Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно се враќа Костадинов, многу фалеше во овој квалификациски циклус.
 
Македонија - Ерменија 3-1
Ова беше можеби најдобриот натпревар на Милевски за кој се спремил откако е селектор, и со сите замени кога треба.
 
Даци стрелец на својот деби натпревар, одамна тресе мрежи во Белгија и заслужуваше настап во репката.
Штета што беше повреден и отсуствуваше подолго.
 
Даци стрелец на својот деби натпревар, одамна тресе мрежи во Белгија и заслужуваше настап во репката.
Штета што беше повреден и отсуствуваше подолго.
Море тресење, дури три гола.
Јас си реков се има истурено а тој кутриот десет натпревари дали има изиграно севкупно.
Таква ни е цела репрезентација за жал, и после очекуваме да сме Бразил на терен, па се плука по Милевски, па ред др работи.
 
RIP Пласман на ЕП на у21, 2023-2023

Мора да се смени менталитетот на нацијава у пичку матер.

Значи мора.

Срамота е со играч помалку да примиш 2 од ебана Молдавија.

Срамота е да влезеш во утакмицава со "Уф, ќе биде тешко, ова е клучен натпревар за нас" (го имаше ова кажано некој од репкава), особено кога си ја победил Шведска и се имаш носено со Холандија пред месец дена.

Срамота, играа со 0 жар, како да се задоволни со реми против Молдавија.

Не се ни работи за тоа дали ќе ги тепаме Грузијците и дека ќе завршиме второ место. Директен пласман на ЕП е сон после ова, може само плејоф и тоа со многу среќа.....а таму дефинитивно нема да направиме ништо со овој менталитет, што дефинитивно не гледам како би се сменил за една година од сега.

Апсолутна срамота.
Не само што примија 2гола туку не ни имаа ништо посебно во напад.

Катастрофа
 
Тренери и само тренери . Да даде плата асална Ффм и едно 50 тренери странски во македонски фудбал . Друго нема .Македонските тренери се цело време истите .Ќе го избркаат од едно место,ете во друг клуб,нема пари,пак го враќаат назад. Истрошени пушки .Безидејност,немање услови,стара метода на тренери со памет у Југославија.

Само лекот е од Италија,Шпанија или од појакиве школи на клубови од регионов.Апдејт на фудбалот и стручната организација.
 
Милевски > Мрме
Само ова не ви дава за право на првиов да му ги заборавите сите киксови и гомненици кои што ги направил, и сето тоа да го префрлате на грбот на Ристовски или Пандев итн.. Златниот Боби, мајчина душица.

Претходниот циклус на Лига на Нации бевме изгазени како да сме Фарски Острови, во група со ГИБРАЛТАР, БУГАРИЈА и ГРУЗИЈА.
Но тоа нема врска нели, за Мрме и Ристовски ќе дробиме овде. На утакмицата со Грузија на градски ми беше грев што сум пошол да ги гледам. ЕДНА ШАНСА не направија. Грузија изгледаше прајм Бразил за нас.
Или не е за тој циклус Боби винивникот? Ете гледаме дека игра добро со Италија и Украина сега, нели? Играчите се исти како и претходниот циклус од погоре, тогаш кој е крив ако не Боби? Како може сеа да играат тие, а претходно да не знаат топка да врзат?

ОД каде знаете што се случува внатре во ФФМ, и дека Ристовски не знае повеќе од вас? Можеби таа местенката со Украина е шлагот на тортата за Ристовски, па не сака да учествува во такви лајненици? Се насобрало од претходно, и ова преломот му било.

Па пишал некој претходно дека сме имале 3 полу играчи и другиве аматери. Магично репрезентативциве под Боби ги правите 2ра лига материјал, а истите (+Пандев, Адеми) под Мрме како да биле Баерн Минхен.
Значи се сложуваме дека ТОГАШНАТА репрезентација е ПОДОБРА од оваа. Само немојте да ја правите разликава како да е светелосни години, со цел Боби да ви биде велемајстор во споредба со Мрме.
 
Море тресење, дури три гола.
Јас си реков се има истурено а тој кутриот десет натпревари дали има изиграно севкупно.
Таква ни е цела репрезентација за жал, и после очекуваме да сме Бразил на терен, па се плука по Милевски, па ред др работи.
Повреден беше појќе време со тешка повреда, инаку пред тоа играше стандардно.
Митровски е супер освежување десно, добар техничар и креативец, добар пас, супер визија и шут.
Да се надеваме дека ќе игра по стандардно во репрезентација, ите како сме слаби по таа десна страна.
 
На утакмицата со Грузија на градски ми беше грев што сум пошол да ги гледам. ЕДНА ШАНСА не направија. Грузија изгледаше прајм Бразил за нас.
Која утакмица си ја гледал? Па цело прво полувреме Грузија беше ставена пред гол да се брани со куп шанси за нас. Како можеш да кажеш дека една шанса не направија? :confused: По примениот гол во второ се распаднаа.
 
Не знам што ти е ова пикање во шише? Да си подаваат топка, без убава шанса? Не го сметам јас поседот како пикање во шише. Собраа 7 бода ако не се лажам, а со Гибралтар игравме 2 пати. Епа сеа удри математика колку е успех 1 бод против Бугарија и Грузија во двомеч и со двете. 1 бод во 4 утакмици.
 
Ако успее да заврши топ2 во групава, може сите заедно да го прогласиме за најдобар тренер во историјата на Македонија.

Во моментот кога математички нема да може да бидеме топ 2 (ако се случи тоа, нели) треба да си даде оставка.

Е па, од вечерва и официјално и математички не можеме да бидеме топ 2 во групава.

Така да Боби

ibra.gif

Двава цитати се од подолг пост каде од денешен аспект сметам дека малце пренервозно и необјективно сум гледал на целата ситуација.

Сум заборавил да додадам "Исто така и ако во некој момент се случи да го имаме најголемиот пораз во историјата на нашата репрезентација да си даде отказ"

Ама ете, тогаш сум бил за една година помлад, понеискусен и поглупав па ни на крај памет не очекував дека можно да изгубиме натпревар 7-0 во групава.

Тоа е.

Ова ќе остане како најлош проект на репрезентацијата до сега, бидејќи претходно проектите ни биле "Да пробаме да фатиме трето место" па сме завршиле четврти.

Ќе му ги простам квалификацииве на Боби ако излезе некогаш на интервју и каже:

"Како мал паднав на глава. Поради ова многу често ми се случува да губам контакт со реалноста. Па така, кога кажав "лигата на нации не е битна; битни се квалификациите", сметав дека после лигата на нации ќе бидеме во група со Сан Марино, Лихтенштајн, Луксембург, Малта и Естонија. Затоа реков дека ќе бидеме јаки во квалфиикациите. Ни на крај памет не ми текна дека Англија, Италија и Украина ќе ни се паднат.

Исто така, поради гореспоменатата повреда на главата, често ми се случува да заборавам што се случило во минатото. Па така кога реков "Лесно е да се пласираш во ЕП против слаби противници, ова е посериозен предизвик", сметав дека Мрме во лигата на нации играше во група со Бразил, Аргентина и Германија, а не со екипи од рангот на Бугарија, Грузија и Гибралтар, кои впрочем беа моите противници.

Воедно, сакам да кажам дека поради сериозната повреда на главата кога ми се случи како мал, морав да пропуштам неколку часови во прво и второ одделение на училиште, па така никогаш не научив да бројам до 10. Кога сфатив дека изгубивме 7-0 од Англија, сметав дека седум оди одма после 1, па не сметав дека е многу сериозен поразот од 7-0 и не сметав дека треба да си дадам оставка.

Воедно, никогаш не научив глаголи, предмети, придавки и останати типови на зборови, па така, дури завчера сфатив дека зборот "задоволен" не означува чуство на несреќа, грозење и лошење, туку значело нешто сосема спротивно! Па затоа, секогаш кога после порази од екипи од рангот на Бугарија и Азербејџан велев дека сум "задоволен" впрочем лошо се изразив. Се извинувам.

Воедно, уште еден ефект на мојата повреда е и тоа што често заборавам каде сум и каде се наоѓам. Па така, кога изјавив дека во мојата репрезентација нема да има место за играчи што влегуваат само од клупата и дека само ќе повикувам играчи што се редовни во своите екипи, тоа го кажав мислејќи дека се наоѓам на селекторската клупа на Англија, па оттаму и оваа реченица ми имаше логика. Јебига, после тоа ми текна дека сум селектор на Македонија и дека нормално главни играчи ќе ти бидат Елмас што влегува во 70 минута и Џани Алиоски што е слободен агент без екипа и нема играно фудбал месец дена. Се извинувам, не сум јас крив за мојата изјава, болеста ме збуни. Извинете уште еднаш.

И за крај, сакам да кажам дека пред некоја година бев на скаунтинг на млади играчи во Еквадор, каде се најдов со нашиот познат македонски актер Кирил Поп-Христов алијас Кили кој ме прошета низ убавините на Јужна Америка, а особен хајлајт на нашата средба беше кога отидовме во една мрачна и длабока шума каде пробавме оригинална ајахуаска. Тогаш, имав трип во кој сфатив дека космосот се шири секоја секунда, смртта е само почеток, а времето не е вистинско, односно минутите, секундите, месеците и годините се само социјален конструкт и концептот на време, години и часови не постои за ниту едно битие во универзумот освен за луѓето
Како за проблем, три денови подоцна имав еден прес каде што кажав дека очекувам да поминеме добро во квалификациите. Проблемот беше што сметав дека 30 годишниот Аријан Адеми, после 2 години ќе има...27 години, а дека 29 годишниот Алиоски ќе има 25. Па оттаму сметав дека со овие млади и надежни играчи ќе можеме да завршиме на една од првите две позиции во квалификациите.

Јебига, заборавив како функционира времето и ни на крај памет не ми текна дека играчите стареат и го губат квалитетот што го имаат.
Затоа реков дека очекувам да се пласираме, иначе глупо би било сега да се вадам на тоа дека играчите не се истите од пред пар години. Логично треба тоа да го знам... ама не го знаев во тој момент па затоа ветував пласман на ЕП преку квалификациите и дека лигата на нации не ми е примарен проект.

Се извинувам уште еднаш и се надевам дека во иднина оваа земја и целиот свет ќе биде поприфатлив за луѓе со ментални пореметувања како резултат на тоа што како мали паднале на глава, па сега како возрасни губат контакт со реалноста и не знаат што говорат.

Се извинувам и ви барам прошка."

Во тој случај... јбг, фудбал е, не е крај на свет, се дешава. Ќе донирам за помош на луѓе што кажуваат работи што немаат контакт со реалноста и ако треба ќе молам фирми да помогнат за помош на овие лица.

А ако не го каже ова... јбг, луѓе што ветуваат лажни работи што немаат врска со нормалниот свет не ми се по мерак, без разлика дали се политичари што ветуваат еден вработен од секое семејство и минималец 500 евра или селектори на репрезентации што во исто време веруваат дека "овој тим има квалитет за ЕП, ќе се пласираме, лигата на нации не е битна" и "Па сеа шо да праам тие се играчите, малце се, нема квалитет овој тим"
 
Инаку дечките до 19 години се пласираа во наредната фаза. Едвај собраа бод со Казахстан (овие имаа и црвен - нешто со црвениве слабо ни иде), а и Германија при крај израмни со Полска, па завршивме втори во групата. Пласманот супер, потценувањето на послаби екипи е минус. Така испадна и со Молдавија. На Цапар му се случи Андора втор дел или трет. Страшно!
Сениориве сосема солидно си изиграа со Ерменија и 3-1 е добар резултат (малку пацерски гол прими овој Шишко, ама ај). Убаво би било да се фати некој бод или нешто повеќе во наредните утакмици. Англија игра дома со Малта и верувам дека сигурно ќе ја добијат, а во Скопје би требало да дојдат со некој комбиниран состав како против Австралија. Па ако играат пацерски како со Украина, тука ни е и шансата барем бод да им земеме. Со Италија не знам колку ќе бидеме мотивирани. Убаво би било да ги победиме пак таму. :icon_lol:

Не знам што ти е ова пикање во шише? Да си подаваат топка, без убава шанса? Не го сметам јас поседот како пикање во шише. Собраа 7 бода ако не се лажам, а со Гибралтар игравме 2 пати. Епа сеа удри математика колку е успех 1 бод против Бугарија и Грузија во двомеч и со двете. 1 бод во 4 утакмици.
Ти пиша дека си ја гледал на стадион и дека немале ниту една шанса, а не е точно. Покрај иницијативата имаа и шанси. А Лига Нации не беше успешна и мислам дека сите тоа тука го кажувавме. Неуспех исто беа и претходните Лига на Нации каде последната утакмица на неутрален терен ја дадовме да се радувала Ерменија, инаку ќе бевме во Б-лигата.
 
Милевски > Мрме
Само ова не ви дава за право на првиов да му ги заборавите сите киксови и гомненици кои што ги направил, и сето тоа да го префрлате на грбот на Ристовски или Пандев итн.. Златниот Боби, мајчина душица.

Претходниот циклус на Лига на Нации бевме изгазени како да сме Фарски Острови, во група со ГИБРАЛТАР, БУГАРИЈА и ГРУЗИЈА.
Но тоа нема врска нели, за Мрме и Ристовски ќе дробиме овде. На утакмицата со Грузија на градски ми беше грев што сум пошол да ги гледам. ЕДНА ШАНСА не направија. Грузија изгледаше прајм Бразил за нас.
Или не е за тој циклус Боби винивникот? Ете гледаме дека игра добро со Италија и Украина сега, нели? Играчите се исти како и претходниот циклус од погоре, тогаш кој е крив ако не Боби? Како може сеа да играат тие, а претходно да не знаат топка да врзат?

ОД каде знаете што се случува внатре во ФФМ, и дека Ристовски не знае повеќе од вас? Можеби таа местенката со Украина е шлагот на тортата за Ристовски, па не сака да учествува во такви лајненици? Се насобрало од претходно, и ова преломот му било.

Па пишал некој претходно дека сме имале 3 полу играчи и другиве аматери. Магично репрезентативциве под Боби ги правите 2ра лига материјал, а истите (+Пандев, Адеми) под Мрме како да биле Баерн Минхен.
Значи се сложуваме дека ТОГАШНАТА репрезентација е ПОДОБРА од оваа. Само немојте да ја правите разликава како да е светелосни години, со цел Боби да ви биде велемајстор во споредба со Мрме.

Сигурно со Грузија ја гледаше!?

За циклусот(в) Боби е виновникот, многу нормално, тоа не е спорно. Кажав и претходно, спорно е што мислиме дека сме некоја сила и фактор во фудбалот, да не беше Лига на нации и најслабите европски репрезентации, сега немаше за ова да дискутираме тука. Ние отсекогаш сме биле one match репрезентација, ќе ги заебеме Англија, Ирска, Италија, а ќе го изедеме од Андора и Лихтенштајн. Еве, ќе го смениме Милевски, кого би ставил ти на негово место? Максимум не можеш да извлечеш од играч што е квалитативно ограничен, а сега повеќето се такви. Ако се прашувам јас одма би го сменил ама немам одговор на прашањето кого би ставил место него. Доколку треба да бирам помеѓу стандардните Стратев, Јонуз, Хаџиевски, Илиевски, Бабунски, Костов или фаци како Божовиќ, Лалатовиќ и Ел Маестро тогаш не фала, нека седи овој уште 20 години.

Согласен сум дека во време на Мрме го имавме најдобриот состав со играчи во топ форма, штета беше само што немавме дефанзивци како Новески, Митрески, Васоски, Седлоски, Роберт и Горан Попов итн., сигурно уште подобра репрезентација ќе имавме. Но, Мрме е далеку од квалитетен тренер, нешто што и го докажа после ангажманот во репрезентацијата. Не викам дека Боби е којзнае какво тренериште, но за разлика од Мрме фудбалското познавање му е каде-каде на повисоко ниво.

Јас спомнав за полуиграчи и аматери и уште стојам на тоа. Па види само каде играат поголем дел од играчите и ќе ти биде јасно, не е некоја голема филозофија. Па дури и во слаби клубови и втора лига немаат минутажа или имаат минимална. Елмас како најдобар играч види во каква форма е и колку игра за Наполи, а ние тука очекуваме дека ќе играме на ЕП. Што се вика Зајков има повеќе настапи за репрезентација него за клубовите каде што играл, Бејтулаи е срамно да се нарече играч, а ние очекуваме дека со вакви играчи ќе играме константно цел циклус на високо ниво.

Играчите не се баш исти, Пандев беше 1/3 од репрезентацијата, да не се лажеме. Алиоски играше стандардно во силна лига со силни натпревари, Барди исто, Адеми, Ристовски во топ форма итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom