Македонска месна индустрија

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување

Чии месни производи најчесто конзумирате?

  • Промес

    Гласови: 5 16,7%
  • МИК Св. Николе

    Гласови: 7 23,3%
  • Мис Глобус

    Гласови: 3 10,0%
  • Солета

    Гласови: 1 3,3%
  • Жи-Ва

    Гласови: 1 3,3%
  • Римес

    Гласови: 2 6,7%
  • Екстра Меин

    Гласови: 2 6,7%
  • Некој друг производител на месни преработки(наведете кој)

    Гласови: 9 30,0%

  • Вкупно гласачи
    30
Касно ручав, ама штом давате... ок. Ајде.
 
Претежно преработените месни производи ги јадам од мик св.николе ама најдобро месо што имам пробано и редовно го конзумирам е од АГРИА Велес.Навистина вкусно и пресно мевце ммммммммммммм...:vozbud:
 
Нема да дискутирам која месна индустрија е подобра ... друго е проблемот со квалитетот сувомесните производи односно дали тие се навистина сувомесни со оглед на недозволеното големо присуство на вода во нив, пошто било што да купиш исечи на парчиња и просто се цеди вода од нив (нов начин конзервирање или пљачкање), пред неколку години ги утврдија овие работи малку подзатегнаа летнаа неколку опомени и толку пак се врати на старо како и секоја работа кај нас.
 
Вода има или поради недоволното зреење или поради добивање на тежина/пари недозволиво за сувомесни производи но сепак контролите се мали и затоа е така.
 
temava ja napravivte za ako saka covek da se otkaze od suvomesnato ili ...
 
Пред малку налетав во темата паштети, а сите јадиме освен нив и други меса и месни преработки и еве нова тема.
Памтам негде период до кај 95-96 год. сите салами, сувомеснати преработки и паштети кај нас беа 95% увоз од Србија, Хрватска и Словенија (уште еден доказ колку не есапеле тогаш дури и за најобични фабрики за прехрана, ама ај да не забегвам).Околу тој период единствени фирми ако добро памтам беа Солета и ПКБ (сегашен Пекабеско) ,МИК Свети Николе и МИС Глобус.Али стандард нашиве купувачи се шо е наше не е добро...неколку години после тој период мислам дека работите си дојдоа на место имаме домашни фирми и каков - таков избор.
Значи муабетот е ваши мислења кој од нашиве производители, фабрики за месо и месни преработки се најдобри.Нормално, некои се само преработувачи, некои и производители на сурово месо, дел се со, дел без своја малопродажна мрежа итн...

За свежо месо како квалитет, најмногу ги почитувам Мега.Исто и МИК за паштетите и сувомеснато.За второво и Меин и КарнеМ.Е сега овие последниве две се без свои месарници, ама па се со добра дистрибуција скоро во секоја поздрава продавница.
 
Пекабеско ми е нај така бренд, други слабо, ок Мега и Промес може за живо месо
 
ЖиВа ми е најдобра за сирово месо, сите поголеми касапници свинското го набавуваат од кај нив, исто имаат и добри џимиринки и штипски колбаски. Мик имаше арни месни нарезоци едно време, Пекабеско не им е лошо сувомеснатото, останатите што знам ми се сите слични.
 
Сите се полни со сол, конзерванси и вештачки бои и ароми.
 
Римес ми се на прво место.
Имаат убаво месо, а и месните преработки им се супер.
Убаво спремена скара имаат во Промес, посебно увијачите им се закон :)
 
Причина за купување или некупување на производот е неговиот квалитет. Ако е добар ќе биде купуван. Проблемот со македонските производи е неуедначениот квалитет. Ќе го купиш еднаш и ќе биде добро, следниот пат веќе нема врска со првиот, квалитетот е 0.

Производи не може да се купуваат заради патриотизам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom