- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
Најдобрите резултати на олимпијада ги имаат дадено параолимпијците.Не е до инфраструктурата бе, толку не бива како народ за спорт, мулиља.
Луѓето што се со инвалидитет имаат повеќе вложено во себе отколку овие што се здрави и прави, не е до бивање или не бивање, туку тие што не вложуваат во себе се форсираат. Каратисти, боди билдери, пливачи, одбојкари имаат постигнато повеќе бидејќи не се толку атрактивни и нема толку многу непотизам и нестручност.
Ракомет, генерацијата што си заминува, можеа барем до полуфинале да влезат, но непотизам и големо его.
Кошарка се погоди некако со Мекелеб, Перо и тренерот, следното повторно непотизам и мешање на нестручни лица и ништо.
Не дека не не бива, едноставно се форсираат одредени луѓе (демек добри) и тоа го намалува вложувањето кај спортистите и така паѓаат спортовите.
Конкретно, фудбалот бидејќи јавна тајна е дека место во репрезентација се купува, за да може после да се продаде играчот за да грее клупа во некој маалски клуб на запад и да земе добра плата, што има да се залага и да вложува во себе, до душа и утакмиците ги шиткаат, па затоа несреќно губиме од аматери (гол во 90+ минута е несреќа).
Да се земат најдобрите од македонската лига под 28 години, ќе направиме многу подобри резултати, но пари се во прашање, за кладилница се игра.
За спорт не бива, но немаме традиција, а тоа се прави со години вложување во играчите и тренерите.