Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Јас знам дека е еден од нашите најголеми таленти ама уште е талент и не можеш да го споредуваш со Глигоров.

Ако дошло ред Јаховиќ да ни биде најдобар напаѓач подобро да не играме ни квалификации повеќе. Мирко Ивановски е подобар, и двајцата немаат у глава ама барем Мирко е подвижен.

Марио ради некој си договор со клубот, дека е далеку така нешто. Ради тоа не го викаат.
Алиоски не е лош, ама требаше денес да стартува Глишиќ, дефанизвно стои подобро од Алиоски.
Не го споредив јас туку членот што го потенцираше тоа дека Даре е повикан а не Глигоровски.
 
Секогаш пред секој циклус квалификации, пред секој натпревар сум имал некоја мала доза на оптимизам ама сега мислам дека ја имаме најслабата репрезентација у овие 23 години(не поради поразот и играта вечерва).
Прво мислам дека селекторот Бошко не е дораснат да ни ја води репрезентација. Нема тренерски квалитет со кој ќе може да го подигне квалитет на репрезентацијата (дај боже да ме разубеди). Најголема вина лежи во него.
Уште коа го видов списокот знаев што не чека.
Пачовски заслужено си брани и си ја врши работата перфектно.
Шиков и Мојсов плус Грнчаров, тие тројца ни се најдобрите штопери што ги имаме моментално не гледам дека некој друг кој би можел да игра на овие позиции бидејќи колку толку имаат искуство. Секогаш сме имале одлични играчи на тие позиции како Седлоски, Митрески, Новески и други од постарите генерации но сега голем проблем ќе ни биде баш тој дел од одбраната.
Дамчевски, Кирче Ристевски не заслужуваат повик во репрезентација ама кога нема други мора така да биде.
На десен бек сме солидно покриени со Ристовски, Тодоровски и Даниел Георгиевски кој сигурно не е повикан затоа што моментално е без клуб а според мене е поквалитетен од сите на оваа позиција.
Левата бековска позиција ни е преслаба. Како може Цуцули да добие повик уште неможам да сватам. Попов од спиење да го дигнеш ќе изигра поквалитетно али то е и тој се запусти а инаку и таму немаме некој избор на квалитетни играчи. Алијоски, Глишиќ, Попов, Лазевски и може некој да имам заборавено али у главно тие се играчите КОЈ ОД КОЈ послаб, останувам на тоа дека Попов е далеку најдобра опција пред сите.
Средината од секогаш ни е била главен проблем, ни фали играч кој знае да проигра, да држи топка, добра перцепција на игра односно еден квалитетен плејмејкер.
Деструктивци колку толку имаме, тука е Демири кој мора да игра у прв состав, за следните натпревари се надевам ќе дебитира и Адеми(според игрите у Динамо Загреб се гледа дека е многу квалитетен играч), повик мора да добие и Глигоров од Вардар, Ранџелович. Најголемото дрво у репрезентација е Спировски. Кој те стави у репрезентација бе тебе човече??? Излези не се брукај, оди играј у Новаци кај шо и заслужуваш. Неможеше да фати место у прва постава у Борац Чачак кои беа у прва па у втора лига у Србија. У Берое исти курац замена, ќе влезе некогаш. Дојде ред вакви играчи на средина да ни играат и сакаме резултат. Величе за овој е ИГРАЧИШТЕ.
Денес средина играше и Трајковски, беше преслаб. Жално е да го упропастува и да се гледа детето на позиција на неприродна позиција за него, тотално бескорисен е таму.
Имаме какви такви играчи кои можат да играт пред детруктивците ама си ебаја пелената и тие отидоа у Тајланд пари да печалат. Дарко Тасевски и Марио Ѓуровски. Двајцата дефинитивно може да се у репрезентација под услов да се вратат да играт у Европа.
Офанзивни играчи имаме повеќе и тука сме најквалитетни.
Агим убедливо најдобар игра ни е. Тука се Абдурахими, Трајковски, Хасани, Тричковски, Крсте Велковски, Бабунски, Радески.
У напад Јахович, Костовски моментално ни се најдобри.
Шпанциве денеска можеа да ни дадат 10, курташак си играа со нас. Без средина игравме, одбраната катастрофа, како да беа собрани од кафана random луѓе да играат.
Со квалитетен селектор освен Шпанија, сите други можеме да ги победиме дома, али со изборот на бате Боле не гледам некоја надеж. Се надевам дека и тој ќе види какви грешки прави во изборот на играчите. Со малку поправилен избор на играчи можеме да бидеме пред Литванија и Луксембург али ако продолжи вака работата и Луксембург ќе се пред нас.
Ќе ги бараме Катанец и Чеде. Кога Катанец збореше то је то, целокупна јавност, медиуми се смееја епа смејте се пак, со тие играчи тој е максимумот. Чеде не испадна фер, избега да, ама со него барем имавме каква таква игра, постигнувавме голови, единствена грешка му беше шо не го викаше Попов у репрезентација али одлично си ја вршеше работата човекот. Уште се нервирам кога ми текне Филе свињата дебела уште што не пишуваше за Чеде, го вреѓаше, со земјата го рамнеше не чинел. Бабунски и 30:0 да изгубеше газот му го лижеше ама овој не му чинеше.
 
Mene ne mi e jasno zosto go izvadi ALioski, a go ostavi Cuculi. Zosto uopste startuvase so Trajkovski kako igrac za vrska ? Zosto Spirovski koga go izvadi go stavi Radevski, igrav civa prirodna pozicija mu e krilo....
Mnogu gluposti vo eden natprevar. Probuva nekoja topla voda da izmisli selektorot.

Ali najvise sum razocaran od Stefan Ristovski. Ocekuvav mnogu poveke od nego. Nekako mnogu mlako, nesigurno igrase.
 
Не го споредив јас туку членот што го потенцираше тоа дека Даре е повикан а не Глигоровски.
Како и да е, и Глигоров и Даре требаше да бидат на терен вечерва. И евентуално Ранџеловиќ
 
Ѓуровски со тефтеров.

10447540_918525438164320_4948977439191650078_n.jpg

*Fixed

плус фураат иста формација и вадат исти резултати
 
Последно уредено:
а ти знаеш кој треба да биде повикан, ако знаеш кажи 11 играчи треба да играат, односно знаат да играат фудбал..

Види, ја не ти викам дека ако беа некој други повикани на местото на овие со купени места ќе бевме многу подобри. Едино Пандев, Николче, ај еве и Тричко, Грне и Буба се играчи кои би направиле разлика. Првите тројца се откажаа откако видоа шо е како е, Хасани е повреден ваљда а Грнчаров заборавил да го части Илчо кафана. Други немаме. Сите се подпросечни или се млади кои уште не можат да играат против сениорски репрезентации.

Ја ти кажувам дека со самото тоа што се знае како се добиваат 4-5 места од тие 23 у репрезетнација, значи у репрезентација, играчите кои играат во неа нема да ја сфатата за сериозна туку за можност да се продадат.

На претходниве квалификации имавме добро тимче, добри петнаесетина играчи од кои можеше да се склопи нешто. Ни фалеше само уште еден добар дефанзивец и најважното - фантазер! Ама Чеде ја заеба, не постави никаква игра (батали филмањата кои ги имаше после првиот меч со Хрватска), на крај ги загуби и конците и избега. И со тоа ни отиде последниот воз. Треба коренити промени во македонскиот фудбал, додека се случат треба сфатиме дека сме на дното во Европа и дека репрезентацијата ни е парламент.
 
Еве, да нема врски и плаќање под маса за репрезентација, како би изгледал првиот тим?
Пачовски​

Ристовски - Грнчаров - Шиков - Глишиќ

Глигоров​
Велковски - Бабунски​

Ибраими - Јаховиќ - Хасани
Со тоа што Попов ми се мењал со Глишиќ лево.
Мојсов и Дино Најдоски штопери.
Десно Тодоровски или Георгиевски (што играше у Стеауа да му ебам крффта 5 пати едитирам од што немоеше да ми текне) со Ристовски.
Демири и Адеми со Глигоров.
Костовски, Ѓуровски, Велковски, Абдурахими, Тричковски и Трајковски у напад.
 
Последно уредено од модератор:
Сеуште не можам да ја заборавам играта од натпреварот со Шкотска таму. Таа екипа беше на вистински пат, само ете од нив се пензионираја Пандев и Новески а не гледам зошто не играат тие што беа таму и се експериментира со некој просечни играчи за мак лигата.
 
Пачовски
Георгиевски Шиков Мојсов Попов

Шумуликовски Тасевски Ѓуровски

Ибраими Ивановски Тричковски

КОЈ САКА НЕКА ДОЈДЕ! :vozbud:
 
Ме интересира само тоа што пред некое време се промовираше тој модел на 4-2-3-1 по кој ќе играат сите репрезентации, ама Бошко прави исклучок досега и не ја разбирам поентата...Досега не ми оставил некој впечаток како селектор и мислам дека ќе биде рамо до рамо со Јонуз и компанија кои ја воделе репезентаијава.

Да се среди добро одрбаната и средината, можеме да се бориме во иднина зошто офанзивата е океј само нема доволно подршка од среден ред. Да се надеваме дека со Адеми би се решиле некои проблеми, а шанса зошто да не добие и Велкоски, па и Бабунски. Мислам дека по тоа што го имам гледано е доктор на науки за еден Спироски.
 
Големо растојание имаше помеѓу одбаната и средниот ред кој што требаше да се враќа многу поназад за да се згусне одбраната и да не им се дозволи на шпанците да не шибаат со тие нивните пасови како што сакаат,но и тоа не ни помагаше вечерва затоа што нашиве играа со врзани нозе
(y)Значи гледав само првите 30-35 мин. и немаше потреба поќе да гледам кога се ми беше јасно.Со онаква дупка помеѓу одбраната и средниот ред, и тотална одсеченост и дезорентираност на бековите и добро поминавме.
Друго онај Алиовски незнам кој го форсира ама тешко нас со онакви фудалери.Не дека другите беа нешто подобри освен Пачовски,Ибраими и до негде Трајковски кој иако играше на не типична позиција барем се трудеше другите чорба.Исто така незнам оти Кире Ристевски не доби шанса место Шиков или Цуцули мислам дека е подобрса опција...Но без разлика на се со овие играчи кои ги имаме наредни 10 години само ќе биди полошо , и само тогаш би имале резултати ако уште неколку клубови од државата се посветат на работа со млади кадри нешто шо го почнаја Вардар и Шкендија инаку чорба.[DOUBLEPOST=1410214378][/DOUBLEPOST]
Да се надеваме дека со Адеми би се решиле некои проблеми, а шанса зошто да не добие и Велкоски, па и Бабунски. Мислам дека по тоа што го имам гледано е доктор на науки за еден Спироски.
Брат Спировски ти е заден везен а Бабунски офанзивен везен.Мешаш баби и жаби.
 
Јас знам дека е еден од нашите најголеми таленти ама уште е талент и не можеш да го споредуваш со Глигоров.

Ако дошло ред Јаховиќ да ни биде најдобар напаѓач подобро да не играме ни квалификации повеќе. Мирко Ивановски е подобар, и двајцата немаат у глава ама барем Мирко е подвижен.

Марио ради некој си договор со клубот, дека е далеку така нешто. Ради тоа не го викаат.
Алиоски не е лош, ама требаше денес да стартува Глишиќ, дефанизвно стои подобро од Алиоски.
Го претеруваш за Јаховиќ, и те како во моментов ни е најдобар играч, Јове е добар али мислам дека Јаховиќ е подобар.
За Глигоров и Тасевски се неоправдано изоставени од тимот.
 
Го претеруваш за Јаховиќ, и те како во моментов ни е најдобар играч, Јове е добар али мислам дека Јаховиќ е подобар.
За Глигоров и Тасевски се неоправдано изоставени од тимот.
Според што е подобар Јаховиќ?
Ист тип на напаѓач се, само Јове е поагилен, по подвиже, технички по поткован.
 
Според што е подобар Јаховиќ?
Ист тип на напаѓач се, само Јове е поагилен, по подвиже, технички по поткован.
Ај сеа, на тромави и спори напаѓачи ќе им мериме агилност и техника, не ме зезај. Битно е кој е во подобра форма, кој дава голови. Јас не би го играл Јове зашто не ми се допаѓа како напаѓач додека Јаховиќ ме има импресионирано за репрезентација, Јове ниту еднаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom