Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Стивен Џерард-англискиот Величе Шумуликовски
Уште да имаше брзина, такви додавања, такви дијагонали, такви проигрувања, да се враќаше во одбрана, со лизгачки старт да одземаше топка без проблем, да ја умртвуваше играта на противникот в средина, да имаше разорен удар топовски прецизен, и да постигнувше погодоци би бил ист Џерард :)
 
ако сакаш ке се кладеме...ја викам ке дае гол ти викаш нема...на шо сакаш....:) шуми ке биде човек на одлука

Ај да се кладиме дека Шуми нема да го помириса теренот, а не па да игра ? :D
 
Уште да имаше брзина, такви додавања, такви дијагонали, такви проигрувања, да се враќаше во одбрана, со лизгачки старт да одземаше топка без проблем, да ја умртвуваше играта на противникот в средина, да имаше разорен удар топовски прецизен, и да постигнувше погодоци би бил ист Величе :)
Е па сега можда Стиви Џ го нема тоа ниво на Величе али блиску е. Не за џабе Стивен Џерард го викаат англискиот Величе
 
Ама не беше таков кога започна, може да се види на слики, мал, слаб. :) Тоа корпулентност само ако некој го спремаат за во Премиер Лига. Во шпанската репрезентација еве пример сите се слаби, ситни, мислиш од затвор преку решетки ќе избегаат, поготово Чави, Иниеста, Силва, Алба...

За кондицијата ако станува збор тоа е друго ама и нашиве од А припаѓаат во кома од замор последни 10 минути.
Абе океј тоа,знам дека бил ситно дете,уште е таков.:)
Друг е стилот на тренирање во Англија,затоа Сколс треска од земја се живо и диво.

Не е ни кондициски работата со Давид,тренинзи има праено со прв тим на Барселона,сигурно дека е спремен кондиционо.

Во дуели е слаб,не е зајакнат уште како што треба за да игра со играчи од 20 години па натаму,тоа ми е муабетот цело време.
 
а како би ја оценале играта на Глигоров со Хрватска?
 
Хрватите не чекаат, и затоа ќе вадат од 5 до 7 нови играчи од секоја генерација.

  • Štimac 18-godišnjem Radoševiću poklanja debi protiv Crvenih Vragova!
http://www.index.hr/sport/clanak/sv...lanja-debi-protiv-crvenih-vragova/636337.aspx

Кој и да се пензионира таму кај нив секогаш доаѓаат нови генерации кои ги менуваат. Си отидоа шукер, бокшич, јарни и др. ама дојдоа замени и повторно се во врвто затоа што вадат повеќе играчи одколку ние кои вадиме по еден или двајца на една нова генерација.
 
Да не очекуваме премногу како па тоа да не испадне како "Гром од ведро небо".
Навикнат сум да губат, немавме соодветен тренер,лош избор на играчи и не играа од срце. После минатата утакмица имам верба дека колку-толку ќе се оправи ситуацијата.Секогаш сум за селектор на репрезентација треба да се стави од домашното првенството што значи дека сега направија добар потег.
Хрватска не е за потценување се држевме рамо до рамо со нив којшто имаат играно на светски првенства и европски,а ние не памтам да имаме играно впрочем тоа и би било успех за нас да влеземе на некои квалификации. :)
Влегуваме како аутсајдери како минатиот пат, Шкотска не е за потценување имаат добри играчи што значи коментарите од типот уплашени ова она,да не ве(ги)опушта оти и оној Штимац велеше: Нема што да бара Македонија со Хрватска итн.... па ете одвај победија.
Што значи сакам да кажам да не се улетуваме ко "Точаци на удолница". ;)
 
Кај летате толку дека ќе тепаме бе :D

Ако убаво ме држи сеќавањево НИКОГАШ ВО КВАЛИФИКАЦИИ НЕ СМЕ ПОБЕДИЛЕ НА ГОСТИ со репрезентација која била во повисок барбабан од нас при ждребката.
Всушност само три пати досега сме победиле репрезентација која била во повисок барабан од нас, Ирска (3-2), Хрватска (2-0) и Шкотска (1-0).
Тука мислам дека може да се занемари првиот квалификациски циклус за ЕП 96-та кога веројатно како понова членка сме влегле од последниот барабан.
 
Кај летате толку дека ќе тепаме бе :D

Ако убаво ме држи сеќавањево НИКОГАШ ВО КВАЛИФИКАЦИИ НЕ СМЕ ПОБЕДИЛЕ НА ГОСТИ со репрезентација која била во повисок барбабан од нас при ждребката.
Всушност само три пати досега сме победиле репрезентација која била во повисок барабан од нас, Ирска (3-2), Хрватска (2-0) и Шкотска (1-0).
Тука мислам дека може да се занемари првиот квалификациски циклус за ЕП 96-та кога веројатно како понова членка сме влегле од последниот барабан.
Ако не игра Шумуликовски сеа ќе направиме сефте:)
 
Јас Спировски и Бабунски одма во прв тим би ги ставил,сигурно полоши од величе и демири нема да бидат. Така се прават играчи,Хрватска е класичен пример,модрич и крањчар не се од вчера никнати.

Инаку за вечер не очекувам ништо посебно,може и полошо да изиграме од против хрв. таков ни е менталитетот,брзо запаѓаме во деприџ.
Иако дај боже да грешам,па на "планираните" 2 бода од овие гостувања,да се вратат дома со уште еден плус. :)
 
Инаку според екипа.мк Јаневски вечер немало да стартува со Ристуќ. Незнам од кај им се вестите али според нив ќе играме во овој состав:
Sostav%20za%20Skotska.jpg


А втората варијанта би била:
Sostav%20za%20Skotska%203.jpg


Вторава варијанта е тоа што го посакувам јас :D Со Георгиев на крило, со Тричко во нападот и Пандев позади него.
 
Шумуликоски :tapp:

За мене Глигоров изигра супер со Хрватска незнам зашто менува со ова дрвово :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom