излекува нешто ново.

Ставајќи ја квалитетната на страна, мислев дека ние водиме во вадење на нови пејачи/пејачки секоја недела, ама сум грешела.
 
Македонија има музика?

не, грешка!
Македонија има еден многу паметен бизнисмен, со маска на продуцент! Тој ваѓа цигани и клошари на сцена им ги купува гласовите и потоа заработува дупло повеќе пари од тоа што дал! Исто така учествува и на политички кампањи бидејќи таму ваѓа исто толку пари колку што би извадил со победата на неговите дечиња! Тој е македонскиот Тимбаленд, само што е 0, према него!
Резиме: Не дека слушам многу поп музика, ама она што е актуелно во македонија може да ви го оштети слухот, така што посигурно ми е да ја слушам странската музика, отколку да гледам како македонската (замислена) сцена полека пропаѓа!
 
“Изјавувам дека нашето претпријатие не треба да биде сфатено како поддржувач на паролата ‘Подобро странско него македонско срање‘, туку како избегнувач на било каква нискоквалитетна музика, без разлика на нејзиното потекло“ - noodle, PR на Noodle Enterprises Inc.
 
Ги слушам и двете, ама одбрав странска зашто таа повеќе ја слушам.Слушам претежно постара музика, затоа што таа повеќе ми се допаѓа.Од македонската сцена слушам некои ретро хитчиња од 90-те, по нешто од нашите подобри бендови и Тоше.Ова новово излезено од Јован Јованов и компанија воопшто не го слушам.
 
Повеќе странско зашто се лимитирани песните од добри македонски изведувачи кои повеќето јас што ги слушам се underground. Не сум чул некој добар Македонски рок во последно време освен некои гаражни бендови кои се се поретки со квалитет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom