Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен е јака логикава на навивачиве.
Нашиве играат тапа.За да им вратиме 30.000 луѓе ќе потрошат 200 денари кои што ќе одат во ФФМ.И тука доаѓа финтата.Овие од ФФМ ќе си мислат дека ние сме платиле за да ги гледаме ама ние ќе ги заебеме.Наместо да ги дадеме тие 200 ден. за да гледаме ќе ставиме превез и нема да видиме ни минута од мечот.Можам да им ја замислам фацата на овие од ФФМ. Како само ќе ги заебеме нема да знаат главата кај им е.
 
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ГОЛМАН ТОМЕ ПАЧОВСКИ ПО ПОРАЗОТ ОД ЛУКСЕМБУРГ:
Ме зафркаваа дека сме изгубиле од европскиот Бразил
:pos:
 
Наместо со превез на очите, не е пологично целосно да се бојкотира репрезентацијата? Ги заболе нив за превезот или маските кои ќе се носат кога и онака со вашето присуство ќе им донесете профит, а они само за тоа се заинтересирани.
па до сеа се бојкотираше така,нормални луѓе не идеа па видовме до кај стигнавме.Верувај не праат пари од билети они,најмал проблем е тоа..Секогаш ке се најдат 5000 луѓе што ке дојдат,потрчковци и роднини.Се знае како се прави протест против нешто,незнам од кај ви е идеатa дека со ќутење дур не ебат ке се смени нешто.
 
Наместо со превез на очите, не е пологично целосно да се бојкотира репрезентацијата? Ги заболе нив за превезот или маските кои ќе се носат кога и онака со вашето присуство ќе им донесете профит, а они само за тоа се заинтересирани.
Како што кажа дечково погоре, еве више колку години тие на кои стварно им е преку глава не ида на стадион. И што се смени?? Ќе речев ништо, ама не е баш ништо. Се сменија многу работи, ама за жал на уште полошо. Друго е кога има 5.000 на стадион и сите други мислат дека Македонците не се заинтересирани за фудбал па затоа не ида, а друго е кога цел свет ќе види полн стадион кој протестира против ФФМ. Доста беше со ќутење, зошто ако продужимо како до сега ќе видимо дека може и уште полошо од ова да не снајде.
 
Абе треба да влезиме сите на терен, па напрајме зулуми,инциденти па да не банираат 5-6 години од сите меѓународни натпреварување. И тогаш после 5 години да почниме се на ново, со нови луѓе желни за успеси.
 
Автоматски и ти ќе се банираш едно 2-3 године, таман ќе излезеш од затвор ка ќе ни пројде и забраната за фудбал :D
 
Автоматски и ти ќе се банираш едно 2-3 године, таман ќе излезеш од затвор ка ќе ни пројде и забраната за фудбал :D

5000 души ако решат да влезат кој ќе ги казни 2-3 години затвор ? ете немора 5000 нека бидат и 400-500 колку да се прекине утакмицата и да се дигне глас во медиумите, исто така цел натпревар да се скандира против Хари и останатите лопови од ФФМ :D
 
Абе све тоа ок. Ама да не се лажемо, свите знаемо каков народ смо. Некој ќе се жртвуел за фудбалска репрезентција, кога ќе го видим тилов :)
 
Абе све тоа ок. Ама да не се лажемо, свите знаемо каков народ смо. Некој ќе се жртвуел за фудбалска репрезентција, кога ќе го видим тилов :)

Абе не реков јас сам да влезеам, еден или 5 души не можат ништо да направат, треба народот да се обедини ако сакаме нешто да бидне.
 
Абе све тоа ок. Ама да не се лажемо, свите знаемо каков народ смо. Некој ќе се жртвуел за фудбалска репрезентција, кога ќе го видим тилов :)

а зошто некој да се жртвува кога после ќе дојди некој нов кој пак исто ќе лапа пари и ќе си мести?
 
“Мистеријата“ е во друго: Како е можно еден претседател (на ФФМ) во секој мандат да е се полош и полош, но сепак пак да биде избиран? Не ми е јасно, можно ли е никој да не го интересира ова од оние што можат да реагираат? На крај можеби единствено решение е она со здивување на навивачите и правење хаос на стадион при натпревар, нешто како Босна.
 
gambia%20golema.jpg

Министерот за спорт на Гамбија ја распушти федерацијата: „Немаше никаков напредок“
Екипа л
03.03.2012 20:21

Министерот за спорт на Гамбија, Алиу К. Јамех, одлучи да ја распушти Фудбалската федерација на оваа земја затоа што луѓето што ја раководеле не донеле никаков напредок. Два дена откако Гамбија под водство на новиот селектор Петер Бон Јонсон, на свој терен загуби од Алжир со 1-2, министерот го смени претседателот на федерацијата, Сиди МБ Кинтех и комплетниот извршен одбор.

„Федерацијата е распуштена затоа што Гамбија не направи никаков напредок на континентално и глобално поле, а до изборот на ново раководство, фудбалот во државата ќе го води привремено тело“, изјави министерот за спорт на Гамбија.

Ако во Гамбија ги менуваат раководните луѓе во фудбалот поради тоа што нема напредок, прашањето е дали Македонија треба да остане нема на се ова што се случува во македонскиот фудбал. Репрезентацијата почна да губи и од Луксембург и веќе почна да ја срами државата во меѓународни рамки.

ФИФА и УЕФА не сакаат мешање на политиката во фудбалот, но прашање е дали некогаш интересите на државата и пред се реномето на нацијата не се едноставно поважни од барањата на Светската и на Европската фудбалска федерација. На многу примери досега е докажано дека и во УЕФА и во ФИФА цветаат митото и корупцијата.
 
пред малце на вести слушам изјава на лоповот..он не осеќал одговорност за дебаклот на репрезентацијата со Луксембург :eek:
 
Телевизијата Канал 5 го начека Харалампие Хаџи - Ристески, претседателот на ФФМ, по денешната прес конференција за промоција на Спортската академија, а тој во свој стил, запрашан околу својата одговорност за очајните резултати на репрезентацијата, изјави: „Не е точно, не може да им се погоди во целост на јавноста, на фудбалските работници, на медиумите. Ако селекторот не земе фудбалери кои се предлог на новинарите, тогаш селекторот не ја работи својата работа како што треба, такви обвинувања редовно ќе постојат.“

Хаџи-Ристески беше запрашан и околу изборот на репрезентативците од страна на селекторот и стручниот штаб. Се шпекулира дека во игра се менаџерски подметнувања.

„Ние се договоривме во период на подготовки, да му дозволиме на селекторот Тошак одреден период во кој што самиот треба да направи избор, а тој ги прифати тие подметнувања“, изјави за Канал 5, Харалампие Хаџи - Ристески.

Пред два - три дена, на седницата на ОУ на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески изјави дека виновни се фудбалерите и селекторите. Сега дополни дека виновни се јавноста, фудбалските работници и новинарите кои што предлагаат свои фудбалери, а потоа тврдат дека селекторот не ја работи својата работа, кога тие предлози нема да ги прифати. Накусо, сите се виновни, само Хари и ФФМ - не!!! :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom