Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Илчо управувал со возилото, у пм :(, се судриле со комбе, повредите биле фатални само за Петар, други детали сега за сега нема.

Лошо лошо.
 
Пишува дека наводно комбето излетало во нив (колку е вистина незнам), ама како и да е, нека поичива Петар во мир и голема благодарност за сиот придонес во нашата репрезентација.
 
Ова шо се случи е голема трагедија ,уште не ми се верува...Петар нека почива во мир...Штета :(
 
Како што беше од претходно најавено, на Конгресот на УЕФА одржан во Казахстан потврдено е основањето на турнирот за репрезентации „Лига на нации“.

Новото натпреварување за европските репрезентации, кое би требало да ги замени поголемиот дел пријателски натпревари, ќе стартува од септември 2018 година. Учесниците на завршниот турнир на Лигата на нациите би се избориле за директен пласман на ЕП 2020, со укинат бараж, а подоцна би се вклучиле и во квалификациите за СП 2022.

„Се работи за навистина важна одлука за иднината на фудбалот и националните тимови“ - истакна претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

Форматот на натпревари треба да се прецизира во иднина, иако се предвидува дека 54 национални тима ќе бидат поделени во четири дивизии кои ќе играат од септември до ноември 2018 година. Репрезентациите во соодветните дивизии ќе бидат распределени според рејтинг коефициентот. Во еден таков случај Македонија, согласно својот рејтинг, треба да биде во третата квалитативна дивизија.

Тимовите од пониските дивизии ќе се натпреваруваат како би стигнале до промоција во најквалитетната група, или за да дојдат до шампионската титула во „Лигата на нациите“ и да се квалификуваат за ЕУРО плеј-офот.

Секоја од дивизиите би била поделена во четири групи од по три или четири тима, па секој тим во соодветната дивизија ќе може да игра шест меча во периодот од септември до ноември 2018.
http://ekipa.mk/ofitsijalno-evropskata-liga-na-natsii-startuva-od-2018-makedonija-vo-treta-divizija/
 
Шота Буби .... ти си луд со никнејмот :D

Супер е ова ,овој формат , барем ќе имаме констатно играње на репрезентацијата на подолг временски рок , наместо моменталното ,ќе заврши еден квалификациски циклус и долга пауза и само 2/3 пријателски во меѓу време .... :)
 
извини,заборавив лична карта да покажам:rolleyes:
 
За лигата на нации - http://www.macedonianfootball.com/i...n-last-group&catid=13:international&Itemid=64

Според правилата на УЕФА, ќе се гледа коефициентот на земјата, не ФИФА ранкингот за европски земји. Значи не сме триесет и не знам таму кој туку 42-ри и доколку следната сезона почнуваше лигата, ќе бевме во последната квалитативна група, заедно со Сан Марино, Андора и ним сличните. Е сега, имаме уште некоја сезона фора да го крениме тој коефициент, ама на пример оваа сезона имавме само 0.5 коефициент, претходната нешто повеќе а претходните години кога имавме добар коефициент благодарение главно на настапите на Работнички ќе се бришат затоа што во обзир се земаат само настапите од последните 5 години. Ако нешто не се смени во сезоните што доаѓаат, ќе играме во четвртата група.
 
и уште нешто, денеска женската репрезентација загуби 10:0 дома од Шпанија..Без навреда, но се запрашале ли девојките, најголемиот дел, (Наташа Андонова се одвојува дефинитивно), дали ја одбрале вистинската професија? Ако играат само за да заработат,а при тоа бележат срамни резултати, тогаш секоја чест..пара да заработиш, ама заслужено, не вака, си трчкаш лево десно, се запрашуваш дали ќе стигнам до топката...не е само Шпанија, и други понеатрактивни селекции, ни делат лекции...срамота..
 
Женската репрезентација се користи исклучиво за кладење.
 
Еве да видите кој ни игра во младинските репрезентации и да видите зошто нема да има фудбал во државава уште долго време
Срамота за ФФМ па и за цела држава...
Видеово го има објавено Словачката фудбалска федерација
 
Не се криви децата и онака се слаби тие, во случајов се гледа дека другите се надмоќни ама ова со судијата ако го организирала федерацијата треба да си ги сноси последиците, невиден срам е ова.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom