Срамота е вакви муабети.
"Пеевче за супер ѕвездите." "отворени врати"
Ти идеш таму за државата, репрезентацијата...не идеш за Гибралтар да ги гледаш ниту па не одиш затоа што сме изгубиле од Грузија.
Цената 250-300 е сосема ок. Што сакате не ве разбирам тоа се 4-5 евра.
Пред да се отселам од Македонија, мислам дека на 80% од натпреварите на репрезентацијата присуствував без разлика на цената. Ги пропуштив само против јаките репрезентации и тоа не било заради финансии, туку мене не ми се иде на такви натпревари каде има повеќе туристи отколку прави навивачи. На таквите натпревари дури и срам ме фаќа да седам до Македонец кој повеќе ги знае репрезентативците на противничката репрезентација отколку нашата.
Муабетот ми е, пред 11 години, против Андора сум платил 200 денари. Еве доказ :
Прегледај го приврзокот 335098
Имам уште многу влезници од тој период и сите се од прилика таа цена, ама на ништо друго во Македонија не е цената како во 2011. Значи, 250-300 сега ти е како 100-150 тогаш.
Во врска со влезниците уште збор-два. Овие како таа со Андора беа дефинитивно најубавите влезници за колекција и мислам ги чувам повеќето иако имам неколку изгубено.
После тоа почнаа со ваквите влезници кои личат на гомна после само одреден период и воопшто не се убави за колекција.
Прегледај го приврзокот 335100
Верујте ми не е до апаратот, избледена е а не е многу фаќана и увек се чувани топтан со тие убавите од претходно и иако понови, изгледаат на многу постари.