Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Шота Буби .... ти си луд со никнејмотКако што беше од претходно најавено, на Конгресот на УЕФА одржан во Казахстан потврдено е основањето на турнирот за репрезентации „Лига на нации“.
Новото натпреварување за европските репрезентации, кое би требало да ги замени поголемиот дел пријателски натпревари, ќе стартува од септември 2018 година. Учесниците на завршниот турнир на Лигата на нациите би се избориле за директен пласман на ЕП 2020, со укинат бараж, а подоцна би се вклучиле и во квалификациите за СП 2022.
„Се работи за навистина важна одлука за иднината на фудбалот и националните тимови“ - истакна претседателот на УЕФА, Мишел Платини.
Форматот на натпревари треба да се прецизира во иднина, иако се предвидува дека 54 национални тима ќе бидат поделени во четири дивизии кои ќе играат од септември до ноември 2018 година. Репрезентациите во соодветните дивизии ќе бидат распределени според рејтинг коефициентот. Во еден таков случај Македонија, согласно својот рејтинг, треба да биде во третата квалитативна дивизија.
Тимовите од пониските дивизии ќе се натпреваруваат како би стигнале до промоција во најквалитетната група, или за да дојдат до шампионската титула во „Лигата на нациите“ и да се квалификуваат за ЕУРО плеј-офот.
Секоја од дивизиите би била поделена во четири групи од по три или четири тима, па секој тим во соодветната дивизија ќе може да игра шест меча во периодот од септември до ноември 2018.
http://ekipa.mk/ofitsijalno-evropskata-liga-na-natsii-startuva-od-2018-makedonija-vo-treta-divizija/
извини,заборавив лична карта да покажамШота Буби .... ти си луд со никнејмот
Супер е ова ,овој формат , барем ќе имаме констатно играње на репрезентацијата на подолг временски рок , наместо моменталното ,ќе заврши еден квалификациски циклус и долга пауза и само 2/3 пријателски во меѓу време ....![]()
Супер е дечково .... има супер дриблинг и техника и најважно, агресивно пробивен е .... милион му е вредноста