Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ма баталете ги вие и Абдурахими и Цуцули и сите останати, Артим Положани е човекот, спремете се за негов голем Come Back, посилен од било кога, има се да руши пред него, едвај чекам септември да стигне да и гостуваме на Шпанија, има лом да ги направи сите до еден :pos:
 
Селекторот на најдобрата македонска репрезентација, Бошко Ѓуровски го објави конечниот список на фудбалери за кои смета на контролните натпревари против Камерун и Катар на 26 и 30 мај 2014 година во австриски Куфштајн и Риети во Италија. На списокот се наоѓаат 23 фудбалери, но многу веројатно ќе трпи промени за вториот натпревар против Катар во Италија. Поради клубски обврски двете пресметки ќе ги пропуштат Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска) и Стефан Ристовски (Латина, Италија), поради повреда во тимот ќе недостасува Егзијан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија), а за двата натпревари во составот нема да биде ниту Мухамед Демири (Ст. Гален, Швајцарија).

ГОЛМАНИ: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Андреја Ефремов (Металург)

ОДБРАНА: Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија), Александар Тодоровски (Штурм, Австрија), Горан Попов (ВБА, Англија), Адријан Цуцули (Шкендија), Ванче Шиков (Волин, Украина), Бобан Грнчаров (Таврија, Украина), Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Кире Ристевски (Славија Софиа, Бугарија)

СРЕДЕН РЕД: Стефан Спировски (Берое, Бугарија), Ферхан Хасани (Брондби, Данска), Агим Ибраими (Каљари, Италија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Александар Трајковски (Мехелен, Белгија), Тауљан Сулејманов (Работнички)

НАПАД: Иван Тричковски (Беверен, Белгија ), Бесарт Абдурахими (Хапоел Тел Авив, Израел), Јован Костовски (Леувен, Белгија), Адис Јаховиќ (Ворскла, Украина), Баже Илијоски (Работнички), Крсте Велковски (Сараево, БиХ), Борче Маневски (Работнички)
 
http://sport.com.mk/?ItemID=318DC9317098B7488B10F5BD467B9DD5
Aдеми: Сакам со Македонија на ЕП
Веќе е официјално. Аријан Адеми во разговор со „Македонски спорт“ потврди дека во иднина ќе игра за Македонија. Веднаш откако прифати, весникот стапи во контакт со Адеми и тој образложи дека е договорено да игра за нашата земја.

„Одлучив, во иднина ќе настапувам за репрезентацијата на Македонија“, вели Адеми.
Тој ќе биде на располагање за идните квалификации за ЕП во 2016 година, преку кои се надева дека македонската репрезентација ќе обезбеди пласман на Европскиот шампионат во Франција.

„Групата не е лесна, меѓутоа новиот формат и фактот што се пласираат три репрезентации во голема мера дава шанса да се игра во завршницата. Чест ми е што ќе играм за Македонија и ќе дадам сè од себе да играм со оваа селекција на ЕП“, рече фудбалерот на Динамо Загреб, кој е прв братучед со Агим Ибраими, македонскиот репрезентативец кој исто така имал свој придонес во убедувањето да игра за нашата репрезентација.
Виде колку е часот и ај сега за нас.
 
http://sport.com.mk/?ItemID=318DC9317098B7488B10F5BD467B9DD5

Виде колку е часот и ај сега за нас.
Гледај , нормална работа е ова денеска во светот на фудбалот .... имаш можност дали да играш или пак за земјата од потекло или пак моменталната земја .... секогаш се оди на приоритет на која земја е моментално во подобра состојба во фудбалот .... Колку Албанци имаат само во Швајцарија, колку од Северна Африка само во Франција,колку црнци од Африка има само во Англија,Холандија ... браќата Боатенг ?! .... како и да е треба да се поздрави ова .... добивме навистина втор квалитен играч покрај Абдурахами за многу кратко време .... во моментов, ФФМ се во прегорови со уште 3/4 фудбалери кои би требало да донесат навистина уште добар квалитет ... едниот турчин за Бурсаспор(Serdar Aziz),вториот е Давид Митов Нилсон (Шведска) .... Мустафи(Сампдорија,Германија) ни побегна за влакно , да реагиравме навистина порано , ќе можевме да го придобиеме .... како и да е ... одлични вести ни доаѓаат за кратко навистина време :)
 
Сакам да кажам, лани кога го повикаа он не за Хрватска ќе играл. Сакал конкуренција, ќе се борел со другите за прв тим.
Инаку да добра вест е ова...
 
Гледај , тоа е тоа , нема што тука треба да се критикува , он можеше за Албанија,Хрватска или Македонија ... 3 држави се во прашање ... одлучи за нас ... како и да е , се согласивме , ова е одлична вест ... момаков го бараа во Бешикташ и во Спортинг Лисабон , летово треба да се сели во нов клуб , но со сигурност тоа ќе биде навистина навистина високо квалитетен клуб .... ете која тежина добиваме ... секоја добиена фигура на полето е добродојдена .... :)
 
Абе едно е кога некој како (пример кажувам) Игњовски или Павловски ќе ни мавне корпа и ќе рече „јас сум Србин, Македонија не ме интересира“ и после ако го баталат од Србија (или било која репрезентација ја одбрал) се сврти кон нас - тогаш стварно е лицемерен копиљ, ама кај Албанциве искрено што очекуваш, тоа Албанците тука што живеат повеќето не се сметаат за Македонци а не па за тие во странство што се израснати, така да смешно е да ги обвинуваш таквите како Адеми или Абдурахими зошто од старт не сакаа за нас да играат туку тек сега им текнало, кога ни се уствари Македонци (по потекло) ниту се тука израснати, многу јасно дека нема да се тепаат за нас да играат и дека предност ќе им дадат на земјата каде што живеат... Така да за таквите играчи како нив двајца или Демири на пример треба на некој начин да сме среќни што воопшто ги добивме како наши играчи оти ни се Македонска националност ни се тука израснати ни имаа наше државјанство кога ги донесовме, туку имаа некоја си линија со нас (било дали родителите им се од тука или што и да е) па ете по правилата имаат право и за нас за играат и ете прифатиле оти немале поарна опција...
 
Тука треба да реагира федерација, според мене.

Еднаш го викнале, ок, не сака- чао пријатно, играј си за Хрватска, Србија, Косово. Бриши го засекогаш.
Не вака, ги одбиваат таму, не се доволно квалитетни и ај дојди си во Македонија.

Е нема бате.

Мене ми е јасно дека ние немаме квалитет и неможеме да прибираме, ама некого да молат и да изиграваат златна резерва...Подобро последни на ранкинг да бидат.
 
па сеуште го немаат викнато пак но ќе го викнат, што е лош потег..кога веќе еднаш ги одби и виде сеа не може во Хрватска да игра пошто има конкуренција и сега ајде пак овде ќе се нудам..
 
Него кога сме веќе на оваа тема: што е сеа ситуацијата со тој Ваљмир Нафиу? Оти нели некој од Албанските весници објави дека наводно рекол оти се решил во иднина за Косово да игра и се откажал од наша репрезентација, но немаше некоја потврда за такво нешто, но од друга страна пак откако тоа се случи еве ниеднаш не е (повторно) повикан за У21 репрезентацијата, ниту за следниве натпревари кога Бабунски веќе почнува да гради тим за следните квалификации (за кои би требало да игра и Нафиу оти он е во таа генерација)...

Сега со Катар ќе сме играле пријателски натпревар во Ахен (Германија), значи ако сега не го викнат (кога и онака им е во Германија и ништо нема да ги кошта да им се приклучи таму за натпреварот на кој Бабунски ќе пробува нови играчи за следниот циклус) мислам дека озбилно е отпишан, ама сепак ме интересира дали во моментов има некоја конкретна информација/потврда за ова (или сепак нема врска тоа гласините дека рекол такво нешто)?
 
Со Адеми и Абдурахими, полека полека го средивме средниот ред кој беше најслаб дел од тимот, плус со Марио и Бабунски, имаме добра средина.
Со добра средина, нападот е поопасен, но и одбранта е поцврста.
Штета шо Новески се повлече, но што е тука е.
 
Пред 5 дена исто така постигнал гол за Хапоел.
 
ФФМ го контактирале Риза Дурмиши за да игра за Македонската Селекција .... игра во Брондби ,заедно со Хасани !!!
игра на позиција лев бек,20 години има .... момаков е фантастичен :)

Со Адеми и Абдурахими, полека полека го средивме средниот ред кој беше најслаб дел од тимот, плус со Марио и Бабунски, имаме добра средина.
Малце не си во тек со настаните, Ѓуровски го отпиша Марио, рече дека не планира веќе на него...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom