Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
И јас то се чудам, зошто Стефан не го земат за репрезентација, а постојано се жалат дека му фали тој последен играч за врска.

повреда има Спировски не играше и за Работнички мислам.
 
А што е со Пеџа Ранѓеловиќ и Стефан Спироски? Ги нема ни за младинците (ај Спироски веќе 23г. има) ни во списоков за сениорите. А тие се според мене единствените двајца млади играчи кои можат во скоро време да ни ја пополнат најдефицитарната позиција и кои имаат осет за креативност и техника.

И Пеџа нема право на настап, 22 години има :)

А Спировски на мапа го нема. Беше на позајмица у Работнички, се повреди, не играше, и од тогаш ни трага ни глас.
Ваљда се вратил таму у Чачак, мачак кај и да играше пред тоа....
 
Го виде ли тоа дрвото тоа 5ката 3 100% шанси има утакмицава и промашува

Нешто гледав нешто не ама тие 3 шанси изгледа сум ги пропуштил.
Страшно лоши се во организација на игра, без Давид некако изгледаат безидејни, не дека со него цутат ама барем малку од малку прави разлика кога е на терен.
 
Ке биде интересно да се види како ке се развива Бабунски...далеку е од вундеркинд, барем тоа е јасно, ако беше нешто такво досега не само Барселона Б, туку и за прв тим ке заиграше.
Ама, не ни мора да биде некое чудо од дете, доволно за нашава репрезентација ке биде да стане просечен играч од средина, нека си фати место во некој од средниве шпански клубови во Примера, нека игра регуларно...многу ке придобиеме со него, таков играч години наназад нема, а нема ни да има веројатно во скоро време.
 
не е вундеркид, ама тазе 19 години има да не сакаше на 18 години да го заемни иниеста ?
 
Види, има време за него, точно, еве на пример Педро на 21,22 години почна да игра регуларно, зошто да не и нашиов. Али некое претчуство имам дека сепак ке си остане просечен играч, се надевам дека ке ме демантира скроз :)
 
вудеркит? гледај го Халилович партал прави на 17 години..веќе настапи и за Хрватска вчера и има огромен потенцијал..
не викам дека Бабунски не е талентиран или слично бидејќи го немам гледано но ако почне да игра редовно во Барса Б би било супер ќе се развива во играч веќе..
 
Глуп муабет е уште од сега да се кажува како ќе се развива. Се зависи од него пред се, како ќе се покаже на тренинг и колку ќе работи да го доразвие потенцијалот кој го има несомнено. Не знам зошто некои играчи се класифицираат уште од 16/17 години за вундеркид кој подоцна ако не вложува во својот развој би бил просек играч (има голем број такви играчи кои се сметале за вундеркид и после на 20та година флопнале и играат по 2-3 лига). Моментално Барса во прв тим поседува изобилие на играчи на негова позиција, а и малку постари негови колеги од таа позиција кои играат во Барса Б не можат да фатат место во прв тим ради таа голема конкуренција, а пак истите му го попречуваат патот на Бабунски во Барса Б. Има во него нешто и тоа се гледа од далеку, сега има посериозна можност да се искаже и докаже што знае и умее, па подоцна здравје ако работи напорно може да биде и врвен фудбалер. Еден Иниеста на почетокот додека се етаболира во прв тим го фати 20/21 година каде играше многу понапред, мислам и како напаѓач се додека не се повреди Чави каде мораше во тој момент да го замени и се увиде дека може на таа позиција да биде далеку попродуктивен.

И не правете споредби со Халилович, зошто сите ја знаеме политиката на Динамо, знаеме за какво првенство се работи. Во таква лига и во таков тим некој кој има толкав потенцијал и талент на тие години може лесно да се примети и да се етаболира во прв тим и да се претстави на јавноста полесно отколку во некој европски гигант како Барса кој има за секоја позиција по 2-3 играчи, кој игра тешки мечеви во лигата и во ЛШ.

Затоа викам времето е пред Давид и се зависи од него. Доколку работи напорно и вложува во себе може својот талент и потенцијал да го искористи и да стане играчиште, има огромна можност за тоа но се зависи од него.
 
Тоа дека ако бил вундеркид ќе играл веќе во првиот состав на Барса е измината работа, нема толку место за секој фантастичен млад играч да игра веднаш во првиот тим на Барселона. Барем кога се зборува за средниот ред. Има голем број на играчи кои досега не добиле шанса поради голема конкуренција. Давид прво треба да се избори со своите врсници Сампер, Калвет, после со Рафиња, Серхи Роберто, па тек после да стаса да му конкурира на Чави, Иниеста, Цеск, Тиаго. Да не забегувам од темата, фантастичен играч имаме во Давид, тоа што можеби нема да стаса да игра за Барселона во првите 11 не значи дека ќе нема успешна кариера некаде на друго место. Во него можеме да го гледаме идниот предводник на нашата репрезентација.
 
736703_586458148054364_733175161_o.jpg
 
Од тимов одма ми се одмили да ги гледам..
 
Not sure if Barcelona or Macedonia....

Одбранава ни е камен на камено камен,до него друг камен.

А ја па уште ја имам 0до2.... :tapp:
 
хаха каква игра на оваа Норвешка да не и дадеш гол или па бод најмалце да и извлечеш е беда..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom