Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ти стварно мислиш дека Тошак имаше стратегија и ги познаваше играчите. Многу тука пишат дека сме изиграле слабо, па овој меч ни беше најдобар во последнава година, т.е. откако дојде Тошак на кормилото на репрезентацијата.

Од каде па ти знаеш? Или од каде да знам јас? Човечки е да веруваш дека имаме тренер а не марионета. А едино ќе се види на вистински утакмици од групата, за еден месец ќе дознаеме, ако има позитивен резултат на првите 4 утакмици септ. и окт. тогаш за прв пат нема пред време да ги завршиме квалификациите.
 
А Тричковски?

Го заборавив него има доста комбинации али треба Хасани и Ибраими да играат во исто време и Шумуликовски да не игра.

Подобро да идеме на брзина со Ибраими,Хасани и Тричковски а Пандев да пушта пасови.
 
Ибраими и Хасани треба да играат во исто време добиваме така многу на брзина плус и со нив двајцата може да игра Пандев како шпиц и да чека набацување.

Да ама само последните 15 мин. оти кондиционо се 0
 
Од каде па ти знаеш? Или од каде да знам јас? Човечки е да веруваш дека имаме тренер а не марионета. А едино ќе се види на вистински утакмици од групата, за еден месец ќе дознаеме, ако има позитивен резултат на првите 4 утакмици септ. и окт. тогаш за прв пат нема пред време да ги завршиме квалификациите.
Па резултатите и играта покажуваа... само една победа, мислам дека беше против Азербејџан, пораз од Луксембург, дебакл од Ерменија... секој втор збор му беше no comment
 
Да сумирам. Одбраната солидна беше, Урдинов имаше по некој пробив, ама малце глуп е. Така да Попов и Лазевски се далеку поквалитетни од него. Во Ристовски и Георгиевски имаме добри, надежни бекови. Мислам дека добро сме покриени тука. Е сеа средината, Спировски супер се покажа, ма да мислам дека тука во моментов Тасевски и Ѓуровски можат многу повеќе да дадат од негп. За Величе што да кажам, ДРВО !! Ги испокрши Литванците со глупи фаули, една топка не пресече или одзема како што треба.... ебате деструктивецот.
Тричковски имаше слабо полувреме, не е уште во ритам. Ибраими воопшто не ме имресионираше, речиси ништо не изигра. Пандев беше и повеќе од солиден, Хасани исто од кога влезе, ма да многу влегува у Кристијано Роналдо филм типот. Мисли дека грее клупа у Волфсбург и го фатил господ за јајца.... Ама ќе го биде, ја би го играл пред Ибраими. Мирко уште еднаш покажа дека е тежок фејл....
Не беше којзнае што, ама битно победивме некако. Добро е што ја погоди таа Пандев, обично промашуваше такви ситуации....
Малце застарена формација и тактика имаме, ама тоа е. Таа ни даде највеќе резултат во минатото, зошто да не пробаме пак со таа тактика.
 
Утакмица не ја гледав,ама видов дека пандев дал гол,мада он само на пријателски дава,само да не се расипе времето утре:D.
 
Македонија не ја гледав, но имав можност да гледам скратена снимка од дуелот помеѓу Белгија и Холандија. Можам само да кажам дека никогаш не сме имале потешка група во квалификациите а Белгија е еден од фаворитите во нашата група, млади фудбалери и многу динамичен фудбал.
 
Сите сеа се филмате дека можиме во квалификацииве до изненадување и на крајот пак старата песна ќе биди .... тоа е тоа нон стоп си местат нашиве дали хари ќе бил или некој друг исто е
 
Стивен Спировски?
Кој е тој?
Абе... сме тепале?
Стефан Спировски. Битолчанец, 1990та роден. Моментално игра за Борац од Чачак, а почна во Пелистер.
 
Најкриво од све ми е што слушнав дека трансферот на Попов пропаднал, штета...
 
На ниеден англиски сајт не пишува такво нешто за работната дозвола на Попов, ниту на сајтот на Стоук има некој апдејт, обично први дознаваат ББЦ/ССН

И да, денес формалност е добивање на работна дозвола ако си спортист, ако Стоук го сакаат Попов, ќе му извадат работна дозвола.
 
Можно е во првиот обид да не успеале ама една препорака од селекторот (Седло) се би средила, затоа велам најмал проблем дозволата :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom