Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Кај почнав,ми се натажи душата за тие времиња.Дину од кога ја немам споменато,колку само се радуваше од срце.Будимир исто така.Се сеќавам на секој момент што го имаше Озел во Кометал,таков центар еднаш се раѓа,идеја,техника,снаодливост,борбеност,жилавост...
Ја видов пред некој ден Мими Чупиќ и она беше борец,Кисељева херој на крило,Нацева и Маслова светско 97,Кастратовиќ и нејзините фантастични голови со грб завртена,81 гол,цепелините на Радуловиќ...Тоа беше тим,тоа беа времиња,златни времиња за женскиот ракомет.Данска светски првак со еден пораз-од Македонија :)
И да не го заборавам боксот на Гунар (Хипо) кога му го залепија на Кале,преполно кале :)

 
Аман бре... ме наеживте.
Озел беше феноменална, ама ние на среден бек и не сме толку слаби, Црвенкоска и Кресоја не се како неа, ама се доста солидни играчи. Најслаби ни беа позициите од десна страна, Е. Ѓорѓиевска игра уште од 16 години за репрезентација и пак никогаш не заиграла како што треба. Но ја повикаа Охоланга па ај ќе видиме како ќе изигра таа, имаше феноменални игри во минатото за репрезентација. Портјанко е лидер на нејзината екипа во Франција, така да може и од неа да очекуваме многу. Би ја спомнал и Бајрамоска, ќе кажам дека оваа сезона девојката се препороди, игра како луда, најдобра е и во репрезентација и во Металург, на последниот меч против Кале Кичево таа ги спаси од пораз и постигнала 15 гола иако до 40 минута губеле... На пикер Мечевска како да има пад во формата после враќањето во Македонија, а Младеновска како Бајрамоска доста напредува, но тоа не можам со сигурност да го тврдам, можеби Младеновска нема толку квалитетни играчи во екипа како Мечевска па затоа повеќе доаѓа до израз. Е на крила, на крила сме тапа... Пецевска ми делува дека сеуште нема заздравено од повредата како што треба, се повреди Ана Десподовска, се повлече Наталија Тодоровска, а самото тоа што тренерот експериментира со крилата и никако да најде решение говори какви проблеми имаме, посебно на десно крило... Па мајка му стара, од 1.000.000 женски во земјава ниедна не знае да шутне со лева рака од крило... бреее :)

Не можам да го поднесам копилево... оваа сезона направи чудо во ЛШ кога влета на терен и спречи играчка да постигне гол и казната му ја повлекоа... нема правда... :nerv:
 
Да не има некој информација за Клара Боева што се случи со неа????
 
Мислам дека е пензионирана... поради xxx причини.
 
Прекина да игра ракомет.Сега незнам што прави.Ако знае некој,нека пише :)
 
Клара Боева редовно имаше проблеми со повредите + сум слушал дека и не води баш некој спортски живот, но може да се само муабети, таква ни е државата, расипан телефон па и затоа не сакам да коментирам :) Битно е жива, има Facebook :)
 
Тешки муабети и извадија,нема врска :)
Да,не водеше спортски живот,видено,проверено,докажано.Ама имаше силен шут девојката,без никаква тактика.
 
Тешки муабети и извадија,нема врска :)
Да,не водеше спортски живот,видено,проверено,докажано.Ама имаше силен шут девојката,без никаква тактика.

Клара Боева беше одличен играч ама ја расипаа кога дојде во Кометал. Постојано беше на клупа и потоа и дојде повредата и едноставно си ја заврши кариерата.
 
Клара Боева е можеби најдобриот (ненатурализиран) бек што излезе од нашава земја... Но, не знам дали премногу рано ја фрлија во оган или па повредите си го направија своето па никогаш не ги покажа своите квалитети до крај, иако имаше и доста средби кои ги изигра на одлично ниво. Мислам дека е пензионирана веќе три-четири години, ако не и повеќе, денес би требало да има 29-30 години... Штета за таква ракометарка што никогаш не го прикажа она најдоброто и што прекина со активно играње ракомет на таа возраст... :toe:
 
Клара беше одлична кога имаше 16 години и на Гимназијада даваше голови од центар.Потоа имаше одличен настап на светско 97 во златната генерација со многу мала минутажа.Потоа беше со сила форсирана и многу девојки од генерацијата 81/82 останаа во позадина.Денес има 27/28 години и не игра веќе ракомет.
Според мене можеше,ама не сакаше.
 
Малечка е Елена,има 18 години,ќе дојдат нејзините 5 минути.Масивна е,има силен шут,борбена...и фали техника.Штета што Кометал така заврши,ќе ја изрезбаше во ремек дело.Сега мора некаде настрана да се штима.
Мене најголема болка ми е што не си ја купивме Озел.Се можам да преболам освен неа.

елена има 20 години (родена е 1990 година) и веќе е време да покаже што знае! не е повеќе мала... видете акопјан што му направи на кометал со играчи помали од 18 години.
е сеа за коцеска и јас да споменам нешто... воопшто не ни треба!!! никако!!! повеќе с,ета од што ќе направи нешто добро...
ако се приклучат ламбевска и локи во репрезентацијата можеме да се надеваме на успех...
па и правата постава и не ни е така лоша андреева, меческа (мада јас би ја ставил младеноска), пецеска, грозданоска (новеска) на десно крило, локи, портјанко и бајрамоска. сосема солиден состав... тука може да помагаат и кресоја и црвенкоска на бек, како и георгиеска (кога има ден), ламбеска (и во напад може да помогне и особено во одбрана). е сега за на крило... покрај пецеска и грозданоска, тука се и атанасоска м. и а. не знам зошто не ги вика, а за ристовска од шпанија мислам дека може да биде и повеќе од солиден прв избор, ама има некој проблем со рфм.
од помладите тука се срњакова и петкоска (треба почесто да се викаат во репрезентација на официјални средби за искуство оти тие се добра иднина)...
втор голман би требало да биде стојков (мислам дека има државјанство оти динеска е тапа)!!!
 
Види машала пораснала Елена :)
Епа имате право,треба да биде во ек сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom