Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам за вас што се шанси? Да центрираме со надеж за гужва некоја или да шутираме од 25 метри локумчина за голманот?
Значи шанса е онаа на Чурлинов некни, на пример.
Не знам како да ви опишам, ама се познаваше дека и 180 минути да играат макс 1 гол можат да дадат и тоа нагрешка. Секоја нивна шанса беше далеку поопсна од нашата.
Автоматски споено мислење:

@Kamehameha

Никаде не реков дека треба да се смени Милевски. Цел муабет ми е дека преувеличувате дека е прајм Мурињо, а Мрме го правите втора лига тренер. Тоа ми е целта на цел муабет. Па прочитав на претходни страни некој имаше пишано не било неш кизнеј што да ја добиеш Германија на гости, се случувало пошто знаела секако Герм дека ќе биде прва. Што муабет е ова? Или ајде Мрме дека победи па ќе ги оспоруваме неговите успеси, со цел разликата помеѓу него и Милевски да биде поголема во вашите глави.
 
Последно уредено:
@Aleksandar91

Не кажа ти да се смени, јас кажав за да ти доловам дека она што го зборувам за Мрме не значи дека го преферирам другиов. Едноставно е, Мрме никогаш не знае(л) тактика да постави, ниту пак има План Б за било што, секој што поблиску соработувал со него ќе ти го каже тоа. Отиде ли малку натпреварот надоле, тоталка се губи човекот. Ангажманите негови после репрезентацијава ти се чист пример за она што го зборувам. Најсоодветна средина за Мрме е клуб како Работнички каде што ќе нема никаков притисок.

Инаку, тука зборувам за квалитет и фудбалско познавање што го имаат како тренери, резултатите не му ги оспорувам, како што не му ги оспорувам ниту на Џиџи Илиевски од пред 20 години. Ако имаш можност некогаш следи ги двајцава и ќе го увидиш истото. Боби Милевски е лош тренер, но многу подобро би се снашол од Мрме. Цела среќа што во тој период над него беше другарството на Пандев и компанија, инаку...
 
Е па, од вечерва и официјално и математички не можеме да бидеме топ 2 во групава.

Така да Боби

ibra.gif




Двава цитати се од подолг пост каде од денешен аспект сметам дека малце пренервозно и необјективно сум гледал на целата ситуација.

Сум заборавил да додадам "Исто така и ако во некој момент се случи да го имаме најголемиот пораз во историјата на нашата репрезентација да си даде отказ"

Ама ете, тогаш сум бил за една година помлад, понеискусен и поглупав па ни на крај памет не очекував дека можно да изгубиме натпревар 7-0 во групава.

Тоа е.

Ова ќе остане како најлош проект на репрезентацијата до сега, бидејќи претходно проектите ни биле "Да пробаме да фатиме трето место" па сме завршиле четврти.

Ќе му ги простам квалификацииве на Боби ако излезе некогаш на интервју и каже:

"Како мал паднав на глава. Поради ова многу често ми се случува да губам контакт со реалноста. Па така, кога кажав "лигата на нации не е битна; битни се квалификациите", сметав дека после лигата на нации ќе бидеме во група со Сан Марино, Лихтенштајн, Луксембург, Малта и Естонија. Затоа реков дека ќе бидеме јаки во квалфиикациите. Ни на крај памет не ми текна дека Англија, Италија и Украина ќе ни се паднат.

Исто така, поради гореспоменатата повреда на главата, често ми се случува да заборавам што се случило во минатото. Па така кога реков "Лесно е да се пласираш во ЕП против слаби противници, ова е посериозен предизвик", сметав дека Мрме во лигата на нации играше во група со Бразил, Аргентина и Германија, а не со екипи од рангот на Бугарија, Грузија и Гибралтар, кои впрочем беа моите противници.

Воедно, сакам да кажам дека поради сериозната повреда на главата кога ми се случи како мал, морав да пропуштам неколку часови во прво и второ одделение на училиште, па така никогаш не научив да бројам до 10. Кога сфатив дека изгубивме 7-0 од Англија, сметав дека седум оди одма после 1, па не сметав дека е многу сериозен поразот од 7-0 и не сметав дека треба да си дадам оставка.

Воедно, никогаш не научив глаголи, предмети, придавки и останати типови на зборови, па така, дури завчера сфатив дека зборот "задоволен" не означува чуство на несреќа, грозење и лошење, туку значело нешто сосема спротивно! Па затоа, секогаш кога после порази од екипи од рангот на Бугарија и Азербејџан велев дека сум "задоволен" впрочем лошо се изразив. Се извинувам.

Воедно, уште еден ефект на мојата повреда е и тоа што често заборавам каде сум и каде се наоѓам. Па така, кога изјавив дека во мојата репрезентација нема да има место за играчи што влегуваат само од клупата и дека само ќе повикувам играчи што се редовни во своите екипи, тоа го кажав мислејќи дека се наоѓам на селекторската клупа на Англија, па оттаму и оваа реченица ми имаше логика. Јебига, после тоа ми текна дека сум селектор на Македонија и дека нормално главни играчи ќе ти бидат Елмас што влегува во 70 минута и Џани Алиоски што е слободен агент без екипа и нема играно фудбал месец дена. Се извинувам, не сум јас крив за мојата изјава, болеста ме збуни. Извинете уште еднаш.

И за крај, сакам да кажам дека пред некоја година бев на скаунтинг на млади играчи во Еквадор, каде се најдов со нашиот познат македонски актер Кирил Поп-Христов алијас Кили кој ме прошета низ убавините на Јужна Америка, а особен хајлајт на нашата средба беше кога отидовме во една мрачна и длабока шума каде пробавме оригинална ајахуаска. Тогаш, имав трип во кој сфатив дека космосот се шири секоја секунда, смртта е само почеток, а времето не е вистинско, односно минутите, секундите, месеците и годините се само социјален конструкт и концептот на време, години и часови не постои за ниту едно битие во универзумот освен за луѓето
Како за проблем, три денови подоцна имав еден прес каде што кажав дека очекувам да поминеме добро во квалификациите. Проблемот беше што сметав дека 30 годишниот Аријан Адеми, после 2 години ќе има...27 години, а дека 29 годишниот Алиоски ќе има 25. Па оттаму сметав дека со овие млади и надежни играчи ќе можеме да завршиме на една од првите две позиции во квалификациите.

Јебига, заборавив како функционира времето и ни на крај памет не ми текна дека играчите стареат и го губат квалитетот што го имаат.
Затоа реков дека очекувам да се пласираме, иначе глупо би било сега да се вадам на тоа дека играчите не се истите од пред пар години. Логично треба тоа да го знам... ама не го знаев во тој момент па затоа ветував пласман на ЕП преку квалификациите и дека лигата на нации не ми е примарен проект.

Се извинувам уште еднаш и се надевам дека во иднина оваа земја и целиот свет ќе биде поприфатлив за луѓе со ментални пореметувања како резултат на тоа што како мали паднале на глава, па сега како возрасни губат контакт со реалноста и не знаат што говорат.

Се извинувам и ви барам прошка."



Во тој случај... јбг, фудбал е, не е крај на свет, се дешава. Ќе донирам за помош на луѓе што кажуваат работи што немаат контакт со реалноста и ако треба ќе молам фирми да помогнат за помош на овие лица.


А ако не го каже ова... јбг, луѓе што ветуваат лажни работи што немаат врска со нормалниот свет не ми се по мерак, без разлика дали се политичари што ветуваат еден вработен од секое семејство и минималец 500 евра или селектори на репрезентации што во исто време веруваат дека "овој тим има квалитет за ЕП, ќе се пласираме, лигата на нации не е битна" и "Па сеа шо да праам тие се играчите, малце се, нема квалитет овој тим"
Ау човече каков пост :aplauz::zver:
 
Дали ќе има нешто организирано гостување преку некоја агенција и од каде може да се набават карти за во Италија следен месец или уште е рано?
 
Дали ќе има нешто организирано гостување преку некоја агенција и од каде може да се набават карти за во Италија следен месец или уште е рано?
Картите преку ФИГЦ (Италијанска федерација) се пуштени во продажба.

За нашите блокови ќе почекаме од ФФМ или италијаните да пуштат линк.

Не верувам дека ќе има организирано преку агенција. Неколку што ќе одат, се организирале сами.
 
Картите преку ФИГЦ (Италијанска федерација) се пуштени во продажба.

За нашите блокови ќе почекаме од ФФМ или италијаните да пуштат линк.

Не верувам дека ќе има организирано преку агенција. Неколку што ќе одат, се организирале сами.
Колку се сеќавам , имаше една агенција од Штип ? Им го знаете ли случајно името на агенцијата ? Знам се бафтаа со концерти и спортски настани ?
 
1699527829410.png

Единствено што се радувам е враќањето на Тихо Костадинов дечкото си играше сосема коректно за репка, сега ќе го видиме дали после повредата е уште тој човек.

Давид факинг Бабунски го земаме не ми е јасно зошто волку скапи екскурзии се прават...

Горе доле тој е составот ќе ми биде ќеф да ја сјебеме Италија, а со Англија во Скопје се надевам на достоинствена игра.

Не би да коментирам ништо за оваа изјава.
 
https://www.gol.mk/fudbal/doriev-zasluzhiv-obrazlozhenie-zoshto-ne-sum-del-od-reprezentacijata

Не знам какво образложение бара кога никогаш не се ни наметнал во репрезентацијата. Буквално невидлив е кога ќе влезе во игра (а ако не се лажам, ни гол нема постигнато за репрезентацијата). И Доријан би требало да биде повикан пред Дориев.
 
Најплодните години во кариерата ги продолжва во Узбекистан, место да се проба во поасолна лига. Кеш си е кеш и не треба да му се замери за одлуката, ама веќе ко си тргнал по пари, нема простор да прозиваш селектор и да бараш образложение за неповикувањето. Настрана шо ја нема задолжено репрезентацијата со квалитетни утакмици, па сега да има кредит да го викаат.
 
Јакиот играч Дориев не е повикан, со блескава кариера позади себе, Академија Пандев, Шкендија и некој клуб од Узбекистан што не е никаков фактор ни во таа нивна лига.
Си мислел ако добие шанса може ќе има среќа да билда CV против Англија и Италија, за после да се ували во некоја екипа за да дреме на клупа и да цица пари.
Уште барал образложение зошто не е повикан.:sramezliv:
Ништо не треба да не чуди од човек што 3 години играше за клуб кај што константно беше навредуван на национална основа од своите навивачите, за мене не може некој што трпи такви понижувања само за пари да не биде со некој дефект во главата, само прашање на време е кога и останатите продадени души ќе се избрукаат со некоја ваква изјава за да им го видиме паметот.
 
Прегледај го приврзокот 397284

Единствено што се радувам е враќањето на Тихо Костадинов дечкото си играше сосема коректно за репка, сега ќе го видиме дали после повредата е уште тој човек.

Давид факинг Бабунски го земаме не ми е јасно зошто волку скапи екскурзии се прават...

Горе доле тој е составот ќе ми биде ќеф да ја сјебеме Италија, а со Англија во Скопје се надевам на достоинствена игра.

Не би да коментирам ништо за оваа изјава.
Selektor Blagoja MULEVSKI
 
Размислете за објавата на Дориев.

Струмица, Академија Пандев. Кој води моментално битка со челниците на ФФМ? Се користат сите прилики за притисок кон истите.
 
Не можам да верувам дека Трајковски не може да фати стандардно место и да биде една од главните ѕвезди на еден оваков скапан Хајдук. Колку само падна момакот. И тоа што добива шанса, многу слабо, млитаво, и тие некој полушанси што ги има на натреварите ги шутира небо под облаци. Елмас уше полоша клима со оној ретардон на чело на Наполи. И после сакаме репрезентацијата да ни бележи добри резултати и да се пласира на некое големо натпреварување.
 
Размислете за објавата на Дориев.

Струмица, Академија Пандев. Кој води моментално битка со челниците на ФФМ? Се користат сите прилики за притисок кон истите.

Со Дориев не може да се направи притисок за преку ред да се плати сметка во пошта, а не па кон ФФМ…
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom