Или ќе не биде или воопшто нема да не биде
Објавено на: 12 May 2014
По големиот успех што го постигна нашата одбојкарска репрезентација на претквалификациониот турнир во Струмица, завршувајќи на првото место, сега се соочува со еден сериозен проблем. Имено, одбојкарската репрезентација не располага со никакви финансиски средства за да може да отпатува и да учествува на квалификациониот турнир во Словенија и Полска, кој ќе се одржи следните два викенда. Со евентуален позитивен резултат, Македонската репрезентација би изборила пласман на Европското првенство во Италија и Бугарија во 2015 година.
За овој проблем, кој што веќе постои подолго време, разговаравме со „струмичанецот“ и средниот блокер на репрезентацијата, Ристо Николов, кој беше еден од најдобрите играчи на претквалификациониот турнир во Струмица.
- Македонската одбојкарска репрезентација оствари три победи во првата фаза на квалификациите за Европското првенство 2015 година (Италија , Бугарија). Следни натпревари се со Полска, Словенија и Летонија, кои ќе се играат во Полска и Словенија следните два викенда. После тоа следува европската лига која ќе се игра во два града Струмица и Скопје, и два европски града Љубљана и Виена. Во група сме со Австрија, Словенија, Турција и Данска. За сите овие патувања и организации федерацијата не располага со никакви средства.
Одбојката во Македонија од секогаш била најмалку помогната од сите државни институции и сите бизнис сектори. Секогаш во преден план биле другите спортови, а сите го знаеме потенцијалот кој го има овој спорт и со колку малку средства може да се обезбедат нормални услови за работа и напредок на овој спорт во Македонија. Не само што репрезентацијата се мачи со условите, туку и има една Прва Македонска (импровизирана лига) која едвај почнува и завршува со неколку екипи. Ако не се превземе нешто конкретно во брзо време доаѓа до прашања дали воопшто ќе постои овој спорт на нашите простори.
Организациски работи како најслаба репрезентацијата и федерација, бидејќи работи само еден човек, ентузијаст, без кој не би постоело ништо во врска со овој спорт во Македонија. Помогнат од свои блиски пријатели успева само да го задржи името ОДБОЈКА во спортот во Македонија и колку да фигурира и како лига и како репрезентација. А репрезентацијата ја сочинуваат квалитетни млади играчи полни со потенцијал кои играат низ повеќе клубови низ Европа и Азија и постигнуват значајни резултати.
Поради ваквите реални проблеми, играчите и федерацијата постигнавме договор за информирање на македонската јавност со цел да ни се излезе во пресрет со сите можни средства кои и стојат на располагање на една држава, да не дојде до изумирање на овој спорт, рече Николов.
http://jugoinfo.mk/index.php?id=4262
ГО ДОПРЕВМЕ ДНОТО: МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НЕМА СРЕДСТВА ДА ГИ ПРАТИ ОДБОЈКАРИТЕ ВО ПОЛСКА И СЛОВЕНИЈА
Мај 12, 2014
Актуелно Актуелно,
ОСТАНАТО,
СПОРТ,
ТОП ВЕСТИ 0 коментари
Македонската одбојкарска репрезентација и покрај трите победи против Шведска, Грузија и Азарбејџан во Струмица, со кои завршија на првото место од групата, нема средства да ги прати нашите одбојкари во Полска и Словенија каде треба да се одржуваат квалификационите натпревари за европско првенство.
Прочитајте што изјави репрезентативецот Ристо Николов за Актуелно24:
“Македонската одбојкарска репрезентација оствари три победи во првата фаза на квалификациите за Европското првенство 2015 година (Италија , Бугарија). Следни натпревари се со Полска, Словенија и Летонија, кои ќе се играат во Полска и Словенија следните два викенда. После тоа следува европската лига која ќе се игра во два града Струмица и Скопје, и два европски града Љубљана и Виена. Во група сме со Австрија, Словенија, Турција и Данска.
За сите овие патувања и организации федерацијата не располага со никакви средства. Одбојката во Македонија од секогаш била најмалку помогната од сите државни институции и сите бизнис сектори. Секогаш во преден план биле другите спортови, а сите го знаеме потенцијалот кој го има овој спорт и со колку малку средства може да се обезбедат нормални услови за работа и напредок на овој спорт во Македонија. Не само што репрезентацијата се мачи со условите, туку и има една Прва Македонска (импровизирана лига) која едвај почнува и завршува со неколку екипи.
Ако не се превземе нешто конкретно во брзо време доаѓа до прашања дали воопшто ќе постои овој спорт на нашите простори. Организациски работи како најслаба репрезентацијата и федерација, бидејќи работи само еден човек, ентузијаст, без кој не би постоело ништо во врска со овој спорт во Македонија.
Помогнат од свои блиски пријатели успева само да го задржи името ОДБОЈКА во спортот во Македонија и колку да фигурира и како лига и како репрезентација. А репрезентацијата ја сочинуваат квалитетни млади играчи полни со потенцијал кои играат низ повеќе клубови низ Европа и Азија и постигнуват значајни резултати.
Поради ваквите реални проблеми, играчите и федерацијата постигнавме договор за информирање на македонската јавност со цел да ни излезе во пресрет со сите можни средства кои и стојат на располагање на една држава, да не дојде до изумирање на овој спорт.”
http://aktuelno24.mk/go-doprevme-dn...a-gi-prati-odbojkarite-vo-polska-i-slovenija#
А спортските сајтови ги нема никаде...
Конечно и екипа
До каде дојдовме: Одбојкарите немаат пари да ги продолжат квалификациите!?
- Автор: ekipa
- Објавено: мај 12, 2014 17:49
Македонската одбојкарска репрезентација на доминантен начин изминатиов викенд со три победи против Азербејџан, Грузија и Шведска ги почна квалификациите за ЕП 2015, пласирајќи се во следната фаза од натпреварите и пресметките со Полска, Словенија и Летонија.
Меѓутоа овој спорт кај нас едвај преживувајќи, оставен на маргините, сега се доведе во ситуација да не може да ги задоволи потребите и на најдобрата сениорка селекција, која во секој случај отсекогаш има одличен потенцијал и за европски рамки.
Репрезентативците ги очекуваат турнирите во Полска и во Словенија, но стручниот штаб и одбојкарите се доведоа во ситуација преку медиумите да бараат од државните институции и бизнис јавноста помош за да може да ги реализираат престојните патувања кои ги очекуваат следните два викенди.
„За сите тие натпревари и патувања федерацијата не располага со никакви средства. Одбојката во Македонија од секогаш била најмалку помогната од државните институции и сите бизнис сектори. Секогаш во преден план биле другите спортови, а сите го знаеме потенцијалот кој го има овој спорт и со колку малку средства може да се обезбедат нормални услови за работа и напредок на овој спорт во Македонија. Не само што репрезентацијата се мачи со условите, туку и има една Прва македонска (импровизирана) лига која едвај почнува и завршува со неколку екипи.Ако не се превземе нешто конкретно во брзо времедоаѓа до прашања дали воопшто ќе постои овој спорт на нашите простори. Организациски работи како најслаба репрезентацијата и федерација, бидејќи работи само еден човек, ентузијаст, без кој не би постоело ништо во врска со овој спорт во Македонија. Помогнат од свои блиски пријатели успева само да го задржи името ОДБОЈКА во спортот во Македонија и колку да фигурира и како лига и како репрезентација. А репрезентацијата ја сочинуваат квалитетни млади играчи полни со потенцијал кои играат низ повеќе клубови низ Европа и Азија и постигнуват значајни резултати.Поради ваквите реални проблеми, играчите и федерацијата постигнавме договор за информирање на македонската јавност со цел да ни излезе во пресрет со сите можни средства кои и стојат на располагање на една држава, да не дојде до изумирање на овој спорт“ – вели во изјава за интернет порталот „Актуелно24.мк“, репрезентативецот Ристо Николов.
Покрај продолжувањето на квалификациите репрезентацијата ја очекуваат и средбите од Европската лига, но и за нив е неизвесно колку ќе може да бидат соодветно организирани.
http://ekipa.mk/do-kade-dojdovme-odbojkarite-nemaat-pari-da-gi-prodolzhat-kvalifikatsiite/