Секогаш пред секој циклус квалификации, пред секој натпревар сум имал некоја мала доза на оптимизам ама сега мислам дека ја имаме најслабата репрезентација у овие 23 години(не поради поразот и играта вечерва).
Прво мислам дека селекторот Бошко не е дораснат да ни ја води репрезентација. Нема тренерски квалитет со кој ќе може да го подигне квалитет на репрезентацијата (дај боже да ме разубеди). Најголема вина лежи во него.
Уште коа го видов списокот знаев што не чека.
Пачовски заслужено си брани и си ја врши работата перфектно.
Шиков и Мојсов плус Грнчаров, тие тројца ни се најдобрите штопери што ги имаме моментално не гледам дека некој друг кој би можел да игра на овие позиции бидејќи колку толку имаат искуство. Секогаш сме имале одлични играчи на тие позиции како Седлоски, Митрески, Новески и други од постарите генерации но сега голем проблем ќе ни биде баш тој дел од одбраната.
Дамчевски, Кирче Ристевски не заслужуваат повик во репрезентација ама кога нема други мора така да биде.
На десен бек сме солидно покриени со Ристовски, Тодоровски и Даниел Георгиевски кој сигурно не е повикан затоа што моментално е без клуб а според мене е поквалитетен од сите на оваа позиција.
Левата бековска позиција ни е преслаба. Како може Цуцули да добие повик уште неможам да сватам. Попов од спиење да го дигнеш ќе изигра поквалитетно али то е и тој се запусти а инаку и таму немаме некој избор на квалитетни играчи. Алијоски, Глишиќ, Попов, Лазевски и може некој да имам заборавено али у главно тие се играчите КОЈ ОД КОЈ послаб, останувам на тоа дека Попов е далеку најдобра опција пред сите.
Средината од секогаш ни е била главен проблем, ни фали играч кој знае да проигра, да држи топка, добра перцепција на игра односно еден квалитетен плејмејкер.
Деструктивци колку толку имаме, тука е Демири кој мора да игра у прв состав, за следните натпревари се надевам ќе дебитира и Адеми(според игрите у Динамо Загреб се гледа дека е многу квалитетен играч), повик мора да добие и Глигоров од Вардар, Ранџелович. Најголемото дрво у репрезентација е Спировски. Кој те стави у репрезентација бе тебе човече??? Излези не се брукај, оди играј у Новаци кај шо и заслужуваш. Неможеше да фати место у прва постава у Борац Чачак кои беа у прва па у втора лига у Србија. У Берое исти курац замена, ќе влезе некогаш. Дојде ред вакви играчи на средина да ни играат и сакаме резултат. Величе за овој е ИГРАЧИШТЕ.
Денес средина играше и Трајковски, беше преслаб. Жално е да го упропастува и да се гледа детето на позиција на неприродна позиција за него, тотално бескорисен е таму.
Имаме какви такви играчи кои можат да играт пред детруктивците ама си ебаја пелената и тие отидоа у Тајланд пари да печалат. Дарко Тасевски и Марио Ѓуровски. Двајцата дефинитивно може да се у репрезентација под услов да се вратат да играт у Европа.
Офанзивни играчи имаме повеќе и тука сме најквалитетни.
Агим убедливо најдобар игра ни е. Тука се Абдурахими, Трајковски, Хасани, Тричковски, Крсте Велковски, Бабунски, Радески.
У напад Јахович, Костовски моментално ни се најдобри.
Шпанциве денеска можеа да ни дадат 10, курташак си играа со нас. Без средина игравме, одбраната катастрофа, како да беа собрани од кафана random луѓе да играат.
Со квалитетен селектор освен Шпанија, сите други можеме да ги победиме дома, али со изборот на бате Боле не гледам некоја надеж. Се надевам дека и тој ќе види какви грешки прави во изборот на играчите. Со малку поправилен избор на играчи можеме да бидеме пред Литванија и Луксембург али ако продолжи вака работата и Луксембург ќе се пред нас.
Ќе ги бараме Катанец и Чеде. Кога Катанец збореше то је то, целокупна јавност, медиуми се смееја епа смејте се пак, со тие играчи тој е максимумот. Чеде не испадна фер, избега да, ама со него барем имавме каква таква игра, постигнувавме голови, единствена грешка му беше шо не го викаше Попов у репрезентација али одлично си ја вршеше работата човекот. Уште се нервирам кога ми текне Филе свињата дебела уште што не пишуваше за Чеде, го вреѓаше, со земјата го рамнеше не чинел. Бабунски и 30:0 да изгубеше газот му го лижеше ама овој не му чинеше.