Ф
Флеш
Гостин
не можеше полошо .... 
http://brif.mk/rakurs/goran-pandev-uapsen-na-aerodromot-vo-rim-po-poternica-na-ffm/

http://brif.mk/rakurs/goran-pandev-uapsen-na-aerodromot-vo-rim-po-poternica-na-ffm/
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кошарка освен Антиќ и Мекејлеб што играа во добри тимови, сите други играа во смешни лиги, а замисли освоивме 4 место на ЕП.
Не е мерило за успех тоа дали играчите ти играат во трета или во прва лига. Ако секој дава максимум, ако тимот функционира како целина ете ти шанса за успех.
Никој не оспорува што пандев направил индивидуално, ама биди горд и достоинствен и играј за репрезентација подобро или барем на исто ниво како што играш во клубот (нешто што го прават Германците).
Тогаш зошто не направија нешто и оваа првенство, туку се изрезилија и после една победа се дигнаа до небото и почнаа да се пијанчат во време кога требаше најмногу да се сконцентрират за да го дадат максимумот на следните натпревари за да ги поминат групите. Они во сред циклус удрија на слава. Тоа 4 место еднаш го видовме и никогаш повеќе да знаеш, сите утакмици ги добивавме во последните секунди али ни се погоди и направивме успех.
Они се дигнаа у небо уште пред да отидат, кога викаа дека со медал ќе се вратат. Ете затоа не успеавме на ЕП во Словенија.
Изглеа у недостаток на аргументи го вртиш муабетот во погрешна насока. Целта на постот не беше ја и ти да расправаме зошто пропаднале кошаркарите. Тие беа дадени како пример дека ако даваш 300% на терен, ако си сложен тим, ако капитенот е оној кој ќе го дигне тимот кога е во криза, иако играчите не доаѓаат од познати тимови пак ќе има успех.
Иначе морам да се извинам што го заборавив чедо, ипак он би бил најголем лицемер во земјава, а пандев втор...
Извини шо не те прашав дали можам да си ги рангирам лицемерите по сопствено убедување...Сега почна и ранг листа да правиш кој е прв лицемер кој втор.... Многу луѓе го исвиркуваа Пандев, го пцуеја, сакаа да си отиде од репрезентацијата, епа ете им се исполни желбата и сега повеќе да не зборуваат. А што се однесува до тие 300% на терен, желбата за успех, тимот кога е во криза капитенот да го кренал....сите тие работи така многу лесно звучат да се напишат и прочитат, најбитно е во практика како ќе се применат. Како прво ние не располагаме со квалитетни ресурси од кај што можеме да имаме потенцијал, толку се силите, 90% од репрезентативците не знаат да шутираат, топка да водат и ред други основни работи туку се влезени преку врски. Со фудбалско знаење се игра фудбал за репрезентација и за екипа, а после тоа доаѓа ние тоа што го велиме со срце, бидејќи ако некој нема фудбалско знаење незнае фудбал да игра како прав професионалец џабе му се и со 5 срца да трча низ теренот како мува без глава.
Извини шо не те прашав дали можам да си ги рангирам лицемерите по сопствено убедување...
И да голем кеиф ми се направи шо ќе си оди пандев, само уште и другите како него истото ако го направат ќе биде уште подобро.
Тоа со 300% на терен и тоа за капитенот не го измислив ја па да се мачам да мислам како да се изведе во пракса. Ако тоа е можно во никои други репрезентации не знам зошто не би било можно и кај нас..
Цело време истите муабети кај нас се вртат, немало инфраструктура нема ресурси и затоа не успеваме. Се додека кривицата ја гледаме во друг џабе е се, имај 1000 најубави стадиони, најмногу средства, најдобар тим, се ќе биде џабе.
Уште еднаш ќе кажам поголем кеиф ќе ми се напраи да бидеме последни на ранг листата на ФИФА ама да имаме тим што ќе игра од срце за државата !
Рангири си ги како сакаш, јас то го спомнав затоа шо ми беше интересно али ок е не ти се мешам. Многу репрезентации располагат со прави фудбалери а не со шалабајзери. А тоа што го велиш за инфраструктурата, за условите, за средствата....тоа ти е тотален промашај. Па тоа ти е општо правило за успех, самите играчи знаат во каква средина ќе работат, во каква организација и тоа ќе им даде мотив повеќе и со тоа ќе добијат поголема поддршка. Инаку така зборувајќи само од како што гледам патриотски мотиви со срце за државата, уште долги години ќе го правиш истиот муабет и никогаш нема да кажеш и признаеш дека ете некој играч во фудбалската репрезентација на РМ ги задоволил твоите навивачки апетити и го дал максимумот за кој што ти зборуваш, а никој незнае и го нема измерено колкав е тој максимум што треба да се даде. Човечкото око е ненаситно јбг.
Ќе му останат и три пласмана на светско и европско (ако збориме за радување)Неам шо да отварам теми, отворено е се.
Радуај се на победата, тоа ќе ти остане.
Добро да речеме дека грешам околу муабетот за стадионите, еве последниов период се вложува во спортот, нови сали, тениски игралишта, реконструкција на Филип Втори... а ние ништо не праиме. Кои поголеми услови ги има Либија (каде државата беше уништена од НАТО) за да биде пред нас и во услови кога има војна меѓу племињата таму, да скокне за уште 9 места... ?
Ако мене ме прашуваш најголема мотивација треба да ти биде тоа дека играш за својата држава.
Иначе еве пример Пачовски, Шиков, Георгиевски, Ибраими се играчи на кои ми текнува во моментов, а кои ги „задоволуваат моите апетити“.
Кире Лазаров најверојатно. Значи уште кога ненадејно замина Чедо си реков има нешто тука некој сакаше да си оди оти ќе пропаднеше целото поткупуњане за губење натпревари.Пандев си замина од фудбалот,Антиќ од кошарката, кој е следен ?![]()
Се сложувам до негде за ова за ФИФА шо го кажа, ама па ипак не може тотално да се занемарат ваквите листи. Нас барем ни кажуваат колку ни е мизерен фудбалот...Наша цел е дека не треба многу да се замараме со ФИФА ранг листата, бидејќи таа варира после секои натпревари, туку нашата желба на сите е да се избориме да излеземе на некое Европско или Светско првенство. Бидејќи веќе 20 и кусур години зборуваме кој биле пред нас кој зад нас на ФИФА листата, таа сатисфакција е нула во споредба со тоа да излезеш на некое големо натпреварување. Ама затоа стварно сум песимист во блиска иднина дека ќе се случи.