Јас кога велам дека фудбалот треба да се укине во Македонија во наредните 3 , 4 , 5 години да се седне и да се размисли како понатаму. Инаку не е далеку денот кога Фарските острови , Лихтештајн и Андора ќе ни држат лекции. Треба да се биде реален и да се признае дека целата наша репрезентација не вреди колку еден просечен Германски или Шпански репрезентативец. Во нашава група Шкотска и Велс (без Бејл) се дупло поскапи од нашата репрезентација Србијанците 5 пати , Хрватите 8 пати а Белгија 15 пати. Според тоа не е ни чудно да бидеме последно место.