Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување

Талент од Австралија гори од желба за дресот на Македонија



Во фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години, селекторот Висар Ганиу и асистентот Тони Наумоски го повикаа Никола Кулески (16) од Маркони, Сиднеј, Австралија

Nikola-Kuleski-so-tatkoto-B.jpg

transparent.gif

Цел месец беше кај роднините во Прилеп, во семејството на татко му Благоја, поранешен фудбалер на Победа. Момчето стрпливо ги чекаше подготовките, одложени поради студот.

- Тренирам од пет-шест години, играм во средниот ред. Тргнав по стапките на татко ми, чии натпревари ги гледам на ЦД. Ме интересира овдешниот фудбал, со внимание ги следам и интернационалците. Идол ми е Пандев. Без оглед дали некогаш Австралија ќе ме повика, сакам да играм само за Македонија - вели Кулески.

Велат крушата под круша паѓа. Таткото Благоја се покажа во Победа, Пелистер, Вардар, Раднички Ниш и во Маркони. Го поддржа синот, за кого експертите велат дека е суперталент, под итно да дојде во татковината. Толку километри да се прелетаат значи дека е огромна љубовта кон фудбалот и кон државата, како и вербата во талентот што го има малиот Никола.

- Таму со тимот имаше добри резултати, играа финале. Но Австралија не е фудбалска земја. Перспективата ја гледаме тука. Планот е по завршување на средното училиште сосема да се префрли и да го направи пресудниот исчекор во Европа - истакнува Благоја.

Кулески и репрезентацијата до 17 години најсериозниот предизвик ќе го имаат наесен во квалификациите за Европското првенство, против Шведска, Република Ирска и Романија.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=321210583&id=19&prilog=0&setIzdanie=22520

Браво за детево, ама овие лапачиве наши ке го уништат
 
На таа велесила Тричко и Пандев не им дадоа голои, против таа велесила немаше ни еден играч на Тетекс, и ти најде да се праеш паметен со глупиов обид за сарказам !!

Да се разберемо и ја навијам за тетекс но тоа не значи ако Буба играл у Шкендија дека не треба да го подржуемо и да не се радувамо на негови погодоци у репрезентација !!

џст сеин, користи го сарказмот кај што му е местото !
Кажав и претходно, ама ај и тебе ќе ти кажем. И Пандев ка требаше да се продаде, им даваше голоој на Шпанија и слични. Буба сака да се докаже, па му текна и на него да игра. Кј беше истиот Буба на претходните утакмице и што напрае??
А Тричковски не ми го спомињај молимте, он ако не игра за репрезентација незнам кој игра.
И мојот сарказам не беше реплика на твој пост, таке да нема потреба да се замараш дал ја сум бил саркастичен или не ;)
 
овој се убил најверојатно пошто не го играле во местенките..нашиов сам си ги мести нема шо да се убива...да се најде човек шо ќе го лежи ја ќе го отепам нашиов..нејќам да одговарам и да лежам како за човек,нашиов е говедо!
 
Не само ФФМ, туку и играчите си ги заслужуваат сите критики на нивна адреса. Абе, тука од Кајгана да се соберат 11 души, поубаво ќе изиграат.
И второ, ако грешката и кривицата е најмногу(или единствено) во ФФМ и Хари, па зарем немаат уста фудбалерите еднаш засекогаш да прозборат(баш онака како Ќумбев на фб(y), дури и уште пожестоко). Па Пандев, како капитен на оваа напатена 'репрезентација' редно е да прозбори, јавно, без страв, да каже како стојат работите. Сигурно никој нема да му замери, цела држава ќе го подржи. Ама изгледа толку и играчите се замараат. Како што вели Ќумбев, половина од нив не знаат ни македонски, а не па химната да ја знаат. :tapp: Доаѓаат 5-6 пати годишно, си земаат убава паричка за повик во репрезентација, ќе ја обрукаат државата и после, секој ќе си замине во својот клуб. :rolleyes:
 
Кога сме веќе кај дрвата :icon_lol:

Новиот состав на Македонија:
Голман – даб,
Oдбрана – бука, бор, врба, габер,
Среден ред – јасика, топола, елка, багрем,
Напад – бреза и чемпрес.

Резерви – смрека, зеленика, јасен, боболка.

Напред ! :pos:
 
Decki na forum ako ima nekoj komputergii so se razbiraat od hakirajne web strani.
Vo protest na posledniot rezultat treba da se hakira stranata na FFM i da se bara nivna Ostavka a isto site navivacki grupi da gi zdruzat silite bez razlika na nacinalost da iskazat revolt i da pobaraat ostavka od site celnici vo ffm.Mora nekoj da pocni kampanja ovaa e stramota sto se desava so nasiot Makedonski fudbal.
 
Дај бе избриши го постот додека не ти пишале од МВР.
 

Ама не, стварно, читаат форуми од МВР а типов повикува масовно хакнување. Замисли ако стварно некој хакне кого ќе го гонат прв?
 
Отставка за Харалампие!!!

Оставка за ХАРАЛАМПИЕ!!! Македонскиот фудбал треба да оди нагоре, а не надоле!!! Доста беше од неговиот криминал и перење пари!!!
https://www.facebook.com/pages/Харалампие-убиец-на-македонскиот-фудбал/152162281474299#!/pages/Харалампие-убиец-на-македонскиот-фудбал/152162281474299

На следниот меч на репрезентацијата, навивачите со превез на очите

02.03reprez1.jpg

Револтирани и разочарани од последниот дебакл што ни го приредија нашите фудбалски репрезентативци, македонските фудбалски вљубеници се самоорганизираат и на оригинален начин ќе го искажат својот револт.

На следниот натпревар на македонската фудбалска селекција, македонските навивачи ќе стават превез на очите, симболизирајќи го срамот да ја гледаат својата репрезентација како игра.

Навивачите имаат креирано своја група на Фејсбук преку која ги повикуваат сите навивачки групи да им се придружат и што погласно да го искажат незадоволството од моменталната состојба.

http://www.taratur.com/node/31123
--- надополнето: Mar 3, 2012 3:23 AM ---
Малиот Трпе во школо го прашуваат што работи татко ти? Трпе одговара:
Татко ми е машка стриптизета во клуб за хомосексуалци, игра гол пред
мажите а понекогаш кога ќе му платат добро, одат во соба во евтин мотел и
спијат заедно. Учителката во шок го вади од училница и го прашува: Трпе дали ова е вистина? Трпе одговара: Не татко ми игра фудбал за репрезентација на Македонија ама ми беше срам да признаам пред сите деца.
 
Наместо со превез на очите, не е пологично целосно да се бојкотира репрезентацијата? Ги заболе нив за превезот или маските кои ќе се носат кога и онака со вашето присуство ќе им донесете профит, а они само за тоа се заинтересирани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom