Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ете го, го седна на клупа Ашковски после онаква партија во Ереван. o_O
 
Аххх бе. До вчера сите кењаа за Ашковски зашто е повикан. Сега сите кењаат зашто не е прва со само 90 добри минути.
го чува ако нешто не оди, тајно оружје :cool:
..туку ништо од СК на Телекабел. тие ХД не работат
 
Денес ќе мораме да дадеме гол повеќе од Исланд. Се виде дека Исланѓаните имаат доста промаја во одбрана, а против Романија покажаа дека сакаат да играат офанзивно, посебно на вакви натпревари каде немаат што да загубат и играат за чест. Мора да бидеме паметни и да го искористиме просторот кој ќе го имаме. Не смееме да изгориме во желбата. Мора да се игра стрпливо и да имаме добра реализација. Денес не смееме да си дозволиме промашување на чисти шанси. Ете ни ја шансата што толку ја баравме, односно сами да си одлучуваме за бараж. На вакви натпревари се покажува класа и се станува играчина. Одиме јако.Напред Македонија!!
 
Денес ќе мораме да дадеме гол повеќе од Исланд.
Да, ќе треба топката да влезе во нивната мрежа.
Некој од нашите фудбалери, со помош на неговата нога или глава, најчесто, ќе треба да ја шутне топката и голманот на Исланд да не ја фати. Целта е топката да ја помине гол линијата на нашиот противник, што во овој случај, вечерва, е Исланд.
Мислам дека тренерот треба да им каже да клавет голови, да клавет бар еден гол поќе од Исланд.
Ако Исланд не успее да постигне еден гол, Северна Македонија ќе треба да постигне еден.
Ако Исланд постигне еден гол, Северна Македонија ќе треба да постигне два.
Ако Исланд постигне два гола, Северна Македонија ќе треба да постигне три.
Ако Исланд постигне три гола, Северна Македонија ќе треба да постигне четири.
Ако Исланд постигне четири, Северна Македонија ќе треба да постигне пет.
Ако го претставиме тоа во вид на равенка, каде што бројот на голови постигнати на Исланд ќе го означиме со x, а бројот на голови што треба да ги постигне Северна Македонија е y, y=x+1.
 
Бооо ама му ја свирна. Браво.

Искрено мислев потешко ќе пукне одбрата на Исланѓаните.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom