Зашто секогаш исто

Реков да не се вратам разочаран, и нормално се враќам преразочаран и исмрзнат ко курац...
Ако во Загреб заслуживме бод, еве што заслуживме денес:
Ако не се лажам имавме само еден шут кон голот...
Очајно, ама толку ни е квалитетот.
Ова ли е одбрана бе?
Поочајна одбрана не сме имале никогаш.
Овој Ванче Шиков дрво невидено, Новески косеше, ама и тој киксови прави многу, не излага од офсајд замки, ради него Георгиевски неколку пати беше заебан со лоша офсајд стапица.
Си го играа Георгиевски кко сакаат, но не по негова вина, Шиков ниту еднаш не му дојде на помош, го утепаа со дупли пасови.
Попов

Играл во премиер лига

Убедливо најслаб поединец во циклусов досега. А станува збор за играч од кој нешто се очекува...
Одбрана МИЗЕРЕН, иде во напад, цело време оди на страна трча, божем многу е брз, а не сваќа дека два него чекори на страна се покриваат со еден прав чекор на противникот. Ај па бегаше за да нафрли, ама па нафрлувањата му беа уште помизерни од она што го играше во одбрана. Првиот гол по негова вина. Тотално лоша проценка, топката го прерипа, а ги затвори и другите за да неможат да спречат гол.
Богатинов сине, што направи

Ова срединава нема потреба ни да ги спомнувам. Не ги видов...
Демири еднаш го видов направи еден пробив и го фаулираа и толку.
Величе... се е кажано...
Ибраими беше солиден денеска. Одлично се загхради за голот, убаво погоди, ама после некако се изгуби... Имаше уште еден пробив, додаде позади, ама овие ја усраа, мислам Демири беше или Глигоров место да шутне ја посра.
Пандев изигра истотака солидно. Одлично ги дриблаше, ама џабе кога нема на кој да даде топка. Одиме во контра овој Ристиќ како пичка бега само за да не прими топка...
Тричко

Ако прошли циклус го изнафаливме, ако лани играше маестрално годинава е за 360 степени различен. Незнам што го затупе толку Чеде со него. Гледа не му иде на крило, па стави го напад и онака е подобар од невидливиот двоец напаѓачи Стевица-Мирко, а на крило пробај го Георгиев ебаму мајката...
Ристиќ НУЛА. НИТУ ЕДЕН ВОЗДУШЕН ДУЕЛ НЕ ДОБИ.
Па тој стартот бесмислен што го направи цццц
Три гола примаме од Хрвативе што не смее ни третолигашка екипа да си ги дозволи. Резили...
Никаква креативност немаме, Пандев има техника, ама нема со кој да изигра. Една убава акција изигравме, и баш тогаш Тричко се сопна од топката

Значи а примиме гол некој пацески и нема враќање. Им паѓа морал и сигурно губиме. А после противничко водство јас не се сеќавам кога псоледен пат сме стигнале бар до бод, за три да не правиме муабет веројатно никогаш.
И овој Јаневски е голубар. Гледа не ни оди, тој не мења тактика. Величе дома нека си го носат ебате селекторите...
Тотален промашај им е изборот во првата 11-ка, а и од тоа што е земено на клупа...
Губиме 1-2, он ми прави замена на централни бекови

Ќе си каснам од јајцава што купив карти за со Србија

Чиста среќа што немаше за југ или север иначе бев потготвен и за таму да купам
Денес навивање НЕМАШЕ. Целосен промашај беше делењето на карти.
Биле доделени карти на повеќе групи а сите групи седат раштркано на трибини. Така не се навива, секоја груопа своја песна си почнува.
Уствари не секоја група, туку секој ебан тип што после 190 години дошол на стадион, се цепа и си почнува песна заедно со другарите.
Се пее песна, остатоков свиркаат на противничкиот напад.
Ало не е ова ракомет или баскет.
Лесно е да се навива таму, динамична игра, свири на нападот на противникот, па паѓаат голови и кошеви ќе испееш некоја песна при твои напади, ама фгудбалот не е таков спорт.
Или ќе ги следиш тие што навиват и ќе пееш исто или подобро ќути си.
Ама не во државава има толку неизживеана раја, што ми иде да се разнесам со бомба сред стадион.
Крембили по 30-40 години, ги гледам како јас што се палев кога ќе ме однесеа еднаш во година на стадион и тоа нормално кога игра репрезентација и имав 10 години. Таков доживљај имав што ќе го видам стадионот, и крекав цело време, е така овие се однесуваат на 30 години цццц
Тоа е кога никој не оди на домашно првенство и во живо се гледа еден меч во годината. Манири на однесување нула

Сите доаѓаат на стадион во 5 до 8

Затоа и беа толкави гужвите. Мислам видовте од самите слики.
Ние како навивачи, со навивачки карти нормално е да дојдеме последни (иако бевме на фонтана од 6 саат) за да не се прави дополнителна гужва, и што да видиме. Од 7 и 30 чекав а влегов точно во 20 и 30.
Четири влеза за 36 000

Кој идиот го правел планот за влезовите

Влагам и нормлно во гужвите се испогубивме. Гледам никаде нема навивачи на западна. Му викам на тој редарот кај е местото за Комити, он ми вика дечко сите се навивачи овде, сите се Комити. Друже му викам нема ниеден Комита овде, оди ми вика кај што ти е картата.
Имав карта за најгоре скоро до север. Доаѓам таму и гледам дека околу 100-тина членови на Комити се групирале доле. Пази ни беа поделени карти КОИ НЕ БЕА ЗА ИСТО МЕСТО

Организаторот не ставил доле до патеката, ама заборавил дека за тие места шитнале карти, а местата од картите кои незнам како ги одбриале за нас си останаа празни (три карти од еден ред, три од друг, тотално безвезе одбрани). И така измешани со обична публика нема никакви услови за навивање.
Кај отидоа 350 карти за Комити незнам, кога одвај 100-тина членови имаше...
Доле на јужна седат Стара Гарда, горе Гемиџии кои добиле исто карти колку нас, што мислам дека ќе се согласите е нонсенс, и барем картите им беа за исто место на кое не седеа меѓу други луѓе. Војводи ако не се лажам беа групирани погоре на западна, а некои седеа и со Комити...
Имаше обид за навивање во првиот дел, едни пеат едно, други друго, обична публика научена од ракомет само свири, фондот на песни мал, ама во првото полувреме ко за репрезентација атмосферата беше добра (видовме ни Хрватите не пеаа скоро ништо, а и општо атмосфера на репрезентација е таа, неможе да се спореди со навивања кога игра некој клуб). Второ немаше ништо...
Гемиџии ја пееа ДАЛЕ БОКА од јужна, и толку

Изведбата на химната



Најголем феил вечерва. И тоа што го пееа на полувреме. До кога ќе се изведува во живо химната? Абе мани ми ги ти ебам тоа пеачите, уште па некои таму гракачи ми донеле, опери уште фалеше да запеат на полувреме, уште толку ја дотепаа атмосферата.
За тоа што кењате навивачите пееле Усташки пички:
ниту една навивачка група на трибините не го почна тоа скандирање, туку цело време се интервенираше да не се скандира тоа.
Скандирањето го почнуваа одделни фаци на трибината, дали беа некоиСрби или па некои лиглиња што навиваат за Ѕвезда или Партизан а се Македонци, незнам.
Едино во вториот дел се напали цел стадион и пееа Усташки пички, пошто од исток се слушаше Цигани Цигани што сите мислеа се однесува за нас.
После другар ми ми разјасни пошто беше редар на Исток и многу поубаво можел да ги слушне, уствари Хрватските фанови цело време му скандирале на Самир, му правеле мајмунски звуци и му викале Цигане, и нешто со Мамиќ...
П.с. заборавив, имаше и тепачка на запад на крајот. Еден тип околу 25 години, прерипа едно 3 реда и му доскокна на еден 50 годишен со кого имаше вербална расправија. Почна да мава со боксови, со клоци, се исшутира што беше во радиус од 5 метра, а воглавно беа луѓе кои делеа. Улета само еден џандар, подели еден куп удари со пендрек, а актерите во случајот беа уапсени. Незнам зошто се степаа, ама овој помладиов викаше ТИ ЛИ ЌЕ МИ ПЦУЕШ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, изгледа се увреди дека постариов ги пцуел играчите
