Единствено нешто поочајно од теренот на стадинот е организацијата околу него, дојдовме 2023 година и уште не сме способони да организираме еден натпревар со повеќе публика како што треба, a сите збрки настануваат од спој немање елементарна спортска култура кај народот, но и немање никакви ама апсолутно никакви организациски способности од страна на федерацијата.
Самиот факт што коските ги оставивме по стадиони па тргнавме ептен порано не спаси од најјаките гужви, такво малтретирање на народ само ние знаеме да правиме и никој друг, ти затварат скали, ставиле два скелета и не те пуштат демек ако немаш карти , на тесно грло, а над нив на широк терен имаш 3 прстења обезбедување каде ако успееш да влезеш без карта е стварно заслужуваш да си на стадион, до скоро 30 минута луѓе влегуваат , расправања кој каде треба да седи, имаше фамилијарни луѓе кои дојделе на утакмица со мали деца на крај мораа да седат на скали, толку е изгледа тешко да организираш 50 волонтери кои ќе водат ред за тој детал, но и народов е криво дрво, да не иде 5 до 12 на утакмица, ама кога ќе има ред од самите организатори сакал, нејќел ќе научи.
Најнегативен впечаток ми остави тоа што немаме елементарна култура, се собираат за едноминутно молчење , ниту најавува официален спикер, станавме таму неколкумина , меѓу кои беа и глувонеми лица, од друга страна 90 % си го преседе ладно ладно со муабет, а "навивањето" трагедија упм, стави еден доле со микрофон и озвучување нека почнува и кој сака да навива нека продолжува по него, вчера беше празник, прекрасен ден и вакви глупости може да ти го упропастат цело задоволство, нешто што у нормални држави со спортска култура нема шанси да се случи.