--- надополнето: Oct 12, 2011 12:28 PM ---
Па затоа Мазнов игра во Наполи и има освоено Лига на Шампиони со Интер,бидејки е подобар... Абе не се глупирајте Горан Пандев е моментално најпознатиот фудбалер од Македонија, Доволно е неговото присуство на теренот. Тој секогаш отвара можност за останатите бидејки е чуван од два три играчи секој натпревар. Но не е тој крив што останатите незнаат да го искористат тоа со исклучок на Тричковски. Не викам дека Мазнов не е добар, тој секако би дошол добро во овој напад каде немаме кој да постигне гол, но Пандев пред се е асистент, а потоа стрелец. Не џабе природната позиција, позицијата која најмногу му одговара е полушпиц, а не класичен шпиц што игра во моментов во Наполи и во Репрезентацијата. Споредете ги само неговите игри кога играше во Лацио зад Роки и Зарате, во Интер каде играше крило и Наполи каде игра шпиц па ке видите за што ви зборувам.