Македонска месна индустрија

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување

Чии месни производи најчесто конзумирате?

  • Промес

    Гласови: 5 16,7%
  • МИК Св. Николе

    Гласови: 7 23,3%
  • Мис Глобус

    Гласови: 3 10,0%
  • Солета

    Гласови: 1 3,3%
  • Жи-Ва

    Гласови: 1 3,3%
  • Римес

    Гласови: 2 6,7%
  • Екстра Меин

    Гласови: 2 6,7%
  • Некој друг производител на месни преработки(наведете кој)

    Гласови: 9 30,0%

  • Вкупно гласачи
    30
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Испровоциран од лошиот кулен кој го имав за доручек, паднав во мисла што се` се сервира на нашиот пазар. Затоа се решив да отворам тема токму за месната индустрија во Македонија, сепак да не се сфатиме погрешно. Не плукам по нив, само сакам да видам ваше мислење, ваши искуства, од кој производител најчесто конзумирате, од кој производ сте најзадоволни и сл.

Ај и една анкета ќе ставам, за да видиме од производител на месо и месни преработки најчесто конзумирате производи.
 
Од кој производител беше куленот ???

п.с додади ги Шеровски.
 
Едно време јадев паштети од Мик Св.Николе.Сеа не.

И омилени ми се производите од УКА.:)
 
Испровоциран од лошиот кулен кој го имав за доручек, паднав во мисла што се` се сервира на нашиот пазар. Затоа се решив да отворам тема токму за месната индустрија во Македонија, сепак да не се сфатиме погрешно. Не плукам по нив, само сакам да видам ваше мислење, ваши искуства, од кој производител најчесто конзумирате, од кој производ сте најзадоволни и сл.

Ај и една анкета ќе ставам, за да видиме од производител на месо и месни преработки најчесто конзумирате производи.

Имам другарче што било на пракса во две од нашите месни индустрии,од НАЈПОЗНАТИТЕ...Повеќе нема каснато паштета,месни нарезак итн итн..Ми вика цитирам „Другар, кога видов на каков нехигиенски начин ги прават, и од што месо ги прават, повеќе нема шанси да пробам“..Епа сега оценете:):wink:
 
Од кој производител беше куленот ???

п.с додади ги Шеровски.


:)
МИК Св. Николе.

Ајде значи да одиме,
Повеќето пилешки производи(стекови, пилешки гради, пилешка шунка) ги земам од Промес. Освен добар избор на пилешко, имаат и добар избор на свежо месо.

МИК Св. Николе имаат добар кулен, добра чајна, добра мартадела. И печеницата им беше добра, но сега поради зголемена побарувачка, гледаат што побрзо да ја пласираат на пазарот па затоа, веќе не е тоа што беше. Не е доволно подготвена, само ја чадат и ја пуштаат во продажба, затоа после два-три дена, се забележува како печеницата буквално се ''цеди''.

МИС Глобус, па од кога памтам за себе... конзумирам нивни производи. Пораснав со нивната шунка. Секогаш имаат добар избор на салами, и можам да речам дека се едни од најдобрите преработувачи на месо во регионов.

Солета, уф. Имаат закон виршли, добра печеница и неповторлива сланина. Јас не ги конзумирам толку, али затоа стариот... :)


п.с.
Жива, Римес и Екстра Меин не заслужуваат место во мојот фрижидер. Ако ви се добри фалете ги, јас за тоа време идам да си напраам ладен сендвич, огладнев од толку објаснување.

п.п.с.
Паштети, месни нарезак и сл не јадам. И виршлите ги избегавам. Убаво ти кажал другар ти. Убаво. Да не им намалувам продажба, иначе ќе ти постирав тука рецепт/''моќнапезентација''( :pos: ) за паштета, со слики со се`.

п.п.п.п....с.
Шеро ми е другар, али не му праам реклама за безпари.:)
 
Имам другарче што било на пракса во две од нашите месни индустрии,од НАЈПОЗНАТИТЕ...Повеќе нема каснато паштета,месни нарезак итн итн..Ми вика цитирам „Другар, кога видов на каков нехигиенски начин ги прават, и од што месо ги прават, повеќе нема шанси да пробам“..Епа сега оценете:):wink:
Зависи кај бил на пракса - на пример мик Свети Николе за некои производи има HACCP сертификат што значи дека нема шанси таму да се работи нехигиенски... но сепак е Македонија - жив сведок сум на пример кога ракавиците кои првенствена улога им е да обезбедат хигиена на производот ги користеше да собира остатоци по подот и пак без да ги замени продолжи со работа, на прашање зошто прави така работникот одговори: Ами имам ракавици (како да ракавиците не пренесуваат микроорганизми)
 
Уф...јака тема,ми отвара апетит.Јас обично не бирам...месо си е месо,па од куче ако сака нека е,месо е:) Најчесто купувам од Промес,Римес и Меин
 
:)
МИК Св. Николе.
Френдли тип (и стручен) Веднаш да се јавиш во МИК ќе испратат некој да ги проверат производите на лице место.

п.с хаха шеро не го рекламираш а, ондак оди на шерка :)
 
Зависи кај бил на пракса - на пример мик Свети Николе за некои производи има HACCP сертификат што значи дека нема шанси таму да се работи нехигиенски... но сепак е Македонија - жив сведок сум на пример кога ракавиците кои првенствена улога им е да обезбедат хигиена на производот ги користеше да собира остатоци по подот и пак без да ги замени продолжи со работа, на прашање зошто прави така работникот одговори: Ами имам ракавици (како да ракавиците не пренесуваат микроорганизми)


А еве да не е гнасно,ама морам!Јадеш ОПАШКИ И УШИ ОД ПРАСИЊА?(сведок е другар ми, на пракса беше таму)Во саламите на една од нашите НАЈРЕНОМИРАНИ МЕСАРНИЦИ сомлено досега можи имаме многу изедено...
 
А еве да не е гнасно,ама морам!Јадеш ОПАШКИ И УШИ ОД ПРАСИЊА?(сведок е другар ми, на пракса беше таму)Во саламите на една од нашите НАЈРЕНОМИРАНИ МЕСАРНИЦИ сомлено досега можи имаме многу изедено...
Абе хаха знаеш што не се користи од прасињата ???? Само цвикањето при колење друго СЕ се користи - апсолутно се.
 
А еве да не е гнасно,ама морам!Јадеш ОПАШКИ И УШИ ОД ПРАСИЊА?(сведок е другар ми, на пракса беше таму)Во саламите на една од нашите НАЈРЕНОМИРАНИ МЕСАРНИЦИ сомлено досега можи имаме многу изедено...

Не само тоа... дури и ноктите им ги мелат
 
Виршли јадам само Птујски,свежо месо (и пилиња имаат свежи)купувам само од Мега ,а друго од сувомесно не јадам ништо па и не експериментирам многу.
 
Не претерувај аман, ноктите се контаминирани нив ги користат за производство на копчиња и слично.

A, во таканаречените посебни салами...ги мелат и ноктите и ушите и опавчињата
 
I ajde posle jadi salama:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom