Ќе бидеме во четвртиот шешир (и тоа како последна репрезентација во тој шешир) сепак. Добро е тоа, иако од четвртиот шешир најголема нагазна мина е Турција.
Шести шешир - може Сан Марино дека не сме играле со нив.

Од петтиот шешир идеални екипи се Молдавија, Гибралтар, Естонија, Летонија, Литванија, Кипар и евентуално Малта. Може и Белорусија дека тие нема да бидат домаќини во Минск и може да играат во Србија во комшии. Словачка е најтежок ривал од тој шешир. Третиот шешир има убави можности како Ерменија и Исланд на пример, а тука се и Црна Гора и Ирска. Лоши екипи се Шведска, Романија и Норвешка (иако Норвежаниве се променливи во играта, ама мислам ќе запнат овој пат да стигнат до ЕП).
Вториот шешир - Израел/БиХ најмногу посакувани и најидеални за нас за директен пласман на ЕП, а може и Шкотска или Велс. Финска како од втор шешир не е лошо. Англија, Франција, Србија и Австрија се непосакувани екипи.
Прв шешир - Полска, затоа што се за нешто послаби од последниот пат кога игравме со нив. Хрватска би била интересен противник кој ни одговара. Другово тешко. Унгарија никако за противник, Шпанија исто.
Можам да замислам ваква група
Шпанија
Франција/Англија
Шведска
Турција/Грција
Словачка