Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Добро освен со Малта очекувавте со некој друг да освојме бодови пред да почнат квалификациите? Не споредувајте го тимот од Еп со овој во никој поглед а таму Украина не победи лагано. Каква крпеница од состав имаме и добри сме,видите само минутажа на играчите и во кој лиги играат и се е јасно. Едино Англија шо не поремети многу инаку очекувано беше да стигнеме до некој 6-9 бода барем за мене во овој циклус.
 
Многу ми се смешни експертиве на тема што плукаат и се као нешто разочарани. Тоа кажува само колку се неуки и дека не пратат домашен фудбал и се активираат само кога има јака емисија. Па уште сме се спуштиле на ниво коа сме се радувале на вакви резултати во минатото. Извини што на светско до сеа од Архентина испаѓавме у четврт финале.
Извинето, тоа е тој менталитет и лузерски мајндсет кој уствари не кочи, не си проблем ти како индивидуа, проблемот е што ваквото размислување за многу работи во земјава е генерално прифатено кај многу луѓе. А и никаде не беше посочен ти и фан базата, туку селекторот. Фан базата беше мртвило со нула еуфорија на Градски, не бевме способни ни да навиваме, до таму е дојдено фудбалското расположение во земјава и ретко кој беше еуфоричен после тоа реми. Среќен може да е само човек кој врска нема со фудбалот како спорт, никој друг, што нормално, и беше случај на стадион, не видов човек што го прослави овој бод како што тоа го правеше Боби на клупа.

Додека Албанија ќе оди на уште едно европско првенство најверојатно, преку групи, една Босна играше и на светско, ние никогаш во историјата преку групна фаза не сме можеле да догураме до едно големо натпреварување, најблиску бевме со баражот за светското. Премиер лигата у Албанија да не се игра, или у Босна, ако веќе домашното првенство е некаков репер.
И сеа од бараж за светско, каде си ја победил претходно Германија на гости, си ги победил Италија, актуелни европски прваци, исто на гости, и кога е дојдено време да направиш чекор назад, ти правиш чекори наназад, и уз пут ја штељаш со Украина дома, јер ти се може.

И ќе ти дојде шура на кајгана и ќе ти продава муда за бубрези со вака така поданички муабети. Ние сме таму каде што сме поради нас самите, не поради немање квалитет, туку поради очајно менаџирање на фудбалот во оваа земја, со очајна федерација, со слаб селектор, со корупции и низа скандали кои ако искочат некад на површина УЕФА/ФИФА комотно ќе може да ни излупаат казна или суспензија на неколку години од големи натпреварувања. И тоа е најголемиот проблем, самите си го уништуваме потенцијалот кој го поседуваме, е сеа гледајќи ја групава нормално дека претешко ќе е да си на второ место ама можеме барем да се обидеме тоа да го направиме а не од старт самите да си пукаме у нога со дебаклот дома со Украина откако водевме 2-0, за да после доживееме историски срам на гостувањето во Англија.

Ристовски зашто не игра за репрезентација веќе? Или чека и он јака емисија за да се активира. Глеј Пандев со години што збори за луѓето кои го водат фудбалот во оваа вукојебина. Сакаш да кажеш дека треба да бидеме среќни само што дома сме за никаде, па ајде, ова е добро? :ROFLMAO: Што е добро, да си само еден небитен декор во спортот и ништо повеќе? Наместо пласманот на ЕП, баражот со Португалија, да ги искористиме ко ветер во грб, ние го фативме обратниот пат, типично за нас, само дигресија и ништо повеќе.

Ајде, ќе свиткаме глава и ќе викаме, толку ни е капациетот, додека други со исто така ''бравурозен'' капацитет си пишуваат фудбалска историја, ваљда зашто се свесни дека ако во еден спорт чудата лесно може да се случат, тоа е фудбалот, каде во мал милион наврати парчето хартија на крајот од денот, ништо не значело. Ама за да тоа се случи, потребно е работа, макотрпна, тоа секогаш вродува со плод, а на тоа поле ние сме хоророт и никој ништо не превзема во врска со тоа.
 
Извинето, тоа е тој менталитет и лузерски мајндсет кој уствари не кочи, не си проблем ти како индивидуа, проблемот е што ваквото размислување за многу работи во земјава е генерално прифатено кај многу луѓе. А и никаде не беше посочен ти и фан базата, туку селекторот. Фан базата беше мртвило со нула еуфорија на Градски, не бевме способни ни да навиваме, до таму е дојдено фудбалското расположение во земјава и ретко кој беше еуфоричен после тоа реми. Среќен може да е само човек кој врска нема со фудбалот како спорт, никој друг, што нормално, и беше случај на стадион, не видов човек што го прослави овој бод како што тоа го правеше Боби на клупа.

Додека Албанија ќе оди на уште едно европско првенство најверојатно, преку групи, една Босна играше и на светско, ние никогаш во историјата преку групна фаза не сме можеле да догураме до едно големо натпреварување, најблиску бевме со баражот за светското. Премиер лигата у Албанија да не се игра, или у Босна, ако веќе домашното првенство е некаков репер.
И сеа од бараж за светско, каде си ја победил претходно Германија на гости, си ги победил Италија, актуелни европски прваци, исто на гости, и кога е дојдено време да направиш чекор назад, ти правиш чекори наназад, и уз пут ја штељаш со Украина дома, јер ти се може.

И ќе ти дојде шура на кајгана и ќе ти продава муда за бубрези со вака така поданички муабети. Ние сме таму каде што сме поради нас самите, не поради немање квалитет, туку поради очајно менаџирање на фудбалот во оваа земја, со очајна федерација, со слаб селектор, со корупции и низа скандали кои ако искочат некад на површина УЕФА/ФИФА комотно ќе може да ни излупаат казна или суспензија на неколку години од големи натпреварувања. И тоа е најголемиот проблем, самите си го уништуваме потенцијалот кој го поседуваме, е сеа гледајќи ја групава нормално дека претешко ќе е да си на второ место ама можеме барем да се обидеме тоа да го направиме а не од старт самите да си пукаме у нога со дебаклот дома со Украина откако водевме 2-0, за да после доживееме историски срам на гостувањето во Англија.

Па сеа играме најбоље.
 
И пак .... Адеми повреден ... Чудни одлуки и избори ...

Здравковски пак доби корпа. Бабунски пак извиси ....

Дај од Малта да изгубиме само. Нек се тргне Боби.Го сакав,ама посра се
 
И да изгубиме од Малта нема да се тргне
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom