Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Милевски да ги имаше на располагање Несторовски, Пандев, Адеми* и Барди* откако е селектор ние веќе со Ерменија ќе бевме пласирани. Страшно подобра игра за разлика од Мрме. Ерменија секогаш ни беше тежок противник во гости, он ги торпедираше и тоа без класичен десен бек. Денеска освен првите пет минути од второ полувреме Исланд не се поврза. Романија ги издоминиравме во Скопје а и против Исланд во гости несреќно изгубивме два бода.
Значи во ниту еден момент немаше целосен состав, секогаш некој фалеше и пак само загуби еднаш.
Костадинов под негово водство е сосема различен играч.

*Барди не беше достапен против Ерменија и Исланд, а Адеми овој повик.
 
Брао за Костадинов, цел посед идеше преку него, ептен преземена одговорност откако доби многу (реално заслужен јебига) хејт на европското и игра ептен зрело. Штета ќе е и за него што ќе пропушти следната, ама како и да е со него и Барди супер ни изгледа срединава на репрезентацијата. Без Елмас ќе е заебано, али се чини дека стварно имаме играчи кои опасно сакаат да се борат за место во стартната 11ка, и сега им е шансата да покажат зашто.
 
Профи атмосфера имаше на стадион, и тоа уште пред почетокот, грмеше градски цело време, одамна не се десило. Сеа ми зарипна гласот, ама тоа е цената за пцуење по Маса и по исланѓаните провокаторски маму им јебем..
 
Значи ќе се обесев јавно на стадион ако не ја тепавме утакмицава, и на Кимо и Пеја им кажав. Не ради друго ама ПРЕСЛАБИ се Исланд, бреј на какво ниво спаднале за толку краток период, па на СП играа 2018 и на ЕП 2016 четврт финале дотераа...

Кој ги ебе Исланд, битно е дека ние конечно играме фудбал и не сме селска екипа која игра фудбал со рогање и тепање. Боби е тренериште и во ниту еден момент не се сомнеавав во неговите способности, слабиот старт на неговиот мандат беше во голема мера и ради бројните отсуства на клучните играчи во тимот. Денес не би замерил на ниту еден, сите изиграа одлично и пред се тимски и заслужено го одраа Исланд. За мене мен оф д меч беше Барди, рапсодија од фудбал демонстрираше братот, исссссскина едноставно.

Голем успех е ова за нас, што и да биде во баражот ова е одличен предзнак и увертира за нас како репка во иднина.

П.с. Голема штета за глупиот жолт на Елиф....
 
 
Ау ако ни се падне да играме против Португалија...
Србија прва у групата..
 
Да не го има некој видеото каде Милевски вика на новинар "ЌЕ ЗБОРИМЕ ПОСЛЕ" ? неможам да го најдам ако може некој да го постира или ДМ плс :D

 
Ќути се спасивме од коментарите за изгубени два бода во Исланд. :P

Па не баш, тие два бода, испуштениот бод со Романија на гости, можеа да ни носат место на носител у баражот.

А бар една победа од тие текми против Ерменија и Романија па сигурно ќе бевме носители.

Сеа вака ќе треба Португалија да ја отпаднеме, ќе фрла Роналдо капитенска трака на мувлосаниот татран на Градски.
 
Португалија - вториот можен наш противник во баражот. Значи:

Русија и Португалија - дефинитивно носители
Шведска, Шкотска, Велс, Чешка - пласирани во бараж, но може да бидат и неносители и во тој случај не можат да ни се паднат нам (помеѓу Велс и Чешка еден сигурно е неносител)
Македонија, Австрија - неносители

Остануваат уште 4 репрезентации во баражот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom