Македонска одбојкарска репрезентација-мажи

  • Креатор на темата Креатор на темата Тетекс фан ^
  • Време на започнување Време на започнување
Од денеска до недела во Струмица се игра претквалификацискиот турнир за ЕП... Во нашата група покрај Македонија се уште и репрезентациите на Шведска и Грузија. Сите натпревари Македонија ги игра од 18 часот и ке бидат пренесувани во живо на МТВ... Еве го целокупниот состав кој ке ги брани боите на Македонија кој е составен главно од интернационалци, единствено недостига Симовски

1. Дарко АНГЕЛОВСКИ либеро Вардар/МКД
2. Ѓорѓи ЃОРГИЕВ техничар Марек Унион/БУЛ
3. Ѓоко ЈОСИФОВ среден блокер АЦМ Агрономија/РОМ
4. Никола ЃОРГИЕВ коректор Малије Мили Пјанго/ТУР
5. Владо МИЛЕВ универзалец Ал Насра/ЛИБ
6.Филип ДЕСПОТОВСКИ техничар Динамо Букурешт/РОМ
7. Александар МИЛКОВ универзалец ПАОК/ГРЦ
8. Александар ЉАФТОВ универзалец Басрах/ИРК
13. Ристо НИКОЛОВ среден блокер Студенти/АЛБ
15. Вук КАРАНОВИЌ универзалец Ета/ФИН
17. Зоран ЃОРЃЕВСКИ среден блокер Шкендија/МКД
18. Васе МИХАИЛОВ либеро Тирана/АЛБ

стручен штаб
Жарко РИСТОСКИ селектор
Ѓорѓи ПЕТРОВ помошник тренер
Љупчо ПЕТРОВСКИ доктор
Виктор ЗАФИРОВСКИ физиотерапевт
 
Уствари во одбојкава сигурно имаат еден час во кој што учат како да се гушнат после секој поен.
 
Македонија успеа да се пласира на завршниот турнир во Полска. Ги победивме Азербејџан и Грузија со максимални 3-0 во сетови и единствено Шведска успеа да ни зеде сет 3-1. Жалното е тоа што репрезентацијата нема средства да патува во Полска и судбината е во рацете на спонзорите и државните институции... И покрај катастрофалната медиумска покриеност, играчите креирајки настани на фејсбук си канеа публика. Ниту една плаката во градот, ниту една реклама низ тв станиците и мала застапеност низ спортските списанија и веб портали, одбојкарите го дадоа максимумот на теренот и со три победи се пласираа понатаму. Еве сега отварам спорт и екипа и гледам нема ни а од апелот на одбојкарите кој повторно преку фејсбук бараат финансиска помош за да ја претставуваат Македонија во Полска...


Апел до сите институции, државни и приватни, медиуми, спортски и неспортски организации, бизнисмени, љубители и помагатели на спортот во Македонија: Македонската одбојкарска репрезентација нема средства за патувањето во Полска и Словенија... Покрај трите победи и првото место во групата.

Еве го фејсбук статусот на еден од репрезентативците зад кој застана буквално цела репрезентација....
 
Последно уредено:
Џабе ќе се шетаат до Полска. Полска и Словенија се далеку во одбојката од нас. Жално, ама вистинито. :/
 
Џабе ќе се шетаат до Полска. Полска и Словенија се далеку во одбојката од нас. Жално, ама вистинито. :/
Е ај, да не играат ако не?
Џабе се мачеле да изборат три победи во Струмица..
 
Или ќе не биде или воопшто нема да не биде
fqwfqfqfq.jpg

Објавено на: 12 May 2014
По големиот успех што го постигна нашата одбојкарска репрезентација на претквалификациониот турнир во Струмица, завршувајќи на првото место, сега се соочува со еден сериозен проблем. Имено, одбојкарската репрезентација не располага со никакви финансиски средства за да може да отпатува и да учествува на квалификациониот турнир во Словенија и Полска, кој ќе се одржи следните два викенда. Со евентуален позитивен резултат, Македонската репрезентација би изборила пласман на Европското првенство во Италија и Бугарија во 2015 година.

За овој проблем, кој што веќе постои подолго време, разговаравме со „струмичанецот“ и средниот блокер на репрезентацијата, Ристо Николов, кој беше еден од најдобрите играчи на претквалификациониот турнир во Струмица.

- Македонската одбојкарска репрезентација оствари три победи во првата фаза на квалификациите за Европското првенство 2015 година (Италија , Бугарија). Следни натпревари се со Полска, Словенија и Летонија, кои ќе се играат во Полска и Словенија следните два викенда. После тоа следува европската лига која ќе се игра во два града Струмица и Скопје, и два европски града Љубљана и Виена. Во група сме со Австрија, Словенија, Турција и Данска. За сите овие патувања и организации федерацијата не располага со никакви средства.

Одбојката во Македонија од секогаш била најмалку помогната од сите државни институции и сите бизнис сектори. Секогаш во преден план биле другите спортови, а сите го знаеме потенцијалот кој го има овој спорт и со колку малку средства може да се обезбедат нормални услови за работа и напредок на овој спорт во Македонија. Не само што репрезентацијата се мачи со условите, туку и има една Прва Македонска (импровизирана лига) која едвај почнува и завршува со неколку екипи. Ако не се превземе нешто конкретно во брзо време доаѓа до прашања дали воопшто ќе постои овој спорт на нашите простори.

Организациски работи како најслаба репрезентацијата и федерација, бидејќи работи само еден човек, ентузијаст, без кој не би постоело ништо во врска со овој спорт во Македонија. Помогнат од свои блиски пријатели успева само да го задржи името ОДБОЈКА во спортот во Македонија и колку да фигурира и како лига и како репрезентација. А репрезентацијата ја сочинуваат квалитетни млади играчи полни со потенцијал кои играат низ повеќе клубови низ Европа и Азија и постигнуват значајни резултати.

Поради ваквите реални проблеми, играчите и федерацијата постигнавме договор за информирање на македонската јавност со цел да ни се излезе во пресрет со сите можни средства кои и стојат на располагање на една држава, да не дојде до изумирање на овој спорт, рече Николов.

http://jugoinfo.mk/index.php?id=4262


ГО ДОПРЕВМЕ ДНОТО: МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НЕМА СРЕДСТВА ДА ГИ ПРАТИ ОДБОЈКАРИТЕ ВО ПОЛСКА И СЛОВЕНИЈА
Мај 12, 2014 Актуелно Актуелно, ОСТАНАТО, СПОРТ, ТОП ВЕСТИ 0 коментари


Македонската одбојкарска репрезентација и покрај трите победи против Шведска, Грузија и Азарбејџан во Струмица, со кои завршија на првото место од групата, нема средства да ги прати нашите одбојкари во Полска и Словенија каде треба да се одржуваат квалификационите натпревари за европско првенство.



Прочитајте што изјави репрезентативецот Ристо Николов за Актуелно24:



“Македонската одбојкарска репрезентација оствари три победи во првата фаза на квалификациите за Европското првенство 2015 година (Италија , Бугарија). Следни натпревари се со Полска, Словенија и Летонија, кои ќе се играат во Полска и Словенија следните два викенда. После тоа следува европската лига која ќе се игра во два града Струмица и Скопје, и два европски града Љубљана и Виена. Во група сме со Австрија, Словенија, Турција и Данска.

За сите овие патувања и организации федерацијата не располага со никакви средства. Одбојката во Македонија од секогаш била најмалку помогната од сите државни институции и сите бизнис сектори. Секогаш во преден план биле другите спортови, а сите го знаеме потенцијалот кој го има овој спорт и со колку малку средства може да се обезбедат нормални услови за работа и напредок на овој спорт во Македонија. Не само што репрезентацијата се мачи со условите, туку и има една Прва Македонска (импровизирана лига) која едвај почнува и завршува со неколку екипи.

Ако не се превземе нешто конкретно во брзо време доаѓа до прашања дали воопшто ќе постои овој спорт на нашите простори. Организациски работи како најслаба репрезентацијата и федерација, бидејќи работи само еден човек, ентузијаст, без кој не би постоело ништо во врска со овој спорт во Македонија.

Помогнат од свои блиски пријатели успева само да го задржи името ОДБОЈКА во спортот во Македонија и колку да фигурира и како лига и како репрезентација. А репрезентацијата ја сочинуваат квалитетни млади играчи полни со потенцијал кои играат низ повеќе клубови низ Европа и Азија и постигнуват значајни резултати.

Поради ваквите реални проблеми, играчите и федерацијата постигнавме договор за информирање на македонската јавност со цел да ни излезе во пресрет со сите можни средства кои и стојат на располагање на една држава, да не дојде до изумирање на овој спорт.”

http://aktuelno24.mk/go-doprevme-dn...a-gi-prati-odbojkarite-vo-polska-i-slovenija#

А спортските сајтови ги нема никаде...

Конечно и екипа

До каде дојдовме: Одбојкарите немаат пари да ги продолжат квалификациите!?
  • Автор: ekipa
  • Објавено: мај 12, 2014 17:49
odbojka-2-615x400.jpg

Македонската одбојкарска репрезентација на доминантен начин изминатиов викенд со три победи против Азербејџан, Грузија и Шведска ги почна квалификациите за ЕП 2015, пласирајќи се во следната фаза од натпреварите и пресметките со Полска, Словенија и Летонија.

Меѓутоа овој спорт кај нас едвај преживувајќи, оставен на маргините, сега се доведе во ситуација да не може да ги задоволи потребите и на најдобрата сениорка селекција, која во секој случај отсекогаш има одличен потенцијал и за европски рамки.

Репрезентативците ги очекуваат турнирите во Полска и во Словенија, но стручниот штаб и одбојкарите се доведоа во ситуација преку медиумите да бараат од државните институции и бизнис јавноста помош за да може да ги реализираат престојните патувања кои ги очекуваат следните два викенди.

„За сите тие натпревари и патувања федерацијата не располага со никакви средства. Одбојката во Македонија од секогаш била најмалку помогната од државните институции и сите бизнис сектори. Секогаш во преден план биле другите спортови, а сите го знаеме потенцијалот кој го има овој спорт и со колку малку средства може да се обезбедат нормални услови за работа и напредок на овој спорт во Македонија. Не само што репрезентацијата се мачи со условите, туку и има една Прва македонска (импровизирана) лига која едвај почнува и завршува со неколку екипи.Ако не се превземе нешто конкретно во брзо времедоаѓа до прашања дали воопшто ќе постои овој спорт на нашите простори. Организациски работи како најслаба репрезентацијата и федерација, бидејќи работи само еден човек, ентузијаст, без кој не би постоело ништо во врска со овој спорт во Македонија. Помогнат од свои блиски пријатели успева само да го задржи името ОДБОЈКА во спортот во Македонија и колку да фигурира и како лига и како репрезентација. А репрезентацијата ја сочинуваат квалитетни млади играчи полни со потенцијал кои играат низ повеќе клубови низ Европа и Азија и постигнуват значајни резултати.Поради ваквите реални проблеми, играчите и федерацијата постигнавме договор за информирање на македонската јавност со цел да ни излезе во пресрет со сите можни средства кои и стојат на располагање на една држава, да не дојде до изумирање на овој спорт“ – вели во изјава за интернет порталот „Актуелно24.мк“, репрезентативецот Ристо Николов.

Покрај продолжувањето на квалификациите репрезентацијата ја очекуваат и средбите од Европската лига, но и за нив е неизвесно колку ќе може да бидат соодветно организирани.

http://ekipa.mk/do-kade-dojdovme-odbojkarite-nemaat-pari-da-gi-prodolzhat-kvalifikatsiite/
 
Последно уредено:
Леле ова е вистински срам. А имате закажено учество во Европската лига. Европската одбоjкарска федерациjа ке наложи сериозни казни на македонската одбојкарска федерациjа ако откажат да учествуват во Европската лига и ке има сериозни забрани како стопиране на сите квалификации и за жени и за маже и за младински селекции. Жал за овие добри одбоjкари како Горгиеви, Jосифов, Симовски и сите други кои нема да имат шанси никога да постигнуват каков и да е успех со репрезентациjата. Па бедната Молдова ке учествува во наредното коло, а Македониjа има пари да гради паметници во центарот на Скопjе, а нема да си прати репрезентативците на квалификации. :facepalm:
 
Последно уредено:
Е ај, да не играат ако не?
Џабе се мачеле да изборат три победи во Струмица..
Реално да зборуваме немаме квалитет за првенство. Полска секое првенство е учесник, а добива и утакмици против одбојкарски јаки селекции како Бугарија, Србија... Победа против Шведска, Азербејџан и Грузија во одбојка е како ракомет да играме со Тунгузија, Танзанија и Тонга. :D
 
Aбе ја те разбирам потполно, ама сепак да се предадиш пред време, мислам дека и нема поента, па макар си обезбедил учество преку тие репрезентации.

Инаку одбојкарите ќе патуваат за Полска.
 
Реално да зборуваме немаме квалитет за првенство. Полска секое првенство е учесник, а добива и утакмици против одбојкарски јаки селекции како Бугарија, Србија... Победа против Шведска, Азербејџан и Грузија во одбојка е како ракомет да играме со Тунгузија, Танзанија и Тонга. :D

Добро пријателе и фудбал сме послаби од Англија, Франција, Шпанија и други па играме редовно квалификации... Минатите квалификации игравме втора фаза со Србија, Словенија па не се посрамотивме. Иако бевме десеткувани без три четири одбојкари покажавме срце изигравме максимално борбено... Не се откажавме... Зар не е срамота одбојкарите преку социјалните мрежи да бараат спонзори за да ја претставуваат Македонија... Нели е срамота да има пари за се и сешто, а да нема за спортистите кој се наши најголеми амбасадори... Па у ПМ имаме пари за евровизија или гејовизија како сакате, имаме пари за споменици, имаме пари за разни глупости, а за одбојката, за спортот немаме...[DOUBLEPOST=1399918831][/DOUBLEPOST]
Aбе ја те разбирам потполно, ама сепак да се предадиш пред време, мислам дека и нема поента, па макар си обезбедил учество преку тие репрезентации.

Инаку одбојкарите ќе патуваат за Полска.

Од каде информацијата ??
 
Добро пријателе и фудбал сме послаби од Англија, Франција, Шпанија и други па играме редовно квалификации... Минатите квалификации игравме втора фаза со Србија, Словенија па не се посрамотивме. Иако бевме десеткувани без три четири одбојкари покажавме срце изигравме максимално борбено... Не се откажавме... Зар не е срамота одбојкарите преку социјалните мрежи да бараат спонзори за да ја претставуваат Македонија... Нели е срамота да има пари за се и сешто, а да нема за спортистите кој се наши најголеми амбасадори... Па у ПМ имаме пари за евровизија или гејовизија како сакате, имаме пари за споменици, имаме пари за разни глупости, а за одбојката, за спортот немаме...[DOUBLEPOST=1399918831][/DOUBLEPOST]

Од каде информацијата ??
Па кога не играат во јаки клубови, нормално дека ќе немаат пари, а одбојката кај нас е неразвиена. И треба самите од ОФМ да бараат спонзори, а не играчите. Инаку пишуваше позајмиле автобус до Полска и од Полска идат во Словенија. Извор - Нова Македонија
 
Па кога не играат во јаки клубови, нормално дека ќе немаат пари, а одбојката кај нас е неразвиена. И треба самите од ОФМ да бараат спонзори, а не играчите. Инаку пишуваше позајмиле автобус до Полска и од Полска идат во Словенија. Извор - Нова Македонија

Што сакаш да кажеш дека играчите треба да си платат за да играт за репрезентација??? За вториот дел и јас тоа го кажувам... Треба федерацијата не играчите да бараат спонзори... А за тоа дека не играт во јаки клубови си грешка... Капитенот Никола Ѓорѓиев потпиша во Парис Волеј, екипа која беше вицешампион на Франција и како што знам го освои второто по ранк натпреварување во Европа како што е Лига Европа во фудбал. Брат му има понуди од Италија, Франција и некои други земји. Најдобар играч во Бугарското првенство и капитен на шампионот на Бугарија Марек од Дупница кој играше во Лигата на Шампионите. Ѓоко Јосифов како што прочитав најверојатно кариерата ке ја продолжи во Франција. Јовица Симовски игра во Ајачио, Љафтов, Милев и Марјан Урдов играт во Азија и така натаму... Играчите не се тие кој треба да си платат трошоци за пат, спиење, јадење кога тие ја претставуваат Македонија...
Инаку автобусот го позајмиле РК Вардар... Играчите на фејсбук се заблагодарија на помошта од РК Вардар... Благодарение на помошта од Самсоненко ке учествуваат на турнирот во Полска...
 
Првиот сет не го гледав ама беше 15-15 а изгубија 18-25 .:(Но,сега во вториов сет им враќаат со иста мерка.(y)Ѓорѓиев феноменален.
 
Koj prenesuva ?

едит: Најдов Полсат спорт, па и водиме :cuc::vozbud:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom