Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Колку и да сакаат Бугарите да го омаловажат успехот, сепак Македонија имаше најдобри квалификации и заврши пред Словенија и Израел во групи, додека Бугарите го папаа од Косово и завршија позади нив, истите тие Косово што ние ги победивме во Лига на Нации...

Мислам дека имавме само еден пораз со Ерменија кој беше така малку катастрофален ама тотално небитен пошто веќе имавме осигурано прво место. Друго се тепаа...

На Европско може да изненадиме во групи, што да не? Кој кур се Австрија и Украина, две победи на старт и одиме во 8-мина или 16-тина не знам каков е форматот...
 
На Европско може да изненадиме во групи, што да не? Кој кур се Австрија и Украина, две победи на старт и одиме во 8-мина или 16-тина не знам каков е форматот...
и со една победа, отприлика 50/50 ни се шансите, како трети.
 
Во Grand Plaza се моментално, пред 1 саат седеа на масите на паркингот што се пред влезот на хотелот, Џани го видов и уште неколку од медицинскиот персонал, кондициони тренери итн. Расположени беа, ама мртви уморни. :D
Џани е тежок (позитивен) лудак, едвај чекам светот да дознае за него, очекувам да скока и да урла пред утакмици сите без разлика на се

Добро е, имаме добар микс од personalities во екипава, добро е што имаме дечки што пукаат од желба како Џани и Елјиф (добро му го пишувам имево?) добро е што имаме некои рандом интересни фацки што се нестсабилни ама знаат некогаш да се добри како Нестровски и Столе, а од друга страна па добро е и што имаме играчи со добро искуство што знаат кога што треба да се направи како Адеми и Пандев.

Добар микс од играчи и баш добар лик на клупа во името на Мрме.

И на се ова кога ќе го додадеме Uncle Sam од МЛС, и некои фацки како Чурлинов од У21 екипата, барем на клупа?

Немам сомнеж дека се додека федерацијата не прави, да ми извини политичката заедница - шупачки работи...

...ќе има супер дух во екипата и во секој меч ќе дадеме се од себе! Стварно мислам дека овие дечки имаат менталитет и солидно искуство зад себе.

Само да бидеме живи и здрави, да нема проблеми и се ќе биде добро.

Никој нормален нема да се залетува и да бара било што надреално, само компетитивен меч со Австрија и Украина и би бил секој задоволен од државава.


Не знам, ја сум оптимист, добар тим имаме, и дел од дечкиве ќе бидат уште подобри и поискусни во Јуни!
 
Си одлетавме со мислите на Европско ама ај малце да се вратиме назад на следниве две утакмици со Естонија и Ерменија мора да го пушти Влатко Стојановски прва постава...дечкото изгледаше дека има солиден потенцијал и уште не е касно, малце во Франција го изгуби моментумот ама па ПМЛ не е мерило за некој си квалитет сепак сеуште верувам во него и може да биде наш иден прв шпиц затоа што Нестор го испеа своето и на тој чоек му се поклопија многу работи во живтот од келнер стигна на Европско поштено со труд, мака и прилепски инат...
 
Ќе видиме. Да ни се здрави сите прво. Средината реално ни е подоста добра и да кажам на европско ниво. Јас би одел со Анчелоти елка-тактика со Елмас-Барди зад најистурениот Гоче. Колку техника има во овие барем 2-3 шанси можат да креираат би рекол на секого во групиве. Зад нив нека роварат Спировски/Николов-Адеми. Одбранава ми е сумлива ко за Европско. Ниту еден не е нешто натпросечно, заедно со киксерот Столе. Ама и по 4-0 да изгубиме од сите 3 све им е опростено од мене.
 
Да ни останат сите здрави и живи играчи до Европско мислам дека имаше шанса за позитивно изненадување, јас сум оптимист за вас не знам.
Нема да бидиме топовско месо во тоа сум сигурна, помина тоа време кога не рендаше кој ќе стигне, овој тим има потенцијал, Елмас, Барди, Пандев, Адеми, Алиовски, знаат да играат фудбал дечките,групата не е којзнае колку тешка, ќе извадиме некој позитивен резултат убедена сум, е сега за да поминиме група тешко макар шо никогаш не се знае ама барем трети да завршиме можиме (y)
Автоматски споено мислење:

Да ни останат сите здрави и живи играчи до Европско мислам дека имаше шанса за позитивно изненадување, јас сум оптимист за вас не знам.
Нема да бидиме топовско месо во тоа сум сигурна, помина тоа време кога не рендаше кој ќе стигне, овој тим има потенцијал, Елмас, Спировски, Барди, Пандев, Адеми, Алиовски, знаат да играат фудбал дечките,групата не е којзнае колку тешка, ќе извадиме некој позитивен резултат убедена сум, е сега за да поминиме група тешко макар шо никогаш не се знае ама барем трети да завршиме можиме (y)
 
бев на одмор во Грција, дали беше 2014?, на ТВ имаше кошарка, баш мислам Горгиа -Фиром, навиваа грци за Грузија...
2004 мислам, бев во Архангелос, на Пајак планина е, влашко село! За финалето гледавме во кафана, едно 50 души, јас и еден другар македонци, другото албанци работници, само газдата беше грк и САМО он навиваше за грците. Смешно беше што сите албанци беа против!
 
Jaс се надевам дека уште некој наш фудбалер покрај стандардниве ке има супер сезона и ке ни биде конкуренцијата појака.
 
Дали некој провери вчера во 4 саат по полноќ дали се пронајдени изгубени 2-3 гола на Грузија од страна на Јон Бајденишвили? Се е можно, 2020 е :toe:
Автоматски споено мислење:

2004 мислам, бев во Архангелос, на Пајак планина е, влашко село! За финалето гледавме во кафана, едно 50 души, јас и еден другар македонци, другото албанци работници, само газдата беше грк и САМО он навиваше за грците. Смешно беше што сите албанци беа против!
Кој ги врти грците, ни должат да навиваат за нас, во 2004 имаа огромна поддршка од државава кога освоија се :D
 
Последен пат кога Бугарија беше дел од големо натпреварување.
france-98-trifon-ivanov-bul-284.jpg


Лесна му земја.
 
Последен пат кога Бугарија беше дел од големо натпреварување.
france-98-trifon-ivanov-bul-284.jpg


Лесна му земја.

2004 беа на Европско. И поминаа како во Втората Балканска војна. :icon_lol:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom