Македонска Kошаркарска Лига - Сезона 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Yeezus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па да. Ама ај ќе видиме ја си само фантазирам некоја своја логика се кажувам.
 
Да прашам за Купов. Дали при жрепката ќе има носитители (а ако така биде, ќе бидат Работнички и МЗТ бидејќи завршија на првите места во Лигата) или секој против би можел да се падне во полуфинале?
И има ли некој клуб што ќе се понуди да организира фајналфорот, освен Куманово кој тренерот спомна за пријава за организанирање или пак на МКФ трошок ќе биде?
Ако имаш пари и сала и ти можеш да го организираш, секоја година иде по конкурс се плаќа 400,000 денари мислам а ако има конкуренција по пат на лицитација се добива домаќинот.. мада ретко се дешава тоа а и ретко кој се нафаќа, памтам Торус коа се нафатија коа лупнаа цени по 200 денари коа имаше многу бунење па накрај за 50че се влагаше... Претпоставувам пак ќе биде негдека на страна освен СЦБТ ако не се решат да конкурираат.. мада мислам дека не им се исплати
 
Заврши колово, Фени, Работнички и Карпош очекувано со победи. Кожув очекував да победи, така и бидна, пред се дома играше и во залет се.
Следно коло рутински Работнички и МЗТ, Кожув според мене има поголеми шанси за победа против Фени, како што спомнав во залет се, Фени не се тоа што беа прва полусезона, а и во Јасмин ги победија пред една недела. Куманово - Карпош, исто повторно ќе се судрат. Според мене Куманово ќе победи, исто пред недела дена ги изрешетија со 20 разлика.
 
Во среда, на 4 февруари 2015, со почеток во 13:15 часот во Конгресната сала на СЦ „Јане Сандански“, ќе се одржи извлекувањето на полуфиналните двојки за Фајнл Фор турнирот во Купот на Македонија. Четирите учесници на Фајнл Фор турнирот се МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Куманово и Кожув.

Според Правилникот за Куп натпреварување, извлекувањето е полудиригирано со тоа што најдобропласираните две екипи по првиот дел на сезоната (МЗТ Скопје Аеродром и Работнички), можат меѓусебе да се сретнат само во финалниот натпревар. Фајнл Фор турнирот од 23-то издание на Купот на Македонија ќе се одржи на 21 и 22 февурари во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
 
Продажба на карти за дербиво на 14ти каде ќе има?
 
Циркузантски тимови...Браво за МЗТ,кои неспособни луѓе човече а треба да бидат пример за останатите бидејќи лани играа Еврокуп,еве веќе 3-та година играат АБА Лига. Ќе нема билети за утакмицата против Работнички,само аеродромци ќе можеле да присуствуваат. Исто и на Карпош Соколи,у недела ќе неможе човек да изгледа утакмица поради приватната забава на Стевчо Јакимовски. Ја мислев дека кошарка се игра за публика,ама очигледно други интереси владеат...Фени пред некоја година не чинеше кога забрануваше само гостински навивачи организирано и можеше секој да си купи карти од билетара,а сеа шо да се каже за овие тимови??
 
Стварно не ми е јасно која е поентата на ова...ок, политика на клубот, бла, бла и све тоа, али дискриминирачки е вака да постапиш. Дали воопшто ќе има да се купат карти? Ако не, што е со оние што ниту се за МЗТ ниту за Работнички туку сакаат да го проследат вечното дерби во мак-баскетот? Понатаму, зошто и навивачите на Работнички не би можеле да присуствуваат (сепак Ф.А. беа вгостени во Градски Парк).
 
На ЦПБ ќе му бидат доделени карти,но за неутралните фанови на кошарката нема да има у слободна продажба. Бедна одлука од раководството на МЗТ,бедна...
 
Де бρе ќе си влезете од κај фемили и готова ρабота
 
Епилог на незавршеното коло.
Прво на тапет, дерби на дното. Сефте победа на Водњански. Иако очекував Струмица да победи, сосем спротивното. Буш им се покажа како вистинско засилување против екипи од долниот дел на табелата.
Второ изненадување
Најмалку очекував Гоце да го победи Куманово. Кумановци настапувале без неколку стандардни играчи, Штипјани максимално го искористија. Честитки на победата.
Трето изненадување
Првото дерби очекував резултат каде Карпош и Фени ќе се јадат резултатски. Карпош во секој поглед одиграа одлично, одличен избор на засилувањата. Кај Фени, Симиќ си беше во елемент.
 
Стварно не ми е јасно која е поентата на ова...ок, политика на клубот, бла, бла и све тоа, али дискриминирачки е вака да постапиш. Дали воопшто ќе има да се купат карти? Ако не, што е со оние што ниту се за МЗТ ниту за Работнички туку сакаат да го проследат вечното дерби во мак-баскетот? Понатаму, зошто и навивачите на Работнички не би можеле да присуствуваат (сепак Ф.А. беа вгостени во Градски Парк).
Како нема да бидат? Рекоа дека ќе им дадат ист број на карти како што доби ФА. Е сега дали ќе им стаат плексиглас околу или кафез не знам.
 
НЕ УБИЈА...втора четвртина 38-14 :oops:. Единствена четвртина со поголема разлика ми текнува во 2007/8 сезоната кога Фени играше во Кавадарци против Пелистер,првата четвртина ја добија 41-17 :D Толку па се да му влезе,страшно...Башка и Фени беа тотално индиспонирани во нападот,јбг...
 
Како нема да бидат? Рекоа дека ќе им дадат ист број на карти како што доби ФА. Е сега дали ќе им стаат плексиглас околу или кафез не знам.
Да да, немаше такво инфо или јас не сум видел, ме цитираа погоре. :)
Сепак, останува глупост ова со личните карти, според мене.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom