Е па, од вечерва и официјално и математички не можеме да бидеме топ 2 во групава.
Така да Боби
Двава цитати се од подолг пост каде од денешен аспект сметам дека малце пренервозно и необјективно сум гледал на целата ситуација.
Сум заборавил да додадам "Исто така и ако во некој момент се случи да го имаме најголемиот пораз во историјата на нашата репрезентација да си даде отказ"
Ама ете, тогаш сум бил за една година помлад, понеискусен и поглупав па ни на крај памет не очекував дека можно да изгубиме натпревар 7-0 во групава.
Тоа е.
Ова ќе остане како најлош проект на репрезентацијата до сега, бидејќи претходно проектите ни биле "Да пробаме да фатиме трето место" па сме завршиле четврти.
Ќе му ги простам квалификацииве на Боби ако излезе некогаш на интервју и каже:
"Како мал паднав на глава. Поради ова многу често ми се случува да губам контакт со реалноста. Па така, кога кажав "лигата на нации не е битна; битни се квалификациите", сметав дека после лигата на нации ќе бидеме во група со Сан Марино, Лихтенштајн, Луксембург, Малта и Естонија. Затоа реков дека ќе бидеме јаки во квалфиикациите. Ни на крај памет не ми текна дека Англија, Италија и Украина ќе ни се паднат.
Исто така, поради гореспоменатата повреда на главата, често ми се случува да заборавам што се случило во минатото. Па така кога реков "Лесно е да се пласираш во ЕП против слаби противници, ова е посериозен предизвик", сметав дека Мрме во лигата на нации играше во група со Бразил, Аргентина и Германија, а не со екипи од рангот на Бугарија, Грузија и Гибралтар, кои впрочем беа моите противници.
Воедно, сакам да кажам дека поради сериозната повреда на главата кога ми се случи како мал, морав да пропуштам неколку часови во прво и второ одделение на училиште, па така никогаш не научив да бројам до 10. Кога сфатив дека изгубивме 7-0 од Англија, сметав дека седум оди одма после 1, па не сметав дека е многу сериозен поразот од 7-0 и не сметав дека треба да си дадам оставка.
Воедно, никогаш не научив глаголи, предмети, придавки и останати типови на зборови, па така, дури завчера сфатив дека зборот "задоволен" не означува чуство на несреќа, грозење и лошење, туку значело нешто сосема спротивно! Па затоа, секогаш кога после порази од екипи од рангот на Бугарија и Азербејџан велев дека сум "задоволен" впрочем лошо се изразив. Се извинувам.
Воедно, уште еден ефект на мојата повреда е и тоа што често заборавам каде сум и каде се наоѓам. Па така, кога изјавив дека во мојата репрезентација нема да има место за играчи што влегуваат само од клупата и дека само ќе повикувам играчи што се редовни во своите екипи, тоа го кажав мислејќи дека се наоѓам на селекторската клупа на Англија, па оттаму и оваа реченица ми имаше логика. Јебига, после тоа ми текна дека сум селектор на Македонија и дека нормално главни играчи ќе ти бидат Елмас што влегува во 70 минута и Џани Алиоски што е слободен агент без екипа и нема играно фудбал месец дена. Се извинувам, не сум јас крив за мојата изјава, болеста ме збуни. Извинете уште еднаш.
И за крај, сакам да кажам дека пред некоја година бев на скаунтинг на млади играчи во Еквадор, каде се најдов со нашиот познат македонски актер Кирил Поп-Христов алијас Кили кој ме прошета низ убавините на Јужна Америка, а особен хајлајт на нашата средба беше кога отидовме во една мрачна и длабока шума каде пробавме оригинална ајахуаска. Тогаш, имав трип во кој сфатив дека космосот се шири секоја секунда, смртта е само почеток, а времето не е вистинско, односно минутите, секундите, месеците и годините се само социјален конструкт и концептот на време, години и часови не постои за ниту едно битие во универзумот освен за луѓето
Како за проблем, три денови подоцна имав еден прес каде што кажав дека очекувам да поминеме добро во квалификациите. Проблемот беше што сметав дека 30 годишниот Аријан Адеми, после 2 години ќе има...27 години, а дека 29 годишниот Алиоски ќе има 25. Па оттаму сметав дека со овие млади и надежни играчи ќе можеме да завршиме на една од првите две позиции во квалификациите.
Јебига, заборавив како функционира времето и ни на крај памет не ми текна дека играчите стареат и го губат квалитетот што го имаат.
Затоа реков дека очекувам да се пласираме, иначе глупо би било сега да се вадам на тоа дека играчите не се истите од пред пар години. Логично треба тоа да го знам... ама не го знаев во тој момент па затоа ветував пласман на ЕП преку квалификациите и дека лигата на нации не ми е примарен проект.
Се извинувам уште еднаш и се надевам дека во иднина оваа земја и целиот свет ќе биде поприфатлив за луѓе со ментални пореметувања како резултат на тоа што како мали паднале на глава, па сега како возрасни губат контакт со реалноста и не знаат што говорат.
Се извинувам и ви барам прошка."
Во тој случај... јбг, фудбал е, не е крај на свет, се дешава. Ќе донирам за помош на луѓе што кажуваат работи што немаат контакт со реалноста и ако треба ќе молам фирми да помогнат за помош на овие лица.
А ако не го каже ова... јбг, луѓе што ветуваат лажни работи што немаат врска со нормалниот свет не ми се по мерак, без разлика дали се политичари што ветуваат еден вработен од секое семејство и минималец 500 евра или селектори на репрезентации што во исто време веруваат дека "овој тим има квалитет за ЕП, ќе се пласираме, лигата на нации не е битна" и "Па сеа шо да праам тие се играчите, малце се, нема квалитет овој тим"