Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Единствено нешто поочајно од теренот на стадинот е организацијата околу него, дојдовме 2023 година и уште не сме способони да организираме еден натпревар со повеќе публика како што треба, a сите збрки настануваат од спој немање елементарна спортска култура кај народот, но и немање никакви ама апсолутно никакви организациски способности од страна на федерацијата.

Самиот факт што коските ги оставивме по стадиони па тргнавме ептен порано не спаси од најјаките гужви, такво малтретирање на народ само ние знаеме да правиме и никој друг, ти затварат скали, ставиле два скелета и не те пуштат демек ако немаш карти , на тесно грло, а над нив на широк терен имаш 3 прстења обезбедување каде ако успееш да влезеш без карта е стварно заслужуваш да си на стадион, до скоро 30 минута луѓе влегуваат , расправања кој каде треба да седи, имаше фамилијарни луѓе кои дојделе на утакмица со мали деца на крај мораа да седат на скали, толку е изгледа тешко да организираш 50 волонтери кои ќе водат ред за тој детал, но и народов е криво дрво, да не иде 5 до 12 на утакмица, ама кога ќе има ред од самите организатори сакал, нејќел ќе научи.

Најнегативен впечаток ми остави тоа што немаме елементарна култура, се собираат за едноминутно молчење , ниту најавува официален спикер, станавме таму неколкумина , меѓу кои беа и глувонеми лица, од друга страна 90 % си го преседе ладно ладно со муабет, а "навивањето" трагедија упм, стави еден доле со микрофон и озвучување нека почнува и кој сака да навива нека продолжува по него, вчера беше празник, прекрасен ден и вакви глупости може да ти го упропастат цело задоволство, нешто што у нормални држави со спортска култура нема шанси да се случи.
Да имаше што да прави човек пред утакмица дур дреме на стадион (да јаде, да пие, да гледа на тие екраните некои исечоци од претходно) може и ќе одеше некој порано.

Али како и да е, дефинитвно треба да пуштат 4 автобуси, еден од Влае, еден од аеродром, еден од Чаир, и уште еден не знам од кај, и са вртат цело време до фонтана парк, со застанување на 2-3 места кај што има проток на луѓе.

Така ќе се избегне секој еден да оди на утакмица со кола, а притоа да ја паркира 1.5-2 км подалеку од стадион.
 
Се вративме во времето кога знаевме да поебеме некоја јака репка и тоа да го глорифицираме ко нешто воув, му ја видов реакцијата на тренерот после крајот прослави ко да нема утре, зашто? Што славиме толку? Која е поентата да славиш нешто откако претходно 7-0 си изгубил си се избламирал и дома штеља си истерал со Украина и практично немаш никакви шанси да идеш на ЕП. Што славиме ние?

Ја не глеам веќе сатисфакција у ваквите работи, тоа само говори колку сме фудбалски мали, наместо да мечтаеме пак да ја слушнеме химната на големо натпреварување, ние се задоволуваме со нешто што во фудбалот во глобала е окарактеризирано ко едно големо ништо. Т.е. не ние, ама тренерот наш да, реално вчера атмосферата на трибини била најмртва во цела наша фудбалска историја, јалови обиди за ууу ааа имаше на две трибини и не успеаа, при полн стадион, тоа све говори за нашето фудбалско расположение. Навивачите не беа нешто посебно среќни, онака, мех, дојдовме да истепаме време денес на стадион и ајт по дома, ама тренерот наш славеше ко да сме на победа до ЕП.

Вчера не бевме брилијантни, далеку од тоа, 80% од мечот бевме ништо, ама изигравме аналогно на максимумот што го имаме со вака воден тим, италијанците беа далеку бољи и немаа воопшто среќа во прво, во второ дадоа гол ама после тоа изиграа криминален натпревар и заслужено на крај ги казнивме, нормално, од мртва игра и прекин зашто од игра бевме тотално безопасни, една акција не направивме асална. И класика, дур беа у бонус кога примија гол ние се повлековме и се браневме што уште толку лично ме изнервира јер и онака немаме веќе ништо да изгубиме, ама за Милевски бод со Италија после победата у Палермо изгледа е голем плус за неговото cv, каде со болдирани букви ќе биде испишано тоа.

Не сакам да ширам некој дефетизам после овој огромен успех за Милевски, не за нас, ко дете се радував на вакви ствари реално кога растев сите знаевме кој ни е максимумот и сатисфакција баравме во некои вакви натпревари и кинење на бодови од фаворитите, сеa више умре тоа, а и реално па и немаме среќа со ждребкава бреј какви други групи има каде сериозно ќе имавме шанса бар за второ место. Тука скини некој бод на фаворити, и намести некој натпревар, ко оној со Украина, сценарија веќе видени многу пати низ нашата историја, кога ги киневме Ирска, Хрватска, Англија, Холандија, и после изгуби гости од Андора и дома изиграј нерешено. (n)
 
Кај влегов на почната утакмица поради хаосот надвор (јбг можев порано да отидам), уште 5 мин го чистев столчето. Исушена прашина неисчистена уште од Украина изгледа. Седиш, глеаш фудбал и мирисаш земја околу тебе.
Абе доаѓа Италија, глеаш дека картите одат ко алва, барем исчисти бе столчињата. Нареден пат ќе си одам со весник како дедо и ќе си го ставам под гз.
 
Не знам што очекувате, против Италија ли да немаме грешки? Против европскиот првак? Јас не сум разочаран од играта вчера, дечките дадоа максимум од себе и резултатот е заслужен, освен што имаа посед не дека Италјанците беа поопасни од нас. И не дека се задоволувам со просек и повремени блесоци, ама треба да бидеме реални дека имаме екстремно тешка група, Италија и Англија се финалисти на последното ЕП, Украина има три последователни учества на ЕП, така да секој бод е успех.

И да, теренот е ужасен, од ден на ден пропаѓаме се повеќе и повеќе како држава, кога мислиш дека не може полошо некој одма те демантира. Но... па не гледам зошто да се извинуваме на Италија, не ми е јасно зошто Елмас се извинувал за лошиот терен. Се извинува ли некој за лошиот третман кој го добиваме секаде, во спортот и надвор од него? Се извини ли некој од Италјанците за тоа што по правила на фер-плеј не ни ја вратија топката назад? Едноставно треба да си го тераме филмот, главата горе и да играме храбро и пожртвувано како тим.
 
Дали шиткаат од тревата на Арената Филип Втори/Градски ..... ?

Ноу хејт ама поглупо не можеше да ја крстат по пејач . Можеа 100 фудбалери да изведат за име но на крај цркна чоекот и лупни го ко светец и глорифицај го . Поглупа македонска работа не можевме . Оти Есма Реџепова не може да се крсти ? Сеа Вмро сто посто тоа ќе направат ко реваншизам оти од Вмро беше .

Иначе друг ми е муабетот .

Тревата од теренот .

Немаат пари ?

ДА се паметни , да направат како Ноу Камп продажба на теренот . Ем пари ,ем јако помодарство! ЕПОХАЛЕН РЕЗУЛТАТ ОД 1-1 и ако не се лажам од Супер Купот е истиот терен,зарем не ?

Газена е од доста добро и со репутација играчи и тимови .

Немаат пари да сменат терен , крстат стадион од реда глупи причини по пејач а нема никаква врска Тоше со ова , па боље Сантана Арена да се викаше стадионов наш оти Сантана па и Пинк па и Стинг имаат праено концерти ... Мислам ајде . Друг муабет отидов ама Проевски Арена и Северна преку пенисот . Глупо ми е ептен при коментар на телевизија .

The price depends of the format that choose the fan culé. In first instance finds a stadium in miniature with part of the original lawn (49,99 euros), a rectangle of methacrylate (79,99 euros) and a special frame (419,99 euros).

500 ЕВРАА УРАМНЕТА !!!!!!!!

1694363050679.png
 
Реално можевме и да изгубиме, ама пак криво ми е што можевме и да ги победиме на крајот, ама се повлекоа, а реално немаше потреба. Од големите репрезентации, највише ни одговара Италија. Не е физички надмоќна како Франција или Англија да не надтрчаат и да се изгубат, не се ни ко Шпанија технички толку јаки да не вртат како сакаат. Бавно игра Италија и кога играат, не играат да демолираат со по 5-6 гола. И билансот со нив ни е 1-2-1. И тоа тој пораз тука 2-3 откако имавме 2-1.
Иначе кога сме кај нивната вчерашна "доминација":
Screenshot_2023-09-10-18-22-45-092_eu.livesport.FlashScore_com.jpg
 
Не знам што очекувате, против Италија ли да немаме грешки? Против европскиот првак? Јас не сум разочаран од играта вчера, дечките дадоа максимум од себе и резултатот е заслужен, освен што имаа посед не дека Италјанците беа поопасни од нас. И не дека се задоволувам со просек и повремени блесоци, ама треба да бидеме реални дека имаме екстремно тешка група, Италија и Англија се финалисти на последното ЕП, Украина има три последователни учества на ЕП, така да секој бод е успех.

И да, теренот е ужасен, од ден на ден пропаѓаме се повеќе и повеќе како држава, кога мислиш дека не може полошо некој одма те демантира. Но... па не гледам зошто да се извинуваме на Италија, не ми е јасно зошто Елмас се извинувал за лошиот терен. Се извинува ли некој за лошиот третман кој го добиваме секаде, во спортот и надвор од него? Се извини ли некој од Италјанците за тоа што по правила на фер-плеј не ни ја вратија топката назад? Едноставно треба да си го тераме филмот, главата горе и да играме храбро и пожртвувано како тим.

Затоа што игра во Италија, и ова е реално срамно, вака да се покажеш како домаќин. Да сум фудбалер, и мене би ми било срам, особено што знаеме дека може подобро. И беше подобро.

Ноу хејт ама поглупо не можеше да ја крстат по пејач . Можеа 100 фудбалери да изведат за име но на крај цркна чоекот и лупни го ко светец и глорифицај го . Поглупа македонска работа не можевме . Оти Есма Реџепова не може да се крсти ? Сеа Вмро сто посто тоа ќе направат ко реваншизам оти од Вмро беше .

Ретко се случува име на стадион да се даде по жив човек. Можеби можеа уште некое време да го остават старото име. Како, според тебе, би било идеално да го крстеа?
 
Затоа што игра во Италија, и ова е реално срамно, вака да се покажеш како домаќин. Да сум фудбалер, и мене би ми било срам, особено што знаеме дека може подобро. И беше подобро.
Се согласувам дека тревата треба да биде совршена, но никој не се натпреварува тука за најдобар домаќин, ај да им дадеме на Македонциве титула за најдобри домаќини.
Еве Италјанците можеа да бидат најдобри гости и да не ни дадат гол додека наш играч лежеше на 5 метри од нив. Или да ја вратат топката за фер плеј. Ама не, ние културните ќе се извинуваме.
 
Затоа што игра во Италија, и ова е реално срамно, вака да се покажеш како домаќин. Да сум фудбалер, и мене би ми било срам, особено што знаеме дека може подобро. И беше подобро.

Ретко се случува име на стадион да се даде по жив човек. Можеби можеа уште некое време да го остават старото име. Како, според тебе, би било идеално да го крстеа?
Џина,Дојчиновски, мерак ми е Тони Савевски,жив е :LOL: ама ако дојде редот , еден од најголемите македонски играчи и голема легенда и на грчкиот фудбал . Да плачат Битолчани оти имаме стадион по Битолчанец ..... Полно македонски играчи . Стадионот нека си биде спорт ... Универзална ене им ја ..... Се посраа со Борис Трајковски салата , па после ОнеВип па А1 за да може вработените да си играат фудбал внатре . И пак зјае сега. Или Градски, реално Филип Втори беше баш соодветно за курчење пред светот и требаше да остане , но ако се мења нека остане на спортска линија . СДСМ као со промена да на име на држава , смени и аеродромот и автопатот ..... Пушење кур на Грција .
 
Последно уредено:
Многу ми се смешни експертиве на тема што плукаат и се као нешто разочарани. Тоа кажува само колку се неуки и дека не пратат домашен фудбал и се активираат само кога има јака емисија. Па уште сме се спуштиле на ниво коа сме се радувале на вакви резултати во минатото. Извини што на светско до сеа од Архентина испаѓавме у четврт финале.
 
Искрено се жалиме оти има квалитет кај Македонија , Италија беше очајна вчера и наместо да притискаме и да држиме топка , ние се укопавме позади наш гол И ПАК по наша грешка примивме гол . Влечеме непријателски притисок и примаме гол на крај . А да не дадеше гол ? БОБИ ОСТАВКА !!!! АЛИОСКИ ПАК ЗГРЕШИ !!! АЛБАНЦИ ПАК ВИКАЈТЕ !!! НЕ ЈА ПЕЕ ХИМНАТА !!! КАКО МОЖЕШЕ КАПИТЕН ДА СТАВАТ ЕТНИЧКИ АЛБАНЕЦ !!!!!

Удираме оти не знаат химна , боби му штелуваат по нарачано екипа од ФФМ дирекно , АМА КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ НА ДОБАР РЕЗУЛТАТ .... тогаш се е ок .

Со Италија можевме и да тепаме искрено како пички да не бевме прво полувреме . Од таму влечеме разочараност . Сакаме напаѓачки фудбал каде можеме да дојде до израз . И да изгубиме барем знам дека мерак игра имавме и бевме рамо до рамо . Изгубиме и 3-0 ама не бевме очајни . Истово беше и со Шведска Македонија у 21 . Ја гледам , Канатларовски ми изиграва Мурињо и цела екипа брани . Шо ќе браниме бре ?! Нападни напред . Николов на среќа да не дадеше гол у рифлекс со глава , нула шо ќе имавме . И на крај пак од бранење ќе завршеше 1-1 од линија да не извадеше ..... Шведска беше очајна буквално исто , ништо не беа , нула буквално . Нападни бре Канатларовски бре нападни . Нека биде 2-0 и брани тогаш .
 
Многу ми се смешни експертиве на тема што плукаат и се као нешто разочарани. Тоа кажува само колку се неуки и дека не пратат домашен фудбал и се активираат само кога има јака емисија. Па уште сме се спуштиле на ниво коа сме се радувале на вакви резултати во минатото. Извини што на светско до сеа од Архентина испаѓавме у четврт финале.
А на што да се радуваме, на повремен случаен блесок, а во меѓувреме од авион се гледа дека не очекуваат дебакли во останатиот дел од мечевите освен оној со Малта? У право е Урко погоре, порано кога вадевме вакви резултати влегувавме како потполни аутсајдери, нешто како можеби Малта или Фарски Острови во денешно време, остававме срце на терен, сега откако се пласиравме на ЕП се очекува доста од момците па затоа и вакви резултати не треба да ги сфаќаме како фрапантен успех божем сме Сан Марино. Ја гледаше ли утакмицата бе? Јас ќе повратев за малце, очај до очај од прв до последен. Порано освен Пандев немавме многу интернационалци што играа во јаки лиги и клубови (Попов во ВБА и Величе во Ипсвич), сега имаме и реално играме слабо. Згора на се имаме огромни проблеми во ФФМ, јавно ги прозива легенда ко Пандев, капитенот Ристовски се откажа од репрезентација ради тие срања, се форсираат фудбалери што воопшто не играат во своите клубови итн. Репрезентацијата ни служи за менаџерчиња да шитнат играчи во подобра лига од сегашната на нивните клиенти и да лапаат провизии од трансфери, и се додека не се среди ова ќе немаме никаков успех. Штета е само да се упропастат прајм годините на Елмас и Барди кои се одлични играчи.

Овој Милевски има огромна среќа што извади бод со Италија иначе немаше да ме чуди да пукне срам на Малта па да завршиме со исто бодови со нив или последни во група и да ни се смее цел свет. Вака, да ги тепаме Малта на гости и некако да пробаме против Украина на неутрален терен да ги изненадиме за колку толку да го испереме образот пред јавноста. Мада, не сум баш сигурен дека можеме нешто против нив.
 
Па ние после Холандија нерешено тука, изгубивме од андора на гости. Па и дома нерешено. Не гледам зашто да очекуваме повеќе, дека сме се пласирале на европско кога не згазија сите таму. А како се пласиравме мислам самиот си свесен. На паркинзи играме у лига фудбал,ниеден тим неможе да помине у европа сериозно. И да ја наместивме со Андора.
 
Порано освен Пандев немавме многу интернационалци што играа во јаки лиги и клубови (Попов во ВБА и Величе во Ипсвич), сега имаме и реално играме слабо.

Имавме претходно, паднавме на тој план последниве две години. Елези од Вараждин и неговата замена Алими од Шепси. Ашковски не игра за Ламиа, последен натпревар му е тој против Англија. Главниот напаѓач игра во Шкотска а на Елмас му се намалија минутите во Наполи. Трајковски на клупа што е не се знае кај ќе игра, тренира со Работнички а Нестороски заврши во Асколи. Споредено со тој пикот кога имавме играч во ПЛ, двајца во Ла Лига, тројца во Серија А и тук тамо редовни играчи по клубовите, и те како е овој тим послаб. Па и тогаш шо викаш од времето на Попов и Шумуликовски, имавме двајца од австриско, еден играше руско, Пандев беше во својот прајм, одбраната коска. Митрески, Новески и Васоски.
Мислам дека најлоша генерација беше онаа кога Агим Ибраими ни беше број еден играч. Се мотаа некои чудни ликови како Ѓуровски, Жута, Мојсов, Тодоровски, едно бекче на Партизан лево не ми текнува на презимето, оној Тупан. Лелеле, хаос. Кога ќе имаше некое ново име, обично тоа беше некој ко Баже Илијоски или Стевица Ристиќ. Може и да ги миксам годините и некој од овие да беа со Попов и Шумуликовски али поентата ми е тоа дека моментално имаме пад за разлика од тимот кој играше на ЕП.
Ние мора да бидеме реални и да прифатиме дека за нас е успех овој резултат. Слабо вадиме таленти. Се погодија коцките за ЕП и за сега најголем успех останува квалификациите за СП 2022 каде имавме полесна група од вообичаеното и преку Романија стигнавме до баражот.
 
Мене не ми е јасно, кој од стартниве 11, освен Столе, игра 90 минути за клуб? Мене ми изгледа како едвај да чекаат да дојде репрезентативна пауза, затоа што у клуб не ги ебаават два посто. Денес, ги гледав шипуркиве со Полска, играа како да им е финале на ЕП. Ги издоминираа у секој поглед и во секој дуел влагаа без штедење. А за атмосфера, може да учиме од нив. А тоа е жално, какво дно допираме у секој поглед. :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom