Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Стално кога коментирав дека и од полушанси мора да се даваат голови ( пошо нели фудбалот е игра во која треба да дадеш гол) на ова мислев. Солидно прво полувреме, со стандардни несигурности на одбраната. Исто така Трајковски не смееше да го промаши она за 3-0. Ашковски одигра одлично прво полувреме. Само да бидат посигурни во одбрана во второ.
 
Од сега само пренос на словенечки :D
 
За разлика од претходните натпревари кога ги ругавме сега заслужуваат пофалби. Одлично позиционирани во одбрана мудро користење на шансите напред. Ограме мудро паметно без брзање...
Посебно ме изненади Ашковски. Не само со асистенцијата туку комплетно игра добро се движи одлично покрива навремено. Во две три ситуации врати топка назад кога ни се укажуваше некоја полушанса напред но ништо страшно со Чурлинов одлично комуницираат, а и овој доста растеретен без некој притисок на два три пати му додаде топка со која го оставаше без својот чувар. Тежиштето на играта место на лева страна каде се гушеа буквално Алиоски и Елмас го префрливме на десна што беше како еден вид на изненадување. Кога играат Барди и Елмас во средина многу полесно доаѓаме до шанса преку крилата. Впрочем така паднаа и двата гола првиот по една индивидуална мајсторија на Ашковски вториот пак преку проигрување кон крило Трајковски која врати назад па реализираше со еден прекрасен удар на Барди.
Се на се одлична Македонија, а и доста килава Ерменија. Само да продолжиме исто и во второ и би сакал во последните 10-15 мин доколку дозволи резултатот се разбира да го видам и Бабунски во игра
 
Мислам дека Ерменија ја нема таа мотивација, затоа што нивните шанси се практично нула (треба да ја победат Германија, а не можеа ни Лихтенштајн дома да го победат). Секако се гадни и незгодни, а тоа со грчкото знаме искрено не ме изненадува.
Браво за сега, супер се овие 0-2!
 
Чурлинов претерува, да не сака со топка во гол да влезе...
 
Сега се виде дека имаме квалитет, тоа што денес доминираме не може да означи бришење на киксевите на Боби од пред овој натпревар, најголемото засилување беше повредата на Јаховиќ, а Барди по короната конечно е оној стариот кој гази по средина на терен и е лидер на тимот, а во средина играме без Адеми што уште повеќе ја зголемува вредноста на денешната победа.

Квалитет имаме и тоа многу поголем од романциве, со бога напред Исланд денес да изигра за нас и да остане се во наши нозе во Скопје да решаваме ние, заслужува овој народ да се радува на сите глупости кои ни се случуваат во моментов.
 
Како бе се сега водат со три гола, кога експертите пред натпреварот имаа консензус дека Боби не знае ништо и дека ќе изгубиме ради него?!

Па изгубивме бодови ради хер Боби на претходните, така да тој консензус не е чуден.

Денеска све беше одлично подготвено.


Одиме сеа јако.
 
Снимка од головите?
Баш кога не ги гледам играат добро. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom