Мешаме баби и жаби ама ајде: Мекејлеб може.
Во фудбалски рамки да имаш играч како Мекејлеб е како да имаш напаѓач како Ето. Мекејлеб е во топ 5 во Европа, физички е перфектно подготвен и покажува се што знае, а знае многу. Срце-шмрце. Квалитет и форма.
Пандев е подготвен за 60 минути, години наназад. Не само во Македонија, така беше и во Интер и во Лацио. Затоа и не остана во Интер, зошто и покрај огромното знаење тој не може константно да прикажува добри игри. 2-3 натпревари и паѓа, па мора да го одмораш. Во силни екипи тоа не поминува. Потребни се физички подготвени фудбалери. Еве на пример моја споредба како фан на Интер: Пандев е класа за Дејан Станковиќ во смисла на разбирање фудбал, ама Дејан до последниот ден беше подготвен топ и затоа остана долги години во Интер и беше незаменлив. И во Наполи Пандев не може да биде прва постава, или ќе биде резерва или ќе го ваѓаат во второ полувреме. Повремено ќе одигрува цели натпревари поради ротации но не може да одигра неколку цели натпревари во низа. Никој не го спори квалитетот на Пандев но од некои причини тој си остана физички неподготвен цел живот, дали е до градбата или до некои други проблеми не знам.
Едноставно, тој не може да прикаже она што вие сакате, без одлични соиграчи покрај него. Во репрезентација тој е мета на противниците зошто е единствен играч на кого обраќаат внимание, само на дуелот со Хрватска Вукојебиќ го фаулираше 20 пати во прво полувреме а судијата се правеше на три и пол.
Да не разглабам повеќе, тоа е мое мислење за Пандев. Благодарност за тоа што ја трпеше оваа публика и сите срања во федерацијата за кои и не знаеме. Не направи ништо посебно а и не ни можеше. Слаби сме, неорганизирани сме, репрезентација за полнење нечии џепови. Тоа е...