Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто пренос, ова она... или па livestream :)
 
Како прво, неможеш да споредуваш играч што игра лев бек, со напаѓач ;)
Како второ, не кажав дека Глишиќ е лош играч, како би можел да биде лош играч кога ја има пројдено школата на Вардар :icon_lol:
Јас конкретно зборев за лигата, за тимот, не ме јеби, која лига ја имаат Грузијците, слична бедотија се како нас, може имаат пркнато малце во задње време, ама не отскокнуваат од нас. .
И вие претерувате, знам дека нашето првенство е дно, ама па не е само поентата да искочииш надвор, колку да се каже, „еј јас играм у странство“ :)
И целта на нашиве маладичи не смее да им биде Грузија, Пакистан, Србија, и други ниско рангирани првенства.

А ќе забораев да го спомнам и Лазевски, кое фајде што игра во Србија, во Партизан, уствари не игра, си го има тапацирано столчето на клупа, и не му дава прашинка да фати :) Врв кариера му е Партизан, и отсега натаму ќе паѓа надоле. Незнам зашто уште го чуваат србите...
Ти го спомнувам Лазевски, зошто се сеќавам дека со тебе дискутирав за неговите квалитети т.е. ти ме убедуваше дека има квалитети :)
--- надополнето: 30 мај 2013 во 02:41 ---

Абе и Тетекс претходната сезона ги имаше едни од најубавите дресови во независна Македонија, па играа бараж за опстанок :)

Друже, можда не е појака лигата, ама уложуваат и за 2-3 години гледај кај ке бидат. Мислиш дека Кипар имаа подобра лига од нас пред неколку години, а гледај ги сега АПОЕЛ до кај стигнаа...
Азербејџан, Кипар, Грузија и еден куп други...Црна Гора пред само неколку години се осамостоија, гледај им ја репрезентацијата каде им е, а не е ништо поквалитетна од нашата.
Гледај го Бате Борисов до каде стигна...
Ние додека чекаме ке си викаме така абе овие од Малта Грузија и слични кај можат со нас, ама да ни се паднат у второ, трето коло квалификации да видиш како ке не збришат. :)
 
Уложуваат у една екипа само, исто како што се уложува кај нас во Вардар, во Грузија во Динамо, во Кипар во Апоел :)

Бате Борисов не е вчерашна екипа, и камо среќа да ни се паѓаат тимови од Малта, Грузија итн. Ние Бате малку фалеше да го избациме, а не па некоја екипа таму си од пичке си материне :)
 
Иначе откако откажаа Богатинов, Бабунски и Павловски, сега и Георгиевски откажа поради повреда, а според неофицијални инфорации, за Малме не отпатувале и Грнчаров и Јаховиќ кои Чеде ги оставил да чекаат во Скопје за вториот натпревар... Можни биле неколку изненадувања во нашиот состав (баш ме интересира дали викнал уште некои играчи без да објават тоа во медиумите... Тофилоски на пример отпатувал во Малме а скоро и нигде не објавија дека и него го додале во составот, па можно е освен него да викнал и некој играч за средниот ред каде ни остана само Глигоров за овој натпревар)...
 
Уложуваат у една екипа само, исто како што се уложува кај нас во Вардар, во Грузија во Динамо, во Кипар во Апоел :)

Бате Борисов не е вчерашна екипа, и камо среќа да ни се паѓаат тимови од Малта, Грузија итн. Ние Бате малку фалеше да го избациме, а не па некоја екипа таму си од пичке си материне :)

Да се уложуваше во Вардар сега ке игравме и ние некоја ЛШ или ЛЕ...
Секој што влегол во клубот, гледал да искористи и да украде и ништо повеке.
 
Да се уложуваше во Вардар сега ке игравме и ние некоја ЛШ или ЛЕ...
Секој што влегол во клубот, гледал да искористи и да украде и ништо повеке.

Неможеш да играш у групи во Европа со буџет 1ипол евра. Партизн, Динамо Загреб, од прилика располагаат со по 10 милиона, па ептен некако со среќа се пласират еднаш у 5-6 години во Европа.

А во Вардар се уложува, ама не правилно. Внатрешната структура е многу лоша, што сакаш, кога во клубот работат лица што пред куцале ливчиња во кладилница :)
А што се краде се краде т.е се перат пари...
 
Партизан има 7 милиони евра буџет а Динамо Загреб 20 милиони евра буџет. Партизан и Динамо Загреб имаат играно во лигата на шампионите во последните 10 години а ако не се лажам Партизан двапати играше во Лига на Шампиони последните 10 години. Може Партизан и Динамо Загреб не гледаа европска пролет но за разлика од нас имаа Европска есен. За разлика од нив Вардар само еднаш можеше да види европска есен во овие 10 години уствари 20 години со мечевите со Рома.
 
Абе ке има на МТВ пренос?

Незнам дал си играш мајтап ама ае

понеделник
18.55 (МРТ-1) фудбал, пријателска: ШВЕДСКА-МАКЕДОНИЈА - (ком: Г.СТЕРЈОВ / Г.МИЛКОВСКИ)
 
965502_582809898419189_1408940224_o.jpg
 
Незнам дал си играш мајтап ама ае

понеделник
18.55 (МРТ-1) фудбал, пријателска: ШВЕДСКА-МАКЕДОНИЈА - (ком: Г.СТЕРЈОВ / Г.МИЛКОВСКИ)

ЛОЛ, прашав најнормално, знам дека обично нема преноси од пријателски, поготово кога се во гости, а на страната на МТВ одамна престанав да барам информации.
Фала, во секој случај.

Фетаи ДМ? o_O Нели е напагач овој бе :pos:
 
На страната нивна нема, ама мислење погоре од твоето има инфо дека ќе оди директен пренос на МРТ:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom