Пред малку налетав во темата паштети, а сите јадиме освен нив и други меса и месни преработки и еве нова тема.
Памтам негде период до кај 95-96 год. сите салами, сувомеснати преработки и паштети кај нас беа 95% увоз од Србија, Хрватска и Словенија (уште еден доказ колку не есапеле тогаш дури и за најобични фабрики за прехрана, ама ај да не забегвам).Околу тој период единствени фирми ако добро памтам беа Солета и ПКБ (сегашен Пекабеско) ,МИК Свети Николе и МИС Глобус.Али стандард нашиве купувачи се шо е наше не е добро...неколку години после тој период мислам дека работите си дојдоа на место имаме домашни фирми и каков - таков избор.
Значи муабетот е ваши мислења кој од нашиве производители, фабрики за месо и месни преработки се најдобри.Нормално, некои се само преработувачи, некои и производители на сурово месо, дел се со, дел без своја малопродажна мрежа итн...
За свежо месо како квалитет, најмногу ги почитувам Мега.Исто и МИК за паштетите и сувомеснато.За второво и Меин и КарнеМ.Е сега овие последниве две се без свои месарници, ама па се со добра дистрибуција скоро во секоја поздрава продавница.