Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Виде колку е часот и ај сега за нас.Aдеми: Сакам со Македонија на ЕП
Веќе е официјално. Аријан Адеми во разговор со „Македонски спорт“ потврди дека во иднина ќе игра за Македонија. Веднаш откако прифати, весникот стапи во контакт со Адеми и тој образложи дека е договорено да игра за нашата земја.
„Одлучив, во иднина ќе настапувам за репрезентацијата на Македонија“, вели Адеми.
Тој ќе биде на располагање за идните квалификации за ЕП во 2016 година, преку кои се надева дека македонската репрезентација ќе обезбеди пласман на Европскиот шампионат во Франција.
„Групата не е лесна, меѓутоа новиот формат и фактот што се пласираат три репрезентации во голема мера дава шанса да се игра во завршницата. Чест ми е што ќе играм за Македонија и ќе дадам сè од себе да играм со оваа селекција на ЕП“, рече фудбалерот на Динамо Загреб, кој е прв братучед со Агим Ибраими, македонскиот репрезентативец кој исто така имал свој придонес во убедувањето да игра за нашата репрезентација.
Гледај , нормална работа е ова денеска во светот на фудбалот .... имаш можност дали да играш или пак за земјата од потекло или пак моменталната земја .... секогаш се оди на приоритет на која земја е моментално во подобра состојба во фудбалот .... Колку Албанци имаат само во Швајцарија, колку од Северна Африка само во Франција,колку црнци од Африка има само во Англија,Холандија ... браќата Боатенг ?! .... како и да е треба да се поздрави ова .... добивме навистина втор квалитен играч покрај Абдурахами за многу кратко време .... во моментов, ФФМ се во прегорови со уште 3/4 фудбалери кои би требало да донесат навистина уште добар квалитет ... едниот турчин за Бурсаспор(Serdar Aziz),вториот е Давид Митов Нилсон (Шведска) .... Мустафи(Сампдорија,Германија) ни побегна за влакно , да реагиравме навистина порано , ќе можевме да го придобиеме .... како и да е ... одлични вести ни доаѓаат за кратко навистина време
Тука треба да реагира федерација, според мене.Абе едно е кога некој како (пример кажувам) Игњовски или Павловски ќе ни мавне корпа и ќе рече „јас сум Србин, Македонија не ме интересира“ и после ако го баталат од Србија (или било која репрезентација ја одбрал) се сврти кон нас - тогаш стварно е лицемерен копиљ, ама кај Албанциве искрено што очекуваш, тоа Албанците тука што живеат повеќето не се сметаат за Македонци а не па за тие во странство што се израснати, така да смешно е да ги обвинуваш таквите како Адеми или Абдурахими зошто од старт не сакаа за нас да играат туку тек сега им текнало, кога ни се уствари Македонци (по потекло) ниту се тука израснати, многу јасно дека нема да се тепаат за нас да играат и дека предност ќе им дадат на земјата каде што живеат... Така да за таквите играчи како нив двајца или Демири на пример треба на некој начин да сме среќни што воопшто ги добивме како наши играчи оти ни се Македонска националност ни се тука израснати ни имаа наше државјанство кога ги донесовме, туку имаа некоја си линија со нас (било дали родителите им се од тука или што и да е) па ете по правилата имаат право и за нас за играат и ете прифатиле оти немале поарна опција...
Тука треба да реагира федерација, според мене.
Еднаш го викнале, ок, не сака- чао пријатно, играј си за Хрватска, Србија, Косово. Бриши го засекогаш.
Не вака, ги одбиваат таму, не се доволно квалитетни и ај дојди си во Македонија.
Е нема бате.
Мене ми е јасно дека ние немаме квалитет и неможеме да прибираме, ама некого да молат и да изиграваат златна резерва...Подобро последни на ранкинг да бидат.
Малце не си во тек со настаните, Ѓуровски го отпиша Марио, рече дека не планира веќе на него...Со Адеми и Абдурахими, полека полека го средивме средниот ред кој беше најслаб дел од тимот, плус со Марио и Бабунски, имаме добра средина.