Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
A финалето во Ноември ли е?
Дап. Ептен е рандом распоредов:

Следните мечеви на Македонија:

8 Октовмри - дома со Косово (1/2 финале од минатата сезона)

11 Октомври - на гости со Естонија (групна фаза од оваа сезона)

14 Октомври - дома со Грузија (групна фаза од оваа сезона)

12 Ноември - евентуално финале на гости со Грузија/Белорусија (финале од минатата сезона)

15 Ноември - дома со Естонија (групна фаза од оваа сезона)

18 Ноември - на гости со Ерменија (групна фаза од оваа сезона)

Ако испадне вака, три меча во шест дена..не памтам кога нашиве вака играле, најпаметно ќе биде од мечевите од оваа сезона да играме со младинци :D
Автоматски споено мислење:

Да не заборавам патување од Скопје кон СССР редовно што ќе фураме, сигурно ќе има некој ефект врз играчиве, се надевам Мрме не е до толку глуп да форсира играчи во мечевите од оваа сезона, познавајќи ги нашите сигурно некој ќе сјебе работа на олку мечеви
 
On an unrelated note, младиве имаат супер преостанати мечеви во нивната група

Нели, тешко дека ќе бидат едни од најдобро пласираните екипи за бараж, ама добро би било втори да сме
До крај играме два пати со Израел, еднаш со Црна Гора и Казахстан, најдобар распоред е ова пошто буквално реален пласман ќе добиеме. Ако стварно можеме со екипиве многу веројатно ќе бидеме втори, ако бидеме тапа тогаш јбг
Да, во моментов се втори со 10 бода. Можат да бидат меѓу најдобро рангираните второпласирани екипи, ама ќе треба да ги добијат сите мечеви до крај. Следната на гости со Казахстан е веројатно клучна. Израел нема баш шанси (денешниов пораз дома од Казахстан дополнително ги утепа), а плус имаат меч во гости кај Шпанија. Со Црна Гора ќе ја играме дома (таму нашите тепаа).
 
Ангеловски мора да смислува друга алтернатива за лев бек кога го нема Ристевски на располагање. Алиоски е ужасен како лев бек, по не знам кој пат не чини бодови кога игра на оваа позиција. Денес требаше да добие црвен до пеналот, како го прегази капитенот нивни у 5та минута само и после пеналот старт со две нозе, не знам како успеа да се протне и без жолт во тие две ситуации. После уште десет пати го летаа ко дете во одбрана, он еден на еден да остане во дефанзива е автоматска шанса за противникот. Ако веќе го нема Ристевски може да проба со Тошевски/Бејтулаи ко леви бекови, би требало подобро да се снајдат иако ќе играат од спротивна страна на природната позиција, али Алиоски е дефинитивно само за на крило, Вардар со Брдаровски на лев бек му играше на Фенербахче во Истанбул.
Друго, како може после натпреварот со Австрија дома да помисли да игра повторно со двајца штопери на кои тоа не им е природната позиција. Среќа Грузија е утепана па не го искористи тоа после црвениот, али дува промаја кај нас у одбрана со таа поставеност, Австрија само ради тоа изгледаше ко Аргентина во Скопје.
Не знам во што форма е и зошто не е повикан Митов-Нилсон али се надевам дека Столе ќе се опорави до Косово и нема да го гледаме Шишковски на гол, такво несигурно движење и поставување на голман не сме имале од Богатинов, прашање на време е кога ќе се деси киксот само, а да брани против посилни репрезентации во квалификациските групи ќе се деси уште на прв натпревар сигурно.
Многу глуп потег и на Муслиу, реално сме подобра репрезентација и од Косово и од Грузија, мислам дека само вакви глупи потези на индивидуалци можат да не чинат елиминација, мора и на тоа да предупреди Ангеловски на тие мечеви.
 
Да, во моментов се втори со 10 бода. Можат да бидат меѓу најдобро рангираните второпласирани екипи, ама ќе треба да ги добијат сите мечеви до крај. Следната на гости со Казахстан е веројатно клучна. Израел нема баш шанси (денешниов пораз дома од Казахстан дополнително ги утепа), а плус имаат меч во гости кај Шпанија. Со Црна Гора ќе ја играме дома (таму нашите тепаа).
Уф, тешко ептен сите да ги добиеме до крај

Само топ 5 второ пласирани екипи одат понатаму, а многу веројатно според тоа што се случува до сега од првите пет групи ќе бидат каде каде подобри.
Осмата група е исто квалитетна

Дури и се да добиеме до крај пак ќе биде тешко да бидеме дел од плејофот.
Ама да, таа е математиката, ако не ги победиме сите мечеви до крај тогаш нема плејоф секако

Нема врска, и без плејоф, добро е за атмосферата и самодовербата, сакам да верувам дека дечкиве може да го продолжат бранот на млади играчи кои прават трансфер во квалитетни лиги, секако и второ место без плеј-оф не е нешто за фрлање
 
3 победи би требало да е доволно за пласман на ЕП. Голем дел од второпласираните екипи сѐ уште немаат одиграно два пати со последниот тим во групата (тие бодови не се бројат), за разлика од Македонија, која веќе одигра два пати со Фарски Острови.
 
Ама и два пати со Шпанија :)
 
Очобол утакмица беше ова денес. На мечеви од трета македонска лига сум видел подобар фудбал. Со ваква игра 4 бода од два меча е премија. За мене сепак ова натпреварување нема некое значење. Најпозитивно што може да се извлече е што денес се виде дека Грузијците не се ништо посебно. Барем не е репрезентација од која треба да стравуваме. Ако се средат некои недостатоци и ако прикажат игра како во некои од мечевите од квалификациите за ЕП не би требало да има проблеми да ги добиеме Косово и Грузија (или Белорусија).
 
За тебе може нема значење, но фифа ранкингот се мери и по настапите во оваа лига. А од тој ранкинг зависи и во кој барабан би не сместиле пред квалификации.
 
После првиве две кола од новава сезона...мислам дека реално може да се види дека можеме со сите екипи од плејофот во Лига Д

Еве чисто резултатите викендов:

Грузија: 0-1 на гости со Естонија, нерешено со нас

Косово: 1-1 на гости со Молдавија, пораз дома 2-1 од Грција

Белорусија: пораз дома 0-2 од Албанија, победа 1-2 на гости со Казахстан

Ние и Грузија единствени без пораз :D
Мора посериозно да влеземе во 1/2 финалето (и евентуално финале ако влеземе) пошто ова што го игравме викендов не беше нашето најдобро издание.
Ако ги притиснеме Косоварите и ако тие ја повторат истата партија од викендов секако може да ги добиеме.

Ајде, има време, ама факт е дека ниту една од екипиве не е спремна за ЕП и на крај ќе зависи која екипа ќе има помалку кардинални грешки во одбраната и која екипа ќе има повеќе успешни пенали :D
 
Ај да не глумам експерт голем, ама многу играчи имаа пауза поради добро позната работа. Некои одмараа 6, некои 3, некој месец дена, значи тотално небитно. Со почување на лигите ке се дигнат и формите на играчите. Е сега одиме со мечевите со Ерменија не гледав, со Грузија игравме колку да земеме бод плус теренот изгледаше попогоден за ватерполо, него за фудбал. Момците се тие и не се сомневам дека ке дадат се од себе да одат на Евро. Мрме нека не прави експерименти да го става Пандев на шпиц, затоа што е овој поопасен позади шпиц.
 
На Мрме мора да му е нешто роднина или синче од некоја дамнешна афера овој Шишковски.
 
На Мрме мора да му е нешто роднина или синче од некоја дамнешна афера овој Шишковски.

Брат ги гледаше двете утакмици? Во вторава не спаси во 90-та. Јбг прими два гола од пенали, да беше некој глуп гол да кажеш дек е виновен. Така да беше доста добар Шишковски, бар со Грузија зборувам.
 
Брат ги гледаше двете утакмици? Во вторава не спаси во 90-та. Јбг прими два гола од пенали, да беше некој глуп гол да кажеш дек е виновен. Така да беше доста добар Шишковски, бар со Грузија зборувам.

Перформанс или два нема да ми смени мислење дека Шишковски никако не смее да ни биде број 2. Подобро да пробаше со Илиев отколку со овој потпросечниов, ама очигледно е дека упорно го форсира на сметка на други кои можат да бидат покорисни. Овој никогаш.нема да го биде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom