Факт е дека е глупаво таквото скандирање, не е убаво на натпреварите на репрезентацијата да иде тоа. Впрочем, ни иде на штета на самите нас.
Зошто? Затоа што некои ќе се прават бели мечки, и тоа ќе го искористат, како падобранецот вчера што се правеше Калимеро, а и тој толку колнел и пцуел. До душа, тоа е малку, правеле и насилство и поголеми „злодела“.
Значи, ќе се прават невини и угнетени, стандардната слика и нивно алиби минативе години. А знаеме дека се нималку тоа.
Второ, фудбалерите се професионалци, но секако може да има негативни последици од нив. Пандев сереше (да сереше, пошто не беше у право тогаш), кога цел стаднио ги пцуеше и ги исвиркуваше.
Иако сме ептен затуепни во некои погледи, честопати публиката во глобала прави тоа што треба. Тогаш ги свиркаше, вчера му даде аплауз на Ибраими затоа што заслужи.
Но нормално, и тој како и секој, треба да има сериозен пристап кон игрите за репрезентацијата. Затоа ја ќе почекам со негово „величење“. Екстра фудбалер е, но дали „му дошло“ до играње за репрезентација, ќе видам кога ќе направи трансфер во поголем клуб.
Пошто не е прв, имало десетици пред него што репрезентацијата ја користеле за да направат трансфер и после си го ладеле...
Значи немами ние до толку дрва играчи. Да, не се некои со кои би избориле евентуално СП, ама за да не се брукаме океј се. Погрешен е нивниот (никаков) пристап кога се работи за репрезентацијата. Личен интерес и толку.
Избегав од темата, поентата ми е, глупави се скандирањата но не се ништо страшно како што се прави. Но таква ни е државата и менталитетот, па мора све да преувеличувате и едните и другите.