Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Сега ни треба победа со Исланд, а Романија и Исланд да изиграат нерешено или Исланд да победи за да влеземе во бараж ?
 
Сега ни треба победа со Исланд, а Романија и Исланд да изиграат нерешено или Исланд да победи ?
Исланд да извади барем реми вечерва, а после ние да го тепаме Исланд.


Ајдее!
 
Што и да биде Боби треба да остане, па за некоја година Васовски.

Јас сум задоволен уште по првиот собир. Веднаш се виде позитивен придонес и покрај тоа што останаа без лидер и немаа среќа со повреди.

Само да не прават глупости да менуваат тренер, ако не отидеме во бараж, па уште и да доведат некој безвезен странец за да си има занимација и лесна заработка
 
Зошто за голот на Ристовски нема ставено асистенција на Елмас
 
Тоа бре! Секоја чест за ова вечерва, момци! :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:

Ајде браќа исландски... Еднаш и нас да не' посака среќа во овие квалификации.
 
Игравме идентичен фудбал исто како со Романија дома, Исланд гости и Ерменија дома, разликата денес беше со бевме супер ефикасни и тоа е тоа, Ашковски доста брз и активен, браво за натпреварот кој го изигра.
 
Некако испадна дека Боби во многу лошо време застана на чело на репката, баш кога беа клучните натпревари со кои сами ќе си ја кроевме судбината. Времето не беше на негова страна, се виде дека менува систем некако тоа беше доста видливо. Денеска многу шмекерска победа на терен кој ни е во кошмарни сеќавања и конечно наплата за се. Ако даде господ Романија да нема ден, односно Исланд да пружи добра партија во Букурешт па да дојдеме до шанса за бараж. Се на се, одличен натпревар каков што одамна не сме одиграле на гости. Пред се професионалниот пристап, поставеноста на терен каде секој си ја знае својата задача и реализацијата на шансите.
 
Победата е голема со оглед на тоа дека фалат Адеми, Николов, па и Ристовски на овој меч. Го немаше и Ракип, ама па подобро што го немаше Јаховиќ. Топ за петардата!!! Ерменија супер ги почна квалификациите и ги играше без Мхитарјан и мислам дека причината за падот нивен е токму тој кога се врати есеноска. Не се мирисаат баш со Капарос и играта некако не им е течна како што беше во март.
Нека му се посреќи пак на Боби, како што му се посреќи кога Украина го победи Исланд на гости во последно коло во младинска конкуренција и со тоа остана Македонија прва и отиде на ЕП. Па пак сега со Исланд (се некако се врти околу нив), овој пат тие треба или да тепаат или бод да извадат во Букурешт.
 
У принцип многу сум задоволен од Костадинов дефанзивно. Сегде го има без разлика дали еднаш е крило, друг пат бек или средина. Нон стоп трча, многу топки одзема, се пушта сегде со нозе. Ептен пожртуван и мислам дека без везе се плука по него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom