Доколку нема некои промени во системот на ЕХФ во поглед на рангирањето на селекциите, шеширите за квалификациите за ЕП 2014 што ќе се одржи во Хрватска и Унгарија, би требало да изгледаат вака:
1: NOR, DEN, FRA, MNE, SWE, RUS, ESP
2: ROU, SRB, GER, ISL, NED, UKR, CZE
3: MKD, SLO, TUR, AUT, BLR, POL, SVK
4: SUI, ITA, POR, LTU, FIN
Разликата помеѓу нас и Чешка е само во пласманот на последното ЕП. Значи, за малку ни избегал вториот шешир, што и не е чудно со оглед на фактот што се гледаат резултатите од ЕП 2010, СП 2011 (на двете не настапивме) и ЕП 2012 (бевме последни).
Доколку ни се паднат Романија, Германија или Србија од втор шешир, реално нема да има што да бараме, иако и со останатите репрезентации не знам дали би имале некои големи шанси...За жал, мислам дека следи еден лош период за нашата репрезентација (знам дека и последниве години бевме слаби, ама има разлика од 2 до 3 шешир...не гледам многу шанси за нас вака...)